Брoj 2706  сабота, 07 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Кацин: Грција провоцира конфликт со Македонија

Брисел - Европарламентарецот Јелко Кацин ја обвини вчера Грција дека намерно ја провоцира Македонија и, труејќи ја атмосферата, отвора простор за нови посериозни конфликти. Неговата реакција уследи по информацијата дека Атина не му дава дозвола за слетување на државниот авион, со што стави вето и на учеството на шефот на државата, Бранко Црвенковски, на меѓународен настан организиран не од неа, туку од УНЕСКО.

„Ова, очигледно, не е изолиран инцидент.Ова е дел од однапред планирана политика и свесна провокација од страна на Грција, која само додава масло на веќе тензичните меѓудржавни релации. Последиците од емоционалната блокада, која ја труе политичката атмосфера во регионот и пошироко, ги надминаа границите на прифатливоста и се закануваат да се прошират во опасни конфликти во други области. Време е да ги одбраниме фундаменталните принципи на меѓудржавните односи и време е за одлучна акција и реакција од европските институции“, изјави вчера Кацин.

Притоа, тој направи паралела меѓу оваа забрана и таа за прелетот на МАТ, заклучувајќи дека сите малтретирања низ кои поминаа патниците во авионот ќе му се случеа и на претседателот Бранко Црвенковски, ако не донесеше одлука да го откаже учеството на земјата на овој меѓународен собир. Таквата одлука, според Кацин, била логична последица на намерните провокации од Грција, која за сето тоа испратила неубедливо објаснување.

„Не е вистина дека грчките власти дејствувале во согласност со правилата и воспоставената практика“, тврди Кацин, додавајќи дека во случајот со МАТ била сменета маршрутата на летот, авионот бил принуден да слета во Истанбул, да наполни повторно гориво и да најде нова рута до Египет, од што компанијата претрпела штета, а на патниците им бил скратен одморот. (С.Ј.)


Статијата е прочитана 1793 пати.

Испрати коментар

Од: maximus,nj, sad
Датум: 07.06.2008 02:13:55
preporaka do idnata vlada : prekin na pregovorite za imeto se dodeka drugata strana se odnesuva provokativno ,fasizoidno i neevropski
Од: jimmy1
Датум: 07.06.2008 09:55:05
Bravo Kacin. Kacin e edini koj gi napaga Grcite i edini sti e zboruva vistinata, ali drugite parlamentarci se gluvi i slepi. Dovolno e nie da gi otvorime ocite i da im vozvratime so uste postroki akcii a ne da bideme posmatraci na se ona sto ni se slucuva. Vladata ni e zaspana i ne veruvam deka nekogas ke se razbudi i ke se vozvrati so kontraudari, ali ako se raboti za nivni privileegii toga ocite go otvoraat kako fildzani.
Од: Dr.Mihail Sorko ,Ohrid.
Датум: 07.06.2008 11:08:00
Krajno vreme e EU so soodvetna i racionalna reakcija DA GI ODBRANI PRINCIPITE NA DEMOKRATIJATA i da ukaze deka Republika Grcija gi preminala site granici vo odnos na Republika Makedonija !!!
Од: Prilepcanec
Датум: 07.06.2008 14:00:20
Imame prijateli,i ova e dokaz.Megjutoa nasite bitki treba samite poorganizirano,pouporno da gi vodime za da gi izvojuvame,iako od drugata strana imame Don kihot koj vo nas ,vo nasta drzava,gleda zakana koja se nasrcila na nego,pa potega kopje.Bitkata,vsusnost bitkite,zasto treba da se vodat na poveke polinja na opstestvenoto ziveenje,treba da trgne od nas,i da se potpre na megjunarodnite institucii,i poedinci,koi znaat da resavaat i vakvi nevideni slucai
Од: Др. мед. Крсте Н.поп/Стефанија
Датум: 07.06.2008 22:18:00
Во потполност се сложувам со господинот Јелко Кацин,грците со сите сили сакаат инциденти за да речат ево видите м��кедонија не загрозува нас!? На интригите како во приватниот живот ,така и во меѓународните односи бргу ќе им дојде крајот ,оту, интригите ги прават само искомплексирани страни!? крсте поп/стефанија
Од: violeta
Датум: 07.06.2008 22:42:37
Konstataciite na Kacin se sosema na mesto, isto taka i negovata reakcija e odlicna i vo duhot na demokratijata, sto ni dava dobar signal deka Makedonija ima prijateli. Ova e vistinski moment Premierot Gruevski da go zapoznae Jelko Kacin, i da go zamoli da im pomogne vo praktikuvanjeto na demokratijata na negovite "Prijateli" evroparlamentarci od Italija, koi zedoa aktivno ucestvo na mitinzite vo predizbornata kampanja.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Високиот трговски дефицит закана за девизните резерви
Грчки полицајци принудиле македонски камионџии да чистат ѓубре на граница
Грција дојде на дното
Зденко
Американска шлаканица за изборите
Патриотизам за по дома
Турскиот суд против муслиманските шамии
Походот кон Белата куќа
Андов се повлекува, Петковски не размислува за оставка
Европа во фудбалска треска
Карикатура
Матурантите во трка со времето да ја положат матурата
Мигел Деското Брокман
Verbatim