Вознијачки и Ѓоковиќ го освоија Пекинг
Данската тенисерка Каролина Вознијачки триумфално го заврши својот настап на силниот ВТА турнир во Пекинг. Во финалето славеше над Русинката Вера Звонарева со 6:3, 3:6, 6:3.
„Пекинг, доколку тениски гледам, е мојот најдраг град. Фантастично е да се стигне до првото место на ВТА ранг-листата и мило ми што успеав да го потврдам тоа со квалитетните игри преку целата недела. Навистина чувствувам дека можам да победам секого. Во мечот за титулата постојано си велев дека морам да останам фокусирана и да не прекинам да трчам“, рече Вознијачки.
Финалето во Пекинг беше дуел меѓу првите две носителки на турнирот, а за Вознијачки прво финале како најдобра светска тенисерка.
Србинот Новак Ѓоковиќ, пак, ја одбрани титулата на машкиот дел од турнирот во Пекинг по лесната победа во финалето над Шпанецот Давид Ферер со 6:2, 6:4. Со самиот пласман во мечот за титулата српскиот тенисер обезбеди учество на завршниот турнир во Лондон ��д 21 до 28 ноември. За него ова беше втора турнирска победа сезоната, вкупно 18 во кариерата и шеста на турнирите од серијата 500, која му донесе половина милион долари. |