Број 3377  вторник, 07 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Македонија ја стави на тест Унгарија

Пораз од 7:4 на ЕП во ватерполо, но до последната четвртина беше нерешено, денеска со Турција

Роберт Димитриевски

Очекуван пораз на најдобрите македонски ватерполисти од 7:4 против Унгарија во последното коло од групата Б на 29. Европско првенство во Загреб, но избраниците на селекторот Стеван Нонковиќ немаат причини за разочарување по првиот меѓусебен дуел воопшто. Напротив, можат да бидат горди што три четвртини беа рамноправни со актуелниот олимписки шампион и најуспешна нација со 58 титули на големите натпреварувања, од кои 12 на еврошампионатите.

Но, силните бројки во прилог на Унгарците не беа видливи во базенот „Младост“ се' до последниот период од осум минути, во кој се влезе со резултат 4:4, откако големиот фаворит ја доби првата четвртина со 2:0, Македонија втората со 4:2, а во третата немаше голови.

Радоста на Иштван Сивош, кој на почетокот од финалната делница повторно ја доведе Унгарија во водство по пост од цели десет минути, најдобро зборува за маката што ја видоа неговите соиграчи. Дека нема да биде како на тренинг против Македонија навести Димитар Димовски со својот прв гол на ЕП, со кој намали на 1:2 по 1,21 минути од втората четвртина. До полувремето патот до унгарската мрежа два пати го најде Иван Вуксановиќ и еднаш Владимир Кречковиќ.

Во другите четвртини македонскиот напад остана тивок, завршувајќи го мечот со само 16-процентна реализација (4/25), но тоа го искомпензира цврстата игра во одбрана, која ги сведе Унгарците на мизерни за нив 19 отсто (7/36). Огромна заслуга за тоа има најдобриот играч на средбата, голманот Далибор Перчиниќ, кој скроти 18 противнички удари, вклучувајќи и еден петерец, наспроти седумте одбрани на колегата од спротивната страна Ласло Наѓ.

И покрај поразот, Македонија заврши претпоследна во групата благодарејќи на победата на стартот над Русија, која исто така освои три бода со изненадувачката победа од 7:6 против Грција во последното коло. Следна пречка на македонските ватерполисти денеска од 15 ч. ќе им биде Турција, која има убедливо најлош ефект по прелиминарната фаза од пет порази и гол-разлика 21:71. Победникот в четврток од 14 ч. ќе и' излезе на мегдан на Романија во разигрувањето за пласман од 7 до 10 место, а поразениот истиот ден од 10 ч. ќе игра за избегнување на фенерот со послабиот во пресметката меѓу Шпанија и Русија.

Унгарија - Македонија 7:4



По четвртини: 2:0, 2:4, 0:0, 3:0. Базен: СРЦ „Младост“ во Загреб. Гледачи: 500. Судии: Марио Бргуљан од Црна Гора и Јирген Хауше од Германија. Петерци: Унгарија 0/1, Македонија /. Играч повеќе: Унгарија 3/5, Македонија 1/3.

Унгарија: Сечи, Наѓ (7), Торок, Мадараш (0/6), А. Варга 3 (3/7), Бундшух, Хошњански (0/7, 0/1), Вамош (0/1), Сивош 1 (1/2), Д. Варга 2 (2/5), Бирош (0/3), Киш (0/3), Хараи 1 (1/1). Селектор: Ласло Кемени.

Македонија: Перчиниќ (17+1), Јаневски, Рачуница (0/4), Вуксановиќ 2 (2/2), Делаш (0/2), Босанчиќ (0/5), Кречковиќ 1 (1/3), Димовски 1 (1/1), Латковиќ (0/3), Петровиќ (0/3), Бениќ (0/2). Селектор: Стеван Нонковиќ.

ПЕТРОВИЌ: МОРАА ДА ЗАПНАТ



Стеван Нонковиќ: „Имав само десет играчи на располагање, бидејќи двајца се повредени. Унгарската репрезентација е супериорна во однос на нашата, па нејзината победа е сосема логична. Нашиот тим имаше добри резултати во оваа прелиминарна фаза“.

Ненад Петровиќ: „Игравме без притисок, а сметам и дека Унгарците си мислеа оти ќе победат лесно. Тоа не беше случај, бидејќи го одржавме натпреварот израмнет три четвртини. Тие мораа да запнат и да го зголемат притисокот врз нас за да го добијат мечот“.

Ласло Кемени: „Многу сум среќен што завршивме први во нашата група. Сега можеме малку да се олабавиме и да се подготвиме за полуфиналето в четврток“.

Денеш Варга: „Натпреварот беше израмнет до последната четвртина. Во неа се браневме добро и на крајот ние победивме“.



РОМАНИЈА ЈА ЗАПРЕ ЦРНА ГОРА



Група А, последно коло: Турција - Шпанија 6:12, Романија - Црна Гора 9:9 и Италија - Хрватска 5:8. Конечна табела: Хрватска 12, Италија 12, Црна Гора 10, Романија 7, Шпанија 3 и Турција 0.

Група Б, последно коло: Србија - Германија 17:3, Русија - Грција 7:6 и Унгарија - Македонија 7:4. Конечна табела: Унгарија 13, Србија 12, Германија 9, Грција 4, Македонија 3 и Русија 3.



ДЕНЕСКА НА ЕП ВО ЗАГРЕБ



За пласман (7-12 место): Шпанија - Русија (13 ч.) и Турција - Македонија (15 ч.).

Четврт-финале: Италија - Германија (17,45 ч.) и Црна Гора - Србија (20,40 ч.).


#
Статијата е прочитана 731 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Сакаме брз гол за отворање на Ерменците
Изложба со многу емоции на Петр Стојановски
Станислав Вавринка го шокира Енди Мари
Има 70 милиони Турци, ама на паркет сме пет на пет
Шок по загинувањето на Томизава
Ќе го игра ли Капело неверниот Руни?
Лазаров со шпанскиот Суперкуп
Двојки за денешните мечеви во квалификациите за ЕП 2012