Брoj 2706  сабота, 07 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Матурантите во трка со времето

Средношколците се жалат дека немале доволно време за подготовка на четирите предмети

Жаклина Хаџи-Зафирова

На само неколку дена од официјалниот старт на државната матура, средношколците се' уште се соочуваат со страв и непознатости како ќе поминат на испитите кои ќе им бидат влезница за упис на посакуваниот факултет. Средношколците се жалат дека имале само еден месец да ги поминат материјалите за четирите предмети кои ги изучувале, а кои ќе треба да ги полагаат. До последен момент велат дека не знаеле што ќе полагаат, бидејќи факултетите постојано ги менувале испитите кои ги бараат како услов за упис, а за кои доволно не биле информирани ниту самите професори. Непознато е и како ќе се оценуваат предметите од државната матура, што вчера го потврдија и од Бирото за развој на образованието.

Официјалните лица од Министерството за образование и наука вчера соопштија дека се надминати сите проблеми околу полагањето на државната матура, а тие лично се надеваат дека се' ќе биде во најдобар ред. Матура ќе полагаат 17.800 средношколци од сите државни средни училишта и од приватното „Јахја Кемал“, што е околу 75 отсто од вкупниот број матуранти. Двата екстерни предмета, мајчин јазик и математика или странски јазик во првиот испитен рок ќе се полагаат на 12 и на 14 јуни, а двата интерни предмета, кои се по избор на ученикот, меѓу 16 и 28 јуни.

Првите резултати од првиот рок на матурата се очекуваат за најмалку еден месец. Вториот испитен рок за екстерните предмети е на 14 и 16 август, а за интерните на 18 и 30 август.

„Не бевме свесни за полагање на матурата до четврта година. Немавме доволно време за подготовка, немавме пристап до информации, а доцна дознавме и што треба да се учи, бидејќи факултетите постојано ја менуваа листата со предмети што треба да се полагаат“, вели еден матурант од „Орце Николов“. Како пример тој посочува дека сите факултети на почетокот на листата како екстерни предмети за полагање, покрај мајчиниот јазик, ја ставиле само математика, што не било логично, бидејќи како втора опција за средношколците е најавен и англискиот.

Друг средношколец вели дека освен проблемите со времето, не биле доволно информирани за матурата.„Има различни книги меѓу гимназиите и стручните училишта. Потоа, проблем ни беше и тоа што некои факултети бараа предмети што некои средношколци не ги изучувале доволно. На пример, Правниот факултет бара историја, а историјата кај нас во училиштето е изборен предмет, така што учениците го учат две години, наместо четири, како што се бара во материјалите“, вели матурантот од „Васил Антевски - Дрен“.

Ваквите информации ги демантираа официјални лица кои ја организираат матурата, според кои средните училишта се подготвени за реализација на матурата. Тие демантираа дека лошите резултати од пробната матура би можеле на каков било начин да се поврзат со претстојната официјална матура.

Директорката на Бирото за развој на образованието Весна Хорватовиќ очекува успешна реализација на испитот за државна матура. „Отстранети се сите слабости и недостатоци од пробната матура во декември. Испитните прашања ќе соодветствуваат со содржините од наставните програми. Државната матура ќе се полага во матичните средни училишта, но во некои општини каде што има просторни проблеми дел од учениците ќе полагаат и во соседните основни училишта“, изјави вчера таа по завршната средба на надлежните за матура со директорите на училиштата, на која им беа дадени последни упатства за испитите.

Познато е дека за упис на факултетите на матурантите ќе им се пресметува 60 отсто од успехот од средно и 40 отсто од успехот од матурата. Но, според Катица Спасовска - Бинчева од Бирото за развој на образованието, се' уште не се знаат поените одделно за предметите што ќе се полагаат. „Нашиот став беше по 12, 5 поени да носат екстерните, и по 5 бода да носат интерните испити плус проектната задача, но ова не го прифатија во високото образование“, вели таа. Бинчева најави дека на секои 15 ученици ќе има по еден тестатор, а ќе има по двајца набљудувачи во секое училиште.


Статијата е прочитана 358 пати.

Испрати коментар

Од: IGOR
Датум: 07.06.2008 00:29:17
Profesorite da polagaat za dobivanje licenci koi samite ke si gi platat.Licencite sekako da mozat i da gi zagubat dokolku ucenicite ,roditelite ili soodvetni inspekcii ke ocenat deka treba da im se odzemat.Ova e potrebno od pricina sto na vakvi nedouceni iskomplexirani licnosti napikani vo obrazovanieto pravat rsum po instituciite koi se nameneti za sozdavanje na zdrava i educirana nacija,eve moznost za promeni vo obrazovanieto dokolku se saka da se unisti seto ona koe e napikano vo skolite vo prethodniot i segasniov "sistem" za svesno unistuvanje na decata od skolski klupi,sekoj drug pristap e nesoodveten i mu se dava na plevelot da porasne ustepogolem.
Од: mimi
Датум: 07.06.2008 08:30:03
Кој може да ја задржи концентрацијата 4 саати на еден испит? Прават заморчиња од нас! Целиот концепт е промашен и ме интересира во која друга земја го има ова. Ова е антикампања на образованието и ствара одбивност од учењето. Ќе видите дека резултатите ќе бидат катастрофални бидејќи матурантите не се сигурни како да се спремаат,никој не им кажа. Оваа матура е начин како да не се запишат на факултет.Секоја чест на хрватите!
Од: Просветен работник
Датум: 07.06.2008 15:21:06
Јас сум просветен работник во средно училиште. Реално гледано, иако полагањето на државна матура (како критериум за обезбедување квалитет во образованието) е подолг период најавувано и одложувано (од дневно-политички причини) реално сметам дека нашите училишта - наставниците и учениците не се објективно спремни за спроведување на ваков испит на зрелоста. Ова го поткрепувам со фактот дека Бирото за развој на образованието на РМ ниту Испитнито центар за матура НЕ СЕ ДОВОЛНО СПРЕМНИ, НИТУ ОРГАНИЗИРАНИ И ЕКИПИРАНИ ДА СПРОВЕДАТ ВАКОВ ИСПИТ, а особено во изминатиот период ИЗОСТАНА ШИРОКАТА ИНФОРМИРАНОСТ НА ЈАВНОСТА (родители, ученици, па дури и нам наставниците не ни е доволно јасно) КАКО ЌЕ СЕ СПРОВЕДУВА ДРЖАВНАТА МАТУРА. Уште повеќе, нивната конфузност може да се констатира и со постојаните измени и дополнителни дописи кои ги испраќаат до училиштата во врска со организацијата и испитните предмети. Се прашувам: КОЈ ЌЕ ЈА СНОСИ ОДГОВОРНОСТА АКО МАТУРАТА Е НЕУСПЕШНА?
Од: citatel
Датум: 07.06.2008 16:34:51
Tie sto se upateni znaat deka drzavna matura se polaga vo site evropski zemji veke podolg period. Redno bese i vo Makedonija da se sprovede. Za niskiot kvalitet na obrazovanieto kaj nas ne se vinovni samo profesorite vo srednite ucilista. Roditelite imaat golema uloga. Za zal sekojdnevno se sretnuvaat roditeli koi samo gi interesiraat ocenkite i nivnite deca da ne se "maltretiraat" mnogu. Se smeevme na Amerikancite, no za zal odamna otidoa mnogu napred. Ispitite, SAT, SAT II, AP itn koi se klucni za upisot na fakultet i se na univerzitetsko nivo se polagaat isto taka po 4 casa. Mislam deka ako sakame evro-atlanska integracija za koja postojano zbruvame, redno e da pocneme samite da investirame vo obrazovanie. Nedostatoci ima i vo sistemot, no ocigledno sekogas ni e polesno vinata da ja barame vo nekoj drug a ne vo samite.
Од: просветен работник
Датум: 08.06.2008 00:24:17
Вработена сум во основно образование и секојдневно ги согледувам неправилностите во работата на наставниците. Мое мислење е дека вината за лошиот квалитет на образовниот процестреба да се бара во самите нас (даскалите).Доцнењето на часовите, недоволно внимание кон учениците,малограѓанскиот однос,некултурата и недоволното образование на наставниот кадар се причина за лошото образование на идните генерации.Наставниците се ги интересира, освен работата.
Од: Фауст
Датум: 08.06.2008 03:39:07
Она што ме плаши во однос на државната матура не е нејзината тежина, туку ме плаши начинот на кој таа ќе биде прегледувана и оценувана. Испитот по македонски јазик и литература содржи и пишување на есеј. Од каде да знам мене кој ќе ми го прегледува тој есеј. Дали ќе гледа објективно на него, дали ќе му се допадне? И кои ќе бидат тие прегледувачи, дали ќе бидат професори од факултети или обични професори поставени на тие места за да земат одреден хонорар. Првин треба да се изврши испитување на професорите поставени за прегледување. Во однос на полагањето, сметам дека е исправно да се полага. Па редно е веќе еднаш и да се селектираат ученици кои се, а кои не се за на факултет. Не можеме да правиме земја на учени луѓе кога многу од тие што се запишуваат на факултет се "неписмени".
Од: Јован
Датум: 08.06.2008 11:32:46
Велите дека учениците имаат само еден месец за да ги поминат материјалите за матурата. Не можам да верувам на таква информација бидејќи имаат четири години да ја спремат истата. И да : нека одат во Франција кадешто се полага матура по 10 предмети, нека видат како е и потоа нека се жалат!!! А проблемот на матурата е друг : анонимноста. Нека се спроведе ама нека се полага анонимно како што тоа се прави во сите земји чиешто образование функционира по овој систем.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Високиот трговски дефицит закана за девизните резерви
Грчки полицајци принудиле македонски камионџии да чистат ѓубре на граница
Грција дојде на дното
Зденко
Американска шлаканица за изборите
Патриотизам за по дома
Кацин- Грција провоцира конфликт со Македонија
Турскиот суд против муслиманските шамии
Походот кон Белата куќа
Андов се повлекува, Петковски не размислува за оставка
Европа во фудбалска треска
Карикатура
Мигел Деското Брокман
Verbatim