Брoj 2706  сабота, 07 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Мислења

Походот кон Белата куќа

Филип Петровски

Кампањата во САД е поука за нас - дека изборите се процедура која треба да се заврши на нормален начин, без никакви инциденти

Неделава завршија 18 месеци долгите внатрепартиски избори за претседателски кандидат во САД. Досега пишував неколку пати за овој несекојдневен исцрпувачки и трнлив пат низ кој мораа да поминат некои од кандидатите. Најавив дека овој текст има за цел да ја приближи сликата на тој процес, наедно да не' заинтересира за случувањата во САД, кои се наш деклариран политички и воен партнер. Бидејќи тамошната демократија е позрела и долговечна, сакам да откријам и кои се спецификите кои можеби би можеле да го збогатат македонскиот политички процес, односно да придонесат за негово унапредување и приближување на граѓаните.

Иако процесот на кандидирање е сосема поинаков од оној што го имаме кај нас, секако дека концептуално тој во себе носи квалитет кој е пожелно да го освоиме во иднина, давајќи му поголема улога на гласачот со зголемувањето на изборот, односно инволвирајќи го како активен учесник во процесот при прелиминарниот избор. Со тоа се зголемува интересот за процесот кај обичниот граѓанин и можноста тој со својата активност да се обиде да промени нешто. Најважно од се', со неговата инволвираност, расте кредибилитетот на системот. Практично, легитимноста на целиот процес многу се зголемува токму со тој активизам и една таква процедура би требало да претставува нешто кон што се стреми секоја демократска држава. А на кандидатот му дава доволно простор да се претстави кој е и за што се залага. За многумина пред 17 месеци непознатиот сенатор Обама, денеска е веќе јасно дефиниран политички лик кој предизвикува одушевување. Забележано беше дури и дека овие избори предизвикаа неверојатен интерес во Европа која веќе типува отворено на победата на Обама.



Но, за да дојде до кандидатурата на Демократската партија, Обама мораше добро да се помачи. Против себе ја имаше моќната Хилари Клинтон, поранешната прва дама на Белата куќа. Таа пред една и пол година беше фаворитот. Затоа што е позната како жена на поранешен претседател, потоа сенатор во Конгресот, реизбрана во 2006 со огромна поддршка... Сите сметаа дека тоа е политички и професионален пат кој е внимателно граден, кој не дозволува непредвидени грешки. Се сеќавам дека во Њујорк уште пред шест години се говореше дека по истекот на вториот мандат на Буш таа со сигурност ќе се кандидира. Од тоа може да се забележи дека станува збор за внимателно планиран и антиципиран процес долги години наназад. Сепак, победи Обама, кој успеа со својата харизма и пасионирана активност да ја достигне и надмине Хилари во период од една и пол година.

Долготрајноста и жестокоста на внатрепартиската борба доведоа до сериозно исцрпување на Демократската партија. Иако последните месеци се насетуваше дека ќе победи Обама, Хилари не попушташе. Таа постојано нагласуваше дека борбата ќе трае се' до освојувањето на последниот глас што е потребен за да се добие кандидатурата на националната конвенција на партијата. Иако губеше полека, таа успеваше да добие некои сојузни држави, со што ја одржуваше својата кампања. Детерминираноста последниве месеци изгледаше толку силно што некои аналитичари почнаа да се прашуваат како воопшто ќе заврши овој процес во Демократската партија. Особено затоа што Хилари инсистираше да вклучат, како делегати на конвенцијата, две големи сојузни држави кои претходно беа суспендирани. Имено, поради својата непослушност, а во врска со датумот на кој ги изведоа внатрепартиските избори, две држави од националниот комитет беа казнети со тоа што нема да бидат претставени на националниот избор. Една од нив е државата Флорида, која и пред осум години беше инволвирана во изборна контроверзија... Клинтон инсистираше да се прифатат овие две држави. Така ја доби нивната наклонетост. Затоа на Си-Ен-Ен можевме да проследиме дебата на лидерите на таа партија како да се надмине тој проблем. Интересно беше да се види дека партиските активисти од двата табора беа присутни на тој состанок и вршеа притисок, секако на цивилизиран начин, во интерес на нивните кандидати. Уште поинтересно беше да се види сето тоа во живо на глобалниот телевизиски сервис. Ова покажа дека јавноста има право и можност да го гледа директно донесувањето на одлуките на една од партиите и да оформи став дали се' што се случува треба да биде поддржано или не!

Нејсе, Обама и покрај сите притисоци успеа да си ја обезбеди кандидатурата. Но, како што реков, во меѓувреме партијата се подели на речиси идентични половини. За него претставува сериозен проблем тоа што добар дел од поддржувачите на Хилари, иако демократи, сега се подготвени да го дадат својот глас за кандидатот на Републиканската партија, Мекејн. Истражувањата покажуваат дека во овој момент Обама и Мекејн се изедначени, иако Републиканската партија, поради двата мандата на Буш, е непопуларна. Мекејн успеа да го искористи просторот од неколку месеци, колку што има откако победи во републиканскиот табор, за да се одвои од Буш, како и да ја конципира стратегијата како сериозен и искусен претседателски кандидат. Мојата поента е дека сега, ако сака полесно да ги помине изборите, Обама мора да ја земе за потпретседателски кандидат Хилари Клинтон. Таквата комбинација сите аналитичари, без исклучок, ја сметаат за добитна. Ама, прашање е како да се надмине огромната негативна енергија која само до вчера меѓу нив се насобираше?



Оваа лекција од американскиот систем, која Обама ќе мора да ја научи, е добра и за нас, иако сме од оваа страна на океанот. Мораме да се учиме на толеранција, компромис и соработка со неистомислениците од нашите редови. Обама, секако, ќе мора затоа што американскиот политички систем почива на баланс и контрола. Неговите творци овие компоненти намерно ги вградиле знаејќи дека човекот е склон кон заграбување на целата власт за себе, што всушност би го суспендирало системот. Првата сериозна лекција за Обама, ако сака да стане претседател на САД, е да почне да ја дели својата власт со довчерашната лута противничка Хилари Клинтон. И не само тоа, туку ќе мора самиот да собере сила и да ја покани.

Уште еден момент ми остави голем впечаток деновиве. Иако веќе фронтот за расправа меѓу двата партиски кандидата е отворен и тие обилно се напаѓаат, дојде еден интересен предлог од кандидатот Мекејн. Имено, бидејќи во САД се води голема дебата за штедењето на енергетските ресурси, тој му предложи на Обама да патуваат заедно во текот на кампањата со еден авион. Со тоа би заштедиле доста енергенси и на кампањата би и' дале сосема поинаков, би рекол поцивилизиран и смирен тек. Ако се во состојба кандидатите заеднички да патуваат, секако дека нивото на агресија е симнато на пристојно ниво, што на гласачите им праќа порака дека изборите се една процедура која треба да се заврши на нормален начин, без никакви инциденти. Еве предлог за нашите лидери за во иднина. Нека се обидат дел од овие елементи да вградат во своето дејствување во иднина. Сигурен сум дека потоа нема да имаме мртви на изборите...

(Авторот е магистер по меѓународна политика)

http://filippetrovski.blog.com.mk

 


Статијата е прочитана 1181 пати.

Испрати коментар

Од: Naiven napis
Датум: 07.06.2008 00:19:19
Ponaivno nesto ne sum procital vo moite 53 godini.Kako i sekogas mesa babi i zabi, Makedonija i SAD.Za nego nema sustinski razliki koi treba i mora da se neguvaat.Sto bi bilo ako sme site isti?Cel svet ce vleze vo vojna duri togas.Politickiot, a so toa i izbornniot sistem ima direktni vrski so istorijata, kulturata i istoriskoto nasledstvo na sekoja zemja. Kakva smesna zavrsnica na napisov, dvajcata kandidati da zastedele gorivo ce patuvale so isti avion, povece od smesno Filipe.Zaboravi kolku milioni dolari potrosija za kampanja trojcata kjandidati.Toa e samo za naivnite amerikanci i za tebe, ne za informiranite lugje sirum svetot.
Од: gimnazijalka
Датум: 07.06.2008 01:46:30
Filip mnogu e lesno na tie kako tebe.... vleze vo satorceto dvapati i se sredi za cel zivot. Ne sme te videle poveke po kampanji...pa i um pocna da delis
Од: ucenik od Josip Broz Tito
Датум: 07.06.2008 06:12:20
Filip e samo eden mlad covek koj misli deka e uspesen so toa sto nosi kostum i masna no sepak za da bides dobar politicar ili poznavac na politikata treba da imas i poveke od samo obleka i pari.Tvojava statija e nisko klasificirana na zalost ne mozam da ja ocenam pozitivno a najmalku poradi toa sto ne se odnesuva i nema povrzanost so Makedonija.
Од: mene
Датум: 07.06.2008 07:53:46
Твоите размислувања за практикување на демократијата се позитивни.Македонија треба да се стреми кон нив.Демократизација на партиите е неопходна час поскоро,оти е во интерес на нашите евро-атлански интеграции.Уште на локално ниво,изборот на партиски претседател треба да биде со внатрепартиско гласање,бидејќи само така се добиваат квалитетни и одговорни кадри.А ова секако треба да се примени и при одредување на пратеници,советници,градоначалници и др.Демократската иднина на Македонија е во демократизација на партиите.Во спротивно,со досегашниов избор,цвета непотизмот,неспособни се кријат зад моќната партиска машинерија.Македонците одамна требаше да сфатат дека во интерес на Македонија е да се проголтаат суетите,да се престане со поларизација на населението,да се одржуваат почесто лидерски средби,па и да се прифатат сите добри идеи за иднината на Македонија,без разлика од кого доаѓаат.Претседателот Борис Трајковски беше единствен пример.Македонија над се.Поздрав.
Од: „Загрижен“
Датум: 07.06.2008 08:37:44
„Изместени СТАНДАРДИ“-Што е тоа стандардно?Дали е стандардни полнење на гласачки кутии,дали е стандард да биде „тортуриран“ оној кој немисли како оној кој има или замислува дека има „моќ“,дали е стандард да си полтрон,дали е стандард пр. возач дати го крои животниот тек,дали е стандард да неквалитетот го јава квалитетот.И да не набројувам што се денес е стандард.Стандардот се трансформира во нестандард кој пак се трансформире повторно во стандард.Дали има во оваа држава мадо.... преродбеник кој може да го преповнае стандардот.дали 2% можат да бидат безопасни(замислена ситуација:Две жени разговараат од кои едната вели „Се сум добра со здравјето само нешто малку срцето на моменти ме гуши и сл.).Дали ова е стандардно размислување ???Јас веќе незнам штое стандардно !!!! Дали вие знаете ?
Од: Ѓоре
Датум: 07.06.2008 09:54:18
Одлична статија Многу нешта во метафори те молам ако може следниот пат малку подиректно затоа што според дадениве коментари гледам дека многу луѓе не те разбираат, или пак можеби ти завидуваат. Дури и не пишуваат кирилица
Од: DAME
Датум: 07.06.2008 12:54:53
ubavo, mnogu ubavo e da se prochitaat i poinakvi razmisluvanja. Dosta i kraj na ednoumieto. Edni da nikazhuvaat kako da mislime.
Од: komentator
Датум: 07.06.2008 12:57:17
komentarot e izdrzan. makedonija treba da se stremi da se demokratizira. ovie sto vriskaat imaat totalitaren mentalen sklop - defekt od komunizmot. filip ti samo prodolzi. ima lugje koi razbiraat sto sakas da kazes. pozdrav.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Високиот трговски дефицит закана за девизните резерви
Грчки полицајци принудиле македонски камионџии да чистат ѓубре на граница
Грција дојде на дното
Зденко
Американска шлаканица за изборите
Патриотизам за по дома
Кацин- Грција провоцира конфликт со Македонија
Турскиот суд против муслиманските шамии
Андов се повлекува, Петковски не размислува за оставка
Европа во фудбалска треска
Карикатура
Матурантите во трка со времето да ја положат матурата
Мигел Деското Брокман
Verbatim