Брoj 2706  сабота, 07 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Грција дојде на дното

Димитар Чулев

Грција го достигна политичкото дно на хистеричната антимакедонска политика - ако дно и воопшто може да се достигне - откако му забрани на македонскиот претседател авионски да отпатува на состанок на тема „Дијалог на цивилизациите“ што се одржува во Атина.

Од македонскиот шеф на државата Бранко Црвенковски било побарано да одбере „алтернативен начин“ да пристигне на Самитот на шефови на држави и на влади од Југоисточна Европа, за што добил покана лично од грчкиот колега Каролос Папуљас и од коорганизаторот, првиот човек на УНЕСКО Коичиро Мацура.

Да биде нискоста под секое ниво на меѓународно прифатениот „бонтон“ и протоколи со кои точно се прецизира начинот на кој еден претседател на држава патува во друга, Кабинетот на Црвенковски за промената на неговото патување бил известен не од домаќинот, претседателот Папуљас, туку од полудипломатското претставништво на Грција во Скопје кое е формирано според одредбите на Привремената спогодба меѓу „првата и втората страна“ потпишана во 1995 година под диктат на Ричард Холбрук, а заради „нормализирање на односите меѓу двете земји“.

Во една таква рашомонијада, на Кабинетот на претседателот и не му остануваше ништо друго, туку културно да ја одбие поканата со забелешката дека „оваа постапка е спротивна на меѓународните норми и принципи и не придонесува за развојот на добрососедските односи и на заложбите за споделување на заедничките европски и демократски принципи“.

Да не се залажуваме, инцидентот можеби е посебен поради високото ниво на делегацијата на која во Грција не и' е даден пристап. Меѓутоа, и суштински, тоа е само уште еден во низата дипломатски притисоци кои постојано се на ниво на скандалозно однесување на Грција кон северниот сосед.

Само како потсетување, во врвот на грчката антимакедонска хистерија во првата половина на деведесеттите, кога Македонија беше под дваесетмесечно грчко ембарго, брачен пар од Грција не можеше да посвои дете од Македонија, бидејќи „било увезено од земја која Атина не ја признава“.

Следуваа пребојосување авион на МАТ во Крит, кинење на ознаките МК на македонски возила и замена со лепенките ФИРОМ, малтретирања македонски туристи и скандали на сите меѓународни форуми каде што се претставувала Македонија под уставното име.

Но, со рампата за Црвенковски, работите добиваат на тежина и, дефинитивно, ја разголуваат ноторната вистина дека на Грција и воопшто не и' е б��тно нормализирање на односите со Македонија, кои, наводно, биле блокирани поради нивните национални фрустрации поврзани со терминот Македонија употребувани од други.

По НАТО-самитот во Букурешт и блокирањето на приемот на Македонија во Алијансата (што се коси со почитувањето на Привремената спогодба) станува јасно дека Караманлис и Бакојани немаат ни приближна намера да го решат спорот со името, за што постојано го обвинуваат Скопје, иако медиумски упорно бараат, наводно, заеднички прифатливо решение зашто сакале да ни бидат најдобри соседи.

Вистината е дека и последната постапка, која дојде 48 часа по обидот на грчки мировници да минат низ Македонија како низ „ничија земја“, е само дел од концептот на Атина против се' што е македонско.

Осамостојувањето на Македонија во 1991 година ја алармираше Грција дека држава со такво име можеби ќе влијае (негативно) на македонското малцинство кое таа не го признава.

Сега е на потег македонска Влада, која веројатно во наредните часови (како што дознаваме) ќе испрати демарш до Грција, а за однесувањето на Атина ќе ги извести меѓународните институции и поединечните земји.


Статијата е прочитана 1746 пати.

Испрати коментар

Од: IGOR
Датум: 07.06.2008 00:15:16
I sto od seto ova g-dine Culev,nie mislime deka vo Brisel i se stresoa gakjinjata,a niv nisto ne im e bitno koga sme nie vo prasanje vprocem Fuere do sega go nemame slusnato kako pretstavnik na EU da sroci 2 reda za odvratnoto ponesuvanje na nivna clenka Grcija,tie vo Brisel i ponatamu gi lecat stresovite so poracki na internet i toa poracuvaat gakjinja so Akropol na zadnata strana. Fino lepo da si se spremime za najlosoto po koj znae koj pat,barem neka se izdogovorat site komsii zaedno da pravat zulumi,a ne vaka sekoj 5-6 godini da se zaebavame so nivnite komplexi.
Од: Itar Peyo
Датум: 07.06.2008 00:16:38
Neznam dali Grcija go dostigna dnoto ili moze da padne uste ponisko. Problemot e vo toa sto ni sedi na glava.
Од: emil
Датум: 07.06.2008 00:18:56
Ne e cudno sto se povtoruva istorijata. Za vreme na Filip mkedoncite bile narekuvani varvari i sekogas im bilo zabraneto da ucestvuvaat na olimpiskite igri. Ovoj pat istoto se slucuva samo posle dvaeseti tri veka. Samo ako ima gospod mislam deka nekoja kataklizma dobro ke gi strefi, pa ke bidat pomali i od makovo zrno. Znam deka ne e covecki ova sto go pisuvam , megutoa grcite toa go zaslizuvaat
Од: DASHO
Датум: 07.06.2008 00:58:43
Apel do siteMakedonci i gragani na Republika Makedonija."Ve zamoluvam ne samo da gi bojkotirame Grcite za odmor I za kampanjata ne kupuvajte Grcki proizvodi tuku da gi raskineme site odnosi so niv,vlada ,biznis,bukvalno se''I eden apel do Vladata na Premierot Gruevski da gi prekrati site ponatamosni pregovori za imeto zatoa sto na prv plan nemase i nema potreba so nacisticka zemja kako sto e grcija voopsto da se pregovara za nesto.Zatoa sto mislam deka Gruevski im go dolzi toa na Tri Tretini od naselenieto sto glasavme za nego.
Од: SS
Датум: 07.06.2008 03:05:39
Gospod da ni pomognel. A be i toj ke ne zaboravi gledajki deka nie samite ne mrdnuvame so prst da si pomognime. Niedna vlada do sega ne go zela seriozno da go resava problemot so imeto.Treba da se vodi po agresivna politika bidejki samo taka ke se izlezi na kraj so Grckite bolni politicari. Ova sto ni go pravat e golema navreda za sekoj od nas,a nie seuste spieme i cekame nekoj drug da ni go resi problemot.
Од: voivodata
Датум: 07.06.2008 06:17:18
Dokoga ke gi traeme tija grci ukinete site diplomatski odnosi i da si odime pri Rusite.BRISEL togava ke se sepne Makedonija na MAKEDONCITE.
Од: don kihot
Датум: 07.06.2008 09:51:22
Interesno nieden vesnik vo Germanija, ne objavuva bukvalno nisto za ovoj Balkanski spor megu dvete zemji.Za losite izbori napisaa se i sesto, a koga e vo prasanje delitantnoto odnesuvanje na "nivnite" grzinja toa namerno se prikriva.Vreme e da razmislime vo koj pravez da go vodime kormiloto, na "brodot "sto e vo opasnost da potone,;dali kon Brisel ili nakaj Moskva.Pregovorite za imeto se bezvredni i sega mislam treba da se prekinat.Evropa poftorno po kojznae koj pat , se kurva so nasiod sosed, zad nas grb.Zatoa Grzija tolku sovinisticki se odnesuva so nas,ima podrska od svojata kurtizana.
Од: Makedonec vo EU
Датум: 07.06.2008 10:12:14
Gruevski pravo vo Brisel. Iten sostanok so pretstavnici na EU. Prezentiranje na SITE incidenti dosega i najava na nase EMBARGO kon Grcija, se dodeka odnosite ne se normaliziraat. Makedonski gragjani bile maltretirani vo EU, na avion na MAT ne mu e dozvolen prelet vo EU, Makedonski Pretsedatel ne bil pusten vo EU - i Evropskata Unija e taa sto treba da odgovori na site prasanja. Se nadevam deka Makedonija kje pokaze deka ima 'rbet.
Од: monika
Датум: 07.06.2008 10:45:59
Ako e nekoj na dno toa sme nie a ne Gr,skoro bev vo Atina abe nie sme pustelija vo sporedba so niv,se funkcionira,izvonredno metro,restorani hoteli,ostatoci od antika na sekoj cekor,ednodnevni i povecednevni krstarenja....pa toa e raj...daleku od dnoto...a Crven moze da patuva so redovna linija kako sto go pravese Gligorav da ja stedi drzavata a ne kako mu dolikuvalo na eden pretsedatel..jakata/golemata drzav.....a sansa nesto da ustedime a sto fajde ima ako otide tamu???dali gr pretsedatel ce dojdese vo Mak na slicen sobir.....?spiete makedoncinja.......
Од: pukna čirot
Датум: 07.06.2008 15:12:50
Odličen novinarski tekst. Pravilen zaklučok dobien po induktiven pat. Golem doprinos kon razobličuvanjeto na grčkiot iracionalen stav za imeto. "Pri sekoja glupost,koja što vo javnosta ili vo opštestvoto će bide izrečena,ili vo kniževnosta napišana i dobro primena,ili barem ne e soborena,ne treba da očajuvame i da mislime deka toa će ostane taka;naprotiv,treba da znaeme deka poleka rabotata će bide preživuvana,osvetlena,promislena,izmerena,raspravana i deka na kraj,vo najgolem broj slučaevi,će bide donesen točen sud,taka da posle vremeto što odgovara na težinata na rabotata,site će go pojmat ona što bistrata glava go videla vednaš.No za toa vreme mora da se strpime(Šopenhauer,"Paraneze i maksime")."
Од: Др. мед. Крсте Н.поп/Стефанија
Датум: 07.06.2008 22:05:50
Њубчо Георгиевски уште пред години во њубњана им рече на грците оту нивните ставобви кон Македонија се контрапродуктивни за нив!? крсте поп/стефанија
Од: petar
Датум: 08.06.2008 08:08:38
Kolku i da imame pari, ako nemame identitet - dushata e prazna i ne si nikoj i nishto. Ako imash polna raka, a prazna dusha - ti si pak siromav i pak nemash nishto. Makedonski Narode mora da se izdrzi,mora da se raboti makotrpno i uspehot e neizbezen.Za koleblivcite vo Makedonija nema mesto i ne smee da ima.Da zivee Makedonija i makedonskiot narod gospod da go cuva kade i da e!
Од: kate
Датум: 08.06.2008 11:00:19
IGOR se soglasuvam deka Fuere dosega nema kazano ni dva zbora za nivnata destruktivna clenka Bivsa Otomanska Provincija HellAss!Jas ke ti kazam koj e kriv za toa:NOVINARITE! Mesto da bojkotiraat samiti i da se setaat na sopinzi po evropskite zemji,trebaa da sednat i da gi izresetaat Bakojani,Solana,Fuere,Ren,Karamanlis... I toa so direktni prasanja,pr. Koga Grcija planira da POCNE da gi pocituva covekovite prava i da GI PRIZNAE SVOITE MALCINSTVA?Do koga EU planira da bide SOUCESNIK I SOIZVRSITEL na grckiot GENOCID vrz SE sto e MAKEDONSKO?Zasto na GR. ne i smetase imeto i jazikot na Makedoncite pred 1991(Ambasada na GR. vo S. Republika MAKEDONIJA, Del od naselenieto vo Gr. govori MAKEDONSKI jazik...)?Zasto EU postavuva uslovi na zemjite kandidati za clenstvo,za priznavanje i davanje na site prava na malcinstvata, a toa ne go bara od svoite CLENKI? LOBIRANJE e potrebno!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Високиот трговски дефицит закана за девизните резерви
Грчки полицајци принудиле македонски камионџии да чистат ѓубре на граница
Зденко
Американска шлаканица за изборите
Патриотизам за по дома
Кацин- Грција провоцира конфликт со Македонија
Турскиот суд против муслиманските шамии
Походот кон Белата куќа
Андов се повлекува, Петковски не размислува за оставка
Европа во фудбалска треска
Карикатура
Матурантите во трка со времето да ја положат матурата
Мигел Деското Брокман
Verbatim