Брoj 2706  сабота, 07 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Поглед

Патриотизам за по дома

Соња Крамарска

Премиерот Никола Груевски, новата национална фигура на Македонија, завчера во Њујорк при примањето на наградата за реформи во бизнис-климата се појави со беџ на кој пишуваше „Никола Груевски, премиер на ФИРОМ“. Тука нема ништо спорно затоа што тоа е реалноста која некому му се допаѓа, а некому не му се допаѓа.

Проблемот е во двојниот аршин на премиерот. Тој, кога е дома, секој ден ги пумпа граѓаните со нова доза адреналин против промената на името и за заштита на македонските национални интереси, а кога е надвор, пее друга песна. Особено кога треба да се се пофали со меѓународна награда за неговите економски достигнувања како премиер. Тогаш не му пречи што е „фиромизиран“.

Но, тоа е поширок македонски проблем. Таму каде што вистински треба да се бие битката нас не' нема. Од друга страна, правиме циркуси при спортски натпревари, во авиони затоа што не' нарекле ФИРОМ, а особено сме чувствителни кога Грција не' нарекува така.

Очигледно е дека премиерот Груевски, кого сите граѓани можеа да го видат преку ТВ-екраните со ознаката ФИРОМ на неговиот ревер од костумот, го користи патриотизмот само како домашна политичка алатка. Не треба да потсетуваме дека, меѓу другото, патриотизмот околу името му донесе огромен број гласови на изборите.

Меѓутоа, ете, изборите поминаа, а ФИРОМ повторно се враќа на сцената. Да биде иронијата поголема, премиерот Груевски е првиот на кого ладнокрвно му беше залепена оваа смешна додавка. Ако сака да ја прими наградата - ќе биде ФИРОМ, ако сака да биде патриот - нема награда. Се разбира, ја одбра наградата. Во Њујорк, САД, три дена по изборите.


Статијата е прочитана 1030 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Peyo
Датум: 07.06.2008 00:20:16
Grujo FYROM? Posle 1 juni nema kaenje!
Од: demokrat
Датум: 07.06.2008 00:33:05
Prvo, na bedjot ne pisuvase kako sto velis:"Nikola Gruevski, Premier na FYROM", tuku "NIkola Gruevski, FYR Macedonia", sto e golema razlika. I vtoro, ne znam od koi pricini, no Premierot koga ja primase nagradata bese bez bedj...
Од: Mile Bardaklija
Датум: 07.06.2008 00:42:40
Prekrasna kolumna. Kratko i jasno. PS: Nemoj da ni se sluci branjeki go ustavnoto ime i ne sakajki da razgovrame za problemot tamu kade sto treba i so onie so koi treba, da ja odbranime referencata FYROM!
Од: krste
Датум: 07.06.2008 10:03:17
Mnolgu e rano za vakvi tekstovi i vakvi spustanja.Dokolku doticnata "novinarka",go dozivea kako poraz na premierot negovoto pojavuvanje so privremenata referenca vo SAD,ne znaci deka se soglasuva so nejze.Zosto smrdena edna ne se pozanimavas so toa koj ni go zakaci da ja imame taa referenca.Aku Makedonija dozivea barem vo nesto da e vo top 10,od tebe ne zasluzuva nikakvo vnimanie tuku uste ke se zanimavas so toa dali nie ke go smenime imeto. Makedonija e edna i edinstvena tezok e patot do celosna samostojnost no ke uspeeme.A ti se nadevam deka so vakvite pisuvanja poleka no sigurno ke ostanis bez rabota bideki ovaj vesnik poveke nema da se cita,zatoa sto e antimakedonski sram da vi e!
Од: Bagdad
Датум: 07.06.2008 10:08:53
Abe braka ne za dzabe sum tuka vo Irak citam i se nerviram .Samo so puska vo race da im se pokaze na tie ciganite.Sram za onie sto ke otidat vo ciganskata zemja na odmor.Tuka se gleda koj e Makedonec.
Од: Makedonec vo EU
Датум: 07.06.2008 10:19:33
FYROM e 'delo' na SDSM i Kiro, koe Gruevski go nasledi. Interesno e kako vesnik koj otvoreno e pro-SDSM, gi kritikuva 'delata' na istata taa partija. Mozebi eden den Gruevski kje go obvinite i za kriminalnata privatizacija i za TAT?
Од: Стојко
Датум: 07.06.2008 11:20:32
Се што е кажано во статијава, е вистина над вистината но,кому : на глуви и слепи при уши и очи,на недоветни?!Така барем изгледа,спрема се`она што го гледаме и слушаме,а се случи и се случува овде кај нас,со наш благослов.
Од: Taња
Датум: 07.06.2008 11:58:01
Оваа авторка е тенденциозна веќе подолго време. Искрено, не сум го видела беџот на медиумите, но гледам, според другите коментари на читателите, дека сепак има и друга вистина. Се вознемирувам од нејзините бедни исмевачки ставови („правиме циркуси по спортските натпревари, по авионите“) кон луѓето кои реагирале локално, но достоинствено, човечки и единствено можно! И престанувам да ја читам понатаму.
Од: Трпејца
Датум: 07.06.2008 12:28:35
Еј еј ПАТРИОТИ каде сте? Од толку патриотизам што го просипавте, особено во предизборието, еве стигна првата фактура. Изгледа не само ИМЕТО туку ќе останеме и без ПРЕЗИМЕТО! Имале право старите:со деца не се оди во амам, ќе ти го изедат сапунот!
Од: Citatelka
Датум: 07.06.2008 14:14:32
E,zatoa mislam deka ne treba,barem ne do zavrsuvanje na izborite vo 2009,liderite na partiite sto se pojavija so sloganot "Sonce" na nedamnesnite parlamentarni izbori da apstiniraat od svoite funkcii vo partiite.Treba da se prifatat,i odsega da ja vodat kampanjata za idnite lokalni i pretsedatelski izbori.Potoa-ke imaat vreme za prestruktuiranje vo partiite barem uste tri godini-koga ke se definiraat novi lideri,ako se pojavat vo nivnite redovi.Vaka kako da i se pogoduva na vlasta-pobedeni sme,ne nema,pravete sto sakate.pa tie imaat odgovornost kononie sto im veruvaat deka Makedonija ke ja izvlecat od ovaa nebidnina.
Од: doma
Датум: 07.06.2008 14:22:51
Za razlika od novinarkata smetam deka pobedata vo sporot za imeto se steknuva doma.Grueski toa go znae i prviot čekor go napravi so dobieni 64 pratenici. FIROM e nasledstvo(majka i tatko ne možete da izberete),so koe što Grueski dobro se nosi.Vo naslednoto pravo važi praviloto deka naslednikot gi nasleduva i pobaruvanjata i dolgovite(i dobroto i lošoto od predcite). Dali e podobro stalno ime;1.Republiak Skopje(Makedonija),2.Republika Nova Makedonija,3.Republika Gorna Makedonija od privremenoto ime Poranešna jugoslovenska Republika Makedonija(istoriski fakt).Prašanjeto e retoričko.
Од: Tatyana
Датум: 07.06.2008 15:16:46
Koga ne prisustvuvate na samiot chin na dodeluvanje na nagradata i ne znaete sto se sluchuvalo tamu,se gore napishanoto e vo edna ironija koja ne e svojstvena na novinarskata etika i kodeks.Namesto da pishuvate poopshirno za nagradata vie pishuvate za detalite za koi mislite ke ja obezvrednat taa nagrada vo ochite na chitatelite.
Од: Митко
Датум: 07.06.2008 15:56:22
Крамарска сигурно била на Марс кога Бранко и Ќиро го смислија тоа ФИРОМ. Сега за неа и остала сдсмовска багра, тоа боде очи. Ма европејци се бре, нема збор!
Од: Vesna
Датум: 07.06.2008 17:31:36
pejaci, reziseri se otkazuvaat od nastapi radi taa referenca FYROM, a nasiot premier duri i ja primi nagradata.Bedno.Bedno...
Од: Др. мед. Крсте Н.поп/Стефанија
Датум: 07.06.2008 22:38:24
да идете у пичку мајчину југо болшевичко кумровско копиле вебмастеру крсте поп/стефанија
Од: МиткоК
Датум: 08.06.2008 01:17:04
Господата „благонадежни и благополучни лавчета“ ќе мораат да сфатат дека тие се на власт веќе две години и не може вечно некој друг да им биде виновен за се` . На Гвујо , а и сите други (овие што пишуваат коменатри) за се е крив некој друг (Киро, Бранко, СДСМ) , ама тоа не може така вечно - еден де овој народ ќе побара отчет за сета магла што ја продавате и на крај во Балканската крчма ќе мора да се платат сметките . За жал овој народ доби таква власт каква и што заслужува , која многу бргу ќе си ја покаже правата / диктаторска фаца бидејќи демократскиот капацитет им е многу мал. Тие се за нови голи отоци, за тортура на неистомислениците , за крв се жедни. Но стапот секогаш има два краја
Од: Вебмастер „Утрински“
Датум: 08.06.2008 10:25:23
Гсоподине Поп-Стефанија, благодарам за „придавките“, кои ќе ги објавам за да се види Вашата докторска култура што ја практикувате во културна Словенија. Веќе не сте добредојдени да коментирате на овој сајт
Од: Potomok na Aleksandar
Датум: 08.06.2008 16:19:31
Gospogo Kramarska jasno edeka ste simpatizer na SDSM. Ako e taka kako shto pishuvate Gos Gruevski treba da si dade ostavka i da ja napushte politikata i da muse izvini na Makedonskiot narod za svoeto licemerstvo.No ako nee taka togash gospogo Kramarska treba vie da ja napushtete ovaa profesia. Novinarstvoto bara profecionalizam shto nemozam dago vidam kaj vas!. I dave potsetam gospogjo najgolemiot stram shto im go nanese na Makedonecot kade i da e, e tokmu SDSM so prifakane na referncata (firom) koja trebashe da bide za 3 meseci eve stanaa 17 god. Go obvinuvate Gruevski za rezilot shto go napravi SDSM i bivshiot prtsedatel gos Gligorov. Ajde dosta tresete gluposti ne mozete na magareto udrete na samarot gos Kramarska ne znaci deka 5 dezinformacii ke stanat edna vistina

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Високиот трговски дефицит закана за девизните резерви
Грчки полицајци принудиле македонски камионџии да чистат ѓубре на граница
Грција дојде на дното
Зденко
Американска шлаканица за изборите
Кацин- Грција провоцира конфликт со Македонија
Турскиот суд против муслиманските шамии
Походот кон Белата куќа
Андов се повлекува, Петковски не размислува за оставка
Европа во фудбалска треска
Карикатура
Матурантите во трка со времето да ја положат матурата
Мигел Деското Брокман
Verbatim