Брoj 2706  сабота, 07 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Европа во фудбалска треска

Со мечот меѓу Швајцарија и Чешка (18 ч.) почнува 13. ЕП во фудбал

Конечно дојде денот за стартот на фудбалското лудило на стариот континент. Денеска почнува 13. Европско првенство, настан кој многумина со нетрпение го очекуваа. Тринеделниот фудбалски карван ќе тргне од северот на Швајцарија, поточно во Базел на „Сент Јакоб Парк“, каде ко-домаќинот на шампионат попладнево (ТВ Алсат М, 18 ч., пренос) со дуелот против Чешка ќе им посака добредојде на 14 земји-учеснички на ЕП 2008, не сметајќи ја Австрија. Првото коло во групата А ќе се комплетира вечерва со пресметката на стадионот во Женева меѓу Португалија и Турција (ТВ Алсат М, 20.45 ч., пренос).

Швајцарците и Австријците можат барем малку да здивнат по неколкумесечната напорна работа и подготовки. Се заморија од се' и сешто, вложија страшно многу труд, внимание на организацијата, подготовки на волонтерите. И едните и другите на секој чекор направија се' што знаеја и умееја за да им дадат до знаење на намерниците или случајните посетители дека Швајцарија и Австрија се вистински фудбалски земји во кои неизмерно популарно е тркалањето на „буба-марата“ без разлика што двете земји не можат да се пофалат со кој знае какви успеси на клупски и репрезентативен план.

Свеченото отварање на ЕП 2008 ќе се случи на „Сент Јакоб Парк“ во Базел кој не е најголем фудбалски град во Швајцарија, но, сепак, важи за голем фудбалски центар кој овие денови наликува на новогодишно дрво. Покрај 45 минутната церемонија исполнета со вообичаени музички и артистички перформанси, многу бои и поздравни говори, во истовреме забава ќе има и во останатите седум градови домаќини (Берн, Женева, Цирих, Виена, Салцбург, Инсбрук и Клагенфурт). На плоштадите во овие места ќе бидат поставени стејџови, а за атмосферата ќе бидат задолжени познати и признати ди-џеи од Австрија и Швајцарија.

За потребите на ЕП 2008 се ангажирани 5.000 волонтери. Две-третини од нив се' Австријци и Швајцарци, додека една третина ја сочинуваат лица од 75 нации од целиот свет. Ќе ги има од Костарика, Того, Уганда, Индонезија, па дури и од Непал. Нивна задача ќе биде хгрижата за чиста околина, информирање и укажување помош на гостите, фановите, претставнциите на медиумите и официјалните делегации за првенството. Директорот на швајцарскиот дел од шампионатот, Кристијан Мутшлер, е неизмерно задоволен и благодарен на волонтерите.

„Тие се нашиот прв голем успех во организацијата на првенството. Прибравме 18.000 апликации од лица од целиот свет кои изразија желба и волја да помогнат во организацијата на ЕП. Тоа доволно кажува колкав беше инетересот да се биде дел од овој настан. Направивме селекција преку интервјуа и избравме 5.000 лица кои ќе работат за нас за време на турнирот. Во Базел и Виена ќе има по 1.000 волонтери, а во останатите шест града по 500. Тие се вистински амбасадори и на првенството, но и на своите земји“, истакна Мутшлер.

Ако се ќе започне во Базел, тогаш се ќе заврши во Виена, некогашното седиште на австро-унгарската монархија. Во австриската престолнина покрај фудбалските пресметки меѓу дел од репрезентациите учеснички на ова ЕП, посетителите имаат широка понуда за туристичко разгледување на градот. Во неа се поместени Пратер паркот, Катедралата Свети Стефан, Хофбург, Шенбрун, Виенската државна опера, Хундертвасерхаус, итн....

Германија, според многумина, е прв фаворит за титулата на ЕП 2008. Големи шанси за тоа им се даваат на Шпанија, Италија и Франција, а никако не треба да се заборават Португалија и Холандија. Во улога на бранител на титулата е репрезентацијата на Грција.

Сабота на ЕП 2008

Група А: Швајцарија - Чешка (Базел, 18 ч., ТВ Алсат М, пренос), Португалија - Турција (Женева, 20:45 ч., ТВ Алсат М, пренос)

Недела на ЕП 2008

Група Б: Австрија - Хрватска (Виена, 18 ч., ТВ Алсат М, пренос), Германија - Полска (Клагенфурт, 20Ч45 ч., ТВ Алсат М, пренос)

На ЕП ќе победи австриската економија

Пред денешното отворање на Европското првенство во фудбал едно е јасно, а тоа е дека главен победник на ова големо натпреварување ќе биде австриската економија која очекува профит од 1,132 милијарди долари. Континенталниот фудбалски самит, според експертите, треба да го поттикне годинашниот бруто домашен производ на Австрија за 0,21 отсто. Дополнителни приходи се очекуваат особено од трговијата и туризмот бидејќи издатоците на навивачите по традиција се поголеми од оние на обичните туристи, пренесуваат австриските медиуми. За време на тринеделното ЕП австриската Стопанска комора очекува да бидат реализирани 1,98 милиони ноќевања на гостите во Австрија. Притоа гостите од Германија, Италија и Франција важат за добри потрошувачи кои во просек ќе престојуваат по четири дена во земја и дневно ќе трошат по 250 евра.


Статијата е прочитана 679 пати.

Испрати коментар

Од: zak
Датум: 07.06.2008 01:04:54
germania sampion
Од: alex
Датум: 07.06.2008 09:14:45
dali ke ima makedonski komentar na alsat?
Од: danska
Датум: 07.06.2008 10:31:37
vo danska nema nikakva fud.treska...sto znaci ne cela ev tuku nekoi zemji sto ucestvuvat pa se pravi propaganda da zarabotat kapitalistite sto povece poadjajki od t.v.,reklami,pivi ....slusam vo Sk ce imalo golem ekram se prasuvam Grc li ce ja gledate?
Од: Sprete kradnete bugarska istoriq
Датум: 07.06.2008 11:20:58
Ispania sampion

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Високиот трговски дефицит закана за девизните резерви
Грчки полицајци принудиле македонски камионџии да чистат ѓубре на граница
Грција дојде на дното
Зденко
Американска шлаканица за изборите
Патриотизам за по дома
Кацин- Грција провоцира конфликт со Македонија
Турскиот суд против муслиманските шамии
Походот кон Белата куќа
Андов се повлекува, Петковски не размислува за оставка
Карикатура
Матурантите во трка со времето да ја положат матурата
Мигел Деското Брокман
Verbatim