Амбасадорката на САД остро ги критикуваше изборите, на кои, според неа, десетици илјади гласа се украдени
Жаклина Хаџи-Зафирова
„Десетици илјади гласа беа украдени од граѓаните на изборите на 1 јуни кои не ги исполнија меѓународните стандарди. На прегласувањето за две недели не смее да има никакви заплашувања, насилства или измами“. Ова е пораката која вчера ја испрати американската амбасадорка Џилијан Миловановиќ, изнесувајќи остри критики за изборните насилства и инциденти што се случија во неделата.
„Изборите на 1 јуни не ги исполнија меѓународните стандарди, бидејќи беа регистрирани изборни измами и насилства. Со тоа гласовите на десетици илјади граѓани беа украдени. Во голем дел го знаеме тоа поради храброста на ’Мост‘. Сега е моментот да се започне со обнова на имиџот на земјата и, што е поважно, да се обнови вербата на граѓаните“, порача Миловановиќ на презентацијата на постигнатите резултати во првите три години од Проектот за зајакнување на граѓанското општество на УСАИД.
Таа е децидна дека мора да има прегласување на голем број избирачки места и се надева дека со тоа ќе им се даде можност на сите граѓани, чиј глас бил одземен, да добијат уште една шанса слободно да ја изразат својата волја. „Овој пат кога ќе има прегласување, не смее да има никакви заплашувања, насилства или измами“, рече Миловановиќ.
За оцената на премиерот Никола Груевски дека вината за изборните нерегуларности треба да ја сносат партиите од албанскиот блок, амбасадорката Миловановиќ истакна дека принципиелно одговорноста за тоа изборите да бидат слободни, фер и сигурни е на институциите на Владата.
„Очигледно е дека лидерите на политичките партии имаат одговорност да ги контролираат и да ги насочат своите симпатизери, имаат одговорност да не ангажираат или на друг начин да вработуваат луѓе кои користат оружје за заплашување. Првото ниво на одговорност е кај властите, значи кај Владата, МВР, Обвинителството и ДИК“, оценува амбасадорката.
„Не велам дека Владата не се обиде. Многу добри работи има направено, но не се доволни на ова поле и тоа е она каде што треба да се заврши подобра работа. Тука не станува збор за етнички Македонци или етнички Албанци, туку за граѓани на Македонија. Ако треба да одржите или сакате да имате единствена држава, тогаш прашањето не е за кој ентитет станува збор или во кој дел од земјата, туку за граѓани кои не сакаат да им б��дат украдени избори со употреба на сила. А тоа е задача на власта која треба да ги обезбеди“, смета Миловановиќ.
Во врска со критиките дека некои припадници на полицијата биле повеќе лојални на партијата отколку на службата, амбасадорката на САД порачува дека законот мора да се почитува и луѓето кои се обидуваат да ги уништат изборите, да ги украдат гласовите мора да бидат спречени и обесхрабрени во намерите.
„Тоа е начинот на кој можете да ја поправите ситуацијата. Верувам дека имате многу добри полицајци. Мислам дека голем број од нив добро си ја завршија работата за време на изборите, но, за жал, имаше и поинакви. Колку што разбрав, и министерката за внатрешни работи се зазеде да се реши овој проблем околу луѓето кои не се дел од полициските сили и оние кои не беа во можност да си ја завршат работата, а можеби и самите жалат за тоа. Тоа е нешто на што треба да му се стави крај“, вели амбасадорката.
Таа апелираше да се сопрат „паралелните вооружени индивидуалци“ кои се поврзани со политички партии, а партиските лидерите, според неа, имаат одговорност да им кажат на тие луѓе дека и' наштетуваат на партијата со тоа што излегуваат со оружје и ги заплашуваат луѓето. Затоа Миловановиќ предупредува дека овие лица не смеат да се појават на прегласувањето.
Миловановиќ најостро демантираше дека американската амбасада побарала оставка од лидерите на ДУИ и на ДПА, Ахмети и Тачи. „Тоа е апсолутна невистина и никогаш не сме кажале или сугерирале нешто такво, или, пак, сме кажале дека треба да се случи“, додаде амбасадорката.
Прашана за проблемот со името, Миловановиќ рече дека американската Влада ќе продолжи да помага за олеснување на процесот во наоѓање решение за името меѓу Грција и Македонија. „Би сакале да се постигне тоа колку што е можно поскоро, отколку подоцна, бидејќи има многу причини поврзани со поканата во НАТО, но, исто така, и добрососедските односи и способноста да постигнете односи кои се добри за двете земји. Мислам дека е важно да се фокусирате на целта на овој договор, а целта е да се реши ова прашање со што ќе се ослободите од привременото име под кое Македонија е примена во ОН“, оцени амбасадорката.
Според неа, целта на договорот не е да се промени мислењето на сите во двете земји за тоа кој е во право, а кој не е. „Мислам дека е важно да се фокусирате на обидот да се постигне некој договор, кој секако нема да помогне во атмосферата една или друга страна да стапи во одредени активности што ќе предизвикаат нервоза кај другата страна“, коментираше Миловановиќ.
Еленовски не верува дека ќе го стигнеме 9 јули
Министерот за одбрана Лазар Еленовски, повторувајќи дека Македонија ги исполни сите критериуми за членство во Алијансата, изјави дека „не можеме да го стигнеме рокот на 9 јули, кога почнуваат пристапните преговори со Албанија и Хрватска со НАТО, меѓутоа мислам дека тоа прашање може да се затвори за шест-седум месеци и на јубилејниот самит на НАТО во април идната година да влеземе заедно со нив“, појасни министерот Еленовски. (Д.Р.)
Ambasadorkava dava izjavi sprotivni od Gruevski. Toa znaci deka Gruevsku da ja proglasi "persona non grata" (da ja izbrka) ili da si dade ostavka.
Од: Од Македонија
Датум: 07.06.2008 00:22:32
Г.дине Еленоски ни во НАТО ке влеземе,ни ти министер ке бидеш повејке.Некогаш вистината боли,ама кутенјето е злато.Еј да имаат храброст лугто да кажуваат што навистина се случува,барем немаше да не лажат,а не знам што се плашиш,испагаш смешен за тоа што е вистина,не само ти и Бранко кажа дека и тој заедно со него биле согласни за РМ/Скопје/,па и сега е република скопјето,што е тука не јасно,ние сме само периферии,однесени од виорот/Достоинствено м.р Еленоски.
Од: demokrat
Датум: 07.06.2008 00:25:06
I vo USA minatite pretsedatelski izbori ne bea sjajni. Toa, sekako, ne e alibi za nasite izbori, no sekako e dobar odgovor za ambasadorkata, koja cesto vo zanes izleguva od svoite ambasadorski zadaci, mesajki se vo vnatresnite raboti na RM, zaboravajki deka, taa e gost vo nasata drzava...ili...!?
Од: realen
Датум: 07.06.2008 00:44:14
Ova Gruevski treba da go vrze vo krpce! Ja pokazuva svojata naivnost so 98% uspesni izbori. Krvavite rezultati mozat da go oznacat pocetokot na krajot na drzavata. Vo ova ureduvanje.
Од: do kriminalcite
Датум: 07.06.2008 00:49:35
mislite deka taka mozhete da pravite i da ne ve kritizira nikoj,znaete deka vo edno zapadno opshtestvo kriminalitetot nema mesto,ili ke se naucite kako shto treba ili ke ve vidime vo zatvor.
Од: dimitar
Датум: 07.06.2008 01:00:52
1. Elenovski ima pravo da molci.
2. Utrinski (treba da) leta vo vozduh.
Од: student
Датум: 07.06.2008 01:27:59
Koe ponizuvanje ni se pravi postojano. Ne posmatraat kako eksperimentalni nedozreani gluvci. Dali oni bi sprovele izbori dokolu Al Kaeda e vklucena vo izborite?Postojano ne ucenuvaat ke ne primele vo Nato dokolku go resime problemot so imeto. Kolkavo znacenje i davaat na Grcija. Ke go smeni li Amerika imeto ako Rusija od neznam koi pricini go pobara toa od niv.Samo gospod e golem!
Од: jimmy1
Датум: 07.06.2008 02:45:33
So malu zakasnuvanje Makedonija na noz i od amerite. Dali ovie treba da kritikuvaat i da ni kazuvaat deka izborite ne bile fer i demokratski. Pa zarem svetot ima zaboraveno na koj nacin Bush postana predsedatel na Amerika so pomalku dobieni glasovi od protivnikot, i sega ke ni kazuva za nekakva demokratija. Neznam za kakva demokratija zboruva i za kakvi fer i demokratski izbori koga kaj niv ne postoi demokratija nitu pak fer izbori. Ova ispadna isto kako pogovorkata: podrzimigo kopilevo za da se iskaram so kurvava. Namesto da se zastramat sto veke 65 godini vrsat teror na sekade vo svetot, ubivaat civili " i toa samo po graska" za nivnite glupavi avanturi. Ako se zboruva za nekakva demokratija, nekakvi covekovi prava ili sloboda, amerikancive treba da ucat od nas sto e toa demokratija i kako treba da se pocituvaat tie prava, zosto nie sme mnogu ponapred od site drugi zemji vo svetot. Pak da i se blagodarite na Amerika sto nema nisto dobro napraveno za nas osven zboruvanje na prazno.
Од: OF LELE
Датум: 07.06.2008 05:02:27
Vo makedonija nema Ustav, Ustav vo Makedonija e Ambasadorot na USA.,Eve kako ;Koj i da pobedi vo Makedonija , Vo Makedonija mora da ima tolku Albanski ministri. Albancite mora da bidat del od vlasta.Toa sto mora, da bidat del od vlasta, Eeee toa e Protiv Usavno. Ama nikoj ne smee ni da zucne. Toa e prviot indikator ; Od ne Uistav ne pavi se Ustav,od ne Drzava ne se pravi Drzava. EX NIHILO- NIHIL.
Од: wow
Датум: 07.06.2008 07:23:52
Prvo Ambasadorkata ne e oficijalno lice od DIK pa da kometira vo vnatresnite raboti na druga drzava vtoro neka se priseti na Florida i livcinjata sto gi broea treto Onie koi Klinton gi vooruza i podrzuvase zaedno so onaa vampirka Olbrajt go pravat ova zasto oti si imaat grb i ako Makedonskata vlada napravi nesto si navalat kako osi ...a vo isto vreme ne gledaat sto pravas Atinjanite...taka da eden sovet od Gospoga MIlovanovic ako ima vreme na odmet neka skokne do Bugarija I Grcija i da se zapoznae so problemite na Makedoncite...a i uste nesto dosta solenje pamet....
Од: marks
Датум: 07.06.2008 08:11:57
Ne i se lutete na Milovanovi zatoa sto ja zboruva vistinata. Znam deka Patorot e "bezgresen", no za vaseto mentalno zdravje e dobro da prifatite i ponekoja kritika. Ako sakate NATO i EU izgradete gragansko opstestvo, borete se za svoite graganski prva
Од: mene
Датум: 07.06.2008 08:21:34
Македонија уште многу треба да учи од својот ментор и најголем пријател САД.Демократијата се учи,се унапредува,со заедничка воља и труд на сите владини и невладини организации.Еволуцијата на деморатијата во Македонија продолжува,бидејќи е процас кој никакви суети не ќе го спречат.Намерите на САД и Милованович се добри,искрени и се надевам дека ќе бидат испочитувани.Секако дека не водат на добар пат.Можеби некој кој е навикнат да профитира на хаосот на би се сложил со мене.Но не ќе одиме напред ако не створиме ред и поредок кој ќе обезбеди ниво на демократија каде граѓанинот не ќе биде спречен да ги остварува своите права загарантирани со Устав и Закони.Благодарност до САД за искрените намери.
Од: Obie
Датум: 07.06.2008 08:22:22
Site vie sto zboruvate protiv Amerive ste Anti makedonci. Zar zaboravivte deka samo pred nekolku meseci Amerika ni dodade raka za u NATO luge. Vie ste hipokriti cinichni luge,nacianalisti a ve uveruvam dragi sogradjani deka bez albanska partija u vlada ne moze.Jas sakam albanec da me pretstavuva vo parlament i vlada a ne nekoj kako vie sto nikogas ama bas nikogas ne ve bolelo za nas.Jas ja sakam Makedonija povise od vas pechalbarive sto mi drdorite tuka sekoj den.Napred Makedonija zaedno so najsilniot "Amerika"
Од: Makedonec vo EU
Датум: 07.06.2008 10:04:28
Zarem nekoj mislese deka Ramkovniot e samo parce hartija? Kade se genijalcite koi go potpisaa? Normalno deka Makedonija treba da si go cuva identitetot vo SITE regioni. Ako vo nekoi ne moze, togas prasanje e dali tie regioni i pripagjaat ili ne. I toa prasanje kje bide nabrzo postaveno od mokjni drzavi, koi vo minatoto ne delele, a i sega planiraat nesto slicno.
Од: ZSS - Skopje
Датум: 07.06.2008 10:05:57
Amerika e nasiot najgolem prijatel i dobro sto e taka. Zaboravame kako ni bese koga nasi najgolemi dobrociniteli ni bea Rusite. Vazjenjeto na pravoto i demopkratijata e najvazjna rabota. Se drugo e magla i vo se drugo sme zloupotrebeni, za necii licni necesni interesi. Toa sto se stava vo oblanda, za nekoi nacionalni, partiski i drugi celi, toa e samo izmama, no, za zjal samo malku luge gi gledaat. Da im im ocovmozjime na strancite da ni pomognat vistinski da gi pogledneme rabotite.
Од: balkan
Датум: 07.06.2008 10:23:55
nikade nema nie da stigneme. nie sme balkanci i najgolemiot del e prosta masa!!!!! nema nie nikogas da stigneme vo evropa zatoa sto prvo trba da naucime sto e demokratija. demokratija ne e sila tuku komunikacija, respekt, priznavanje, razbiranje, borba so fakti a ne so oruzje i zaplasuvanje itn.
Од: skandinavija
Датум: 07.06.2008 10:28:30
kako moze da dozvolite edena ambasadorka da vi se mesa?koga toa bi go dozvolile ovde?prema vas se odnesuvat kako da ste selo sekoj vi soli pamet i do kaj stasavte....18g ve ucat kako treba da davate sto povece prava na malcinstvata i deka treba da gi otvorete granicite da plasirat nivna roba na vas.....pa tuka malcinstva nemat nikakvi prava sto ne im solat pamet amerikancite?sto ne im solat pamet vo Atina da dadat prava na makedoncite?a vie kako mali deca "lele tugo sto kazala ambasadorkata"a nejzinoto potaklo e Yu zosto ne ja prasate zosto ne ne togas stiti?mozebi zaradi licnite interesi....
Од: sweet
Датум: 07.06.2008 10:58:25
bravo marks
Од: GLASACKA
Датум: 07.06.2008 11:11:43
Ambasadorkata e vo pravo, pa cel svet vide kako bea sprovedeni izborite od ovaa diktatorskata vlada, nasilnistvo, teror, ubistvo, KUPUVANJE glasovi,
Од: Стојко
Датум: 07.06.2008 11:33:16
Кому ли му зборува г.Миловановиќ?Па кај нас има само голо лицемерие и недокваканост;се`е дволичност и недоветност,филувано со романтичен квази патриотизам!Празнина и пустош!..Глувотија...Иднина?..
Од: stradalnik
Датум: 07.06.2008 11:55:27
Ja vidovme silata na Amerika. Dzabe ni e nejzinata poddrska koga edna najmalku demokratska zemja Grcija ne go pocituva nejzinoto mislenje i si tera po svoe. A za glasanjeto znaeme deka i vo Anglija i segde na zapadot ima problemi, no za niv tolku ne se pisuva.
Од: od druga planeta
Датум: 07.06.2008 12:05:10
Momentalno Makedonija ima relativno geostratesko znacenje vo regionot, toest ako Makedonija se raspadne posledicite se dosta skapi za celiot balkan i evropa , a toa na zapad momentalno ne mu odgovara.
No denot koga tie ce najdat nekoje resenie koe ce im izgleda prifatlivo, togas Makedonija ce im bide posledna sekiracija dali nie ce opstaneme ili ne , dali ce se vikame Makedonci ili "Makdoland "ili nesto drugo..
A sto se ednesuva do nasite soogradjani Albanci ili Makedonci koi se minoritet ili vo opozicija posle izborite ..edno marat de svatat i da go resat definitvno vo nivnite glavi : Koga vo edna prava demokratska struktura toj sto gubi vo izborite a ocigledno cifrite se sami posebe zborlivi ,ostanava nadvor od vlasta pa ceka sledni izbori..
Од: A.Nikolov.
Датум: 07.06.2008 14:02:55
Prost narod,silna drzava.Toa se gleda i po toa kakvi dechurlii ni ja vodat drzavata.Zatoa diktatorot,gledajki se koj se vo negovata partija so se nego upatuva poraka deka treba da se uchi,deka uchenjeto bilo mok i vlast.Golem del zaboravat deka Makedonija ne e mokna kako USA nitu pak kako Rusija a da ne ja sporeduvame i aso Shvajcarija.Dojde vreme da ne se sporeduvame nitu so Albanija.Golem sram zaMakedonija.Dzabe shto se sporeduvame so istoriska civilizacija.Go izvalkavme i minatoto.Shlakanicata za vladata najmnogu ke ja oseti obichniot makedonski graganin ,koj najmalku e vinoven.Iako na 1 juni se strvori greshka.Po eb....e nema kaenje.Rezultatite ke se vidat za 9 meseci.( iako prepoznatlivo ke bide i po dve do tri nedeli)
Од: mladen-skopje
Датум: 07.06.2008 14:27:09
So ovaa partiska i raketarska vlada koja nema kapacitet za nisto namesteni izbori partizacija siromastija nema da otideme ni vo nato ni vo eu ,no sekako ke go stigneme zimbabve,sepak zalam za makedonija,toa e vistinata i realnosta, ke ne vratat cel vek nazad.toa e toa.
Од: zoran bitola
Датум: 07.06.2008 15:07:49
mislam deka Gruevski pod itno treba da se konsultira so latas i so vlatko djorcev i da ja deportira Milovanovic od Makedonija. Pa toj e najdobriot, najpatriotskiot, najnekorumpiraniot makedonski premier i iden makedonski imperator pa ne moze tamu nekoja ambasadorka na nekoja si minorna Amerika da mu kazuva kako da pravi izbori vo negovata drzava. Pa toj na Jelko Kacin ne mu se isplasi ke i se isplasel na nekoja si baba ambasadorka. Napred Gruevski uste so malku zemji sto ne poddrzuvaa treba da ne skaras pa posle ke ja pravime Golema Makedonija.
Од: 2012
Датум: 07.06.2008 21:18:24
1. sograganinu obie ,rano e da razmisluvas za podelba ,a amerite ednas se izgorea so kosovo pa ne valda po 2 pat da go zacrnat balkanot , 2.nisto ne e problematicno vo MK sto se zalite sami nie narodot sme problem,koga drzavata ke go se resi so problemite MK ke bide drzava bez narod ,a togas sto? pa nisto ke si uvezime narod ete na pr.od Afrika ,...... pa toa igo zasluzuvame , ha,ha
Од: Albanec vo EU
Датум: 07.06.2008 22:37:57
Vo edna zemja ne mora da rastat banani za da se narekuva Banana Republika. Znmaci, i bez banani se moze...
Kakva e glavata, takva ke bide i kapata...
Од: bati
Датум: 07.06.2008 23:13:12
vo pravo e amerk.ambasadorka bidejki makedonija se naoga vo evropa a znaemi mnogu dobro kakvi izbori imavme :africki hahahaaaa.pozdrav od svedska!!!!!!
Од: luli
Датум: 08.06.2008 06:23:11
so ova ambasadorkata kazalla sve>, амбасадорката Миловановиќ истакна дека принципиелно одговорноста за тоа изборите да бидат слободни, фер и сигурни е на институциите на Владата.
Од: 0d tetovcanec
Датум: 08.06.2008 13:09:33
za fyrom nema nato utre e posladen den da se menuva imeto ha ha ha gorno makedonci ke bide taka vikat
Од: Dijaspora-SAD
Датум: 08.06.2008 16:51:09
Ne procitav nikakvi komentari ill reakcii od strana na Milovanovic ili koj i da e drug diplomat za toa sto Dijasporata na glasase! Dijasporata e pomnogubrojna od site malcinstva zaedno a ne ja esapite. Se dodeka e taka ke gi imame istite problemi i ke ni "se pritresuvaat takvite kako Milovanovic, Fuere i na niv slicnite, a Grcija ke prodolzi so svoite provokacii zaedno so site drugi sosedi.
Na Makedoncite im se ukradeni stotici iljadi glasovi, osobeno vo sestata izborna edinica. Na ovie izbori glasale samo 32,000 Makedonci vo 6-tkata, a vo 2002 najmalku dvai pol pati poveke!!?
Etnickoto cistenje prodolzuva, a Milovanovic "drzi predavanje"!