Урнат рекорд стар 42 години - два гола во 6 секунди
Дејвид Бекис и Енди Мекдоналд го соборија клупскиот рекорд стар цели 42 години постигнувајќи два гола за само шест секунди, во првата третина од мечот Сент Луис - Анахајм (5:1). Тоа се случи пред крајот на четвртата минута од воведниот дел (3,53 мин и 3,59 мин) со што е надминато остварувањето на Дон Меккени и Френк Марсил направено 1968 година во мечот со Минесота. |