ЛИЧНОСТ НА ДЕНОТ
Мигел Деското Брокман
Критичарот на политиката на САД, расчинетиот свештеник и еден од клучните луѓе на претседателот на Никарагва - Даниел Ортега, Мигел Деското Брокман, е човекот што ќе го наследи Срѓан Керим на местото претседател на Генералното собрание на ОН. И покрај негодувањето од страна на САД, Брокман го доби мандатот од една година. Иако во својот воведен говор рече дека нема да ја користи својата нова позиција како платформа за дискредитирање на Америка, тој сепак без да ја именува и' порача дека земјите-членки на Собранието треба да се обединат против „актите на агресија, како оние во Ирак и во Авганистан“.
Роден во САД како син на дипломат, Брокман (75) по студиите на Универзитетот Колумбија во 1961 година станува римокатолички свештеник. По неколку години тој заминува за Никарагва за да и' се придружи на левицата - сандинистите, во борбата против владата на Сомоза поддржана од САД. По превратот во 1979 година, Брокман станува министер за надворешни работи во владата на Ортега се' до 1990 година. До враќањето на Ортега на власт во 2006 година Брокман е негов советник за надворешна политика. Поради инволвираноста во политиката, папата Јован Павле Втори се одрече од него, иако Брокман има добиено неколку награди за хуманизам. (Т.Г.) |