Ќе го игра ли Капело неверниот Руни?
Вејн Руни е во центарот на новиот скандал што го тресе англискиот фудбал, а таблоидите немилосрдно копаат по неговото минато во врска со проститутката Џени Томпсон.
„Сан“ објави дека во Манчестер јунајтед сите знаат за аферата на најдобриот играч, кој се надеваше дека нема да излезе во јавноста. „Неговиот однос со таа же��а и не беше баш тајна во клубот. Вејн мислеше дека нема да се разбере“, изјави извор близок до тимот.
Додека медиумите шпекулираат дали неговата сопруга Колин ќе побара развод (би добила 10 милиони фунти), селекторот на Англија Фабио Капело размислува дали да го стави во првиот состав на денешниот квалификациски меч во Базел против Швајцарија.
Дон Фабио и Руни веќе разговарале во четири очи, а ѕвездата на Манчестер Ј. го убедувала дека аферата не влијае на неговата психичка стабилност и дека е максимално подготвен за натпреварот.
Руни одлично го одигра првиот натпревар против Бугарија. Асистираше при три гола од вкупните четири за Англија. |