Ливерпул на суд, Сингапурците во игра
НЕСВ се надева дека продажбата што ја одобри Премиер-лигата ќе добие зелено светло и на суд, а против тоа се борат бившите сопственици
Судбината на Ливерпул ќе биде решена во собата број 16 во судот во Лондон, а сослушувањето е трето по ред. За се' да биде повозбудливо се погрижи сингапурскиот милијардер Питер Лим, кој во последен момент се вклучи во трката за сопственоста над славниот клуб.
„Питер и прати писмо на управата на клубот. Подготвен е да ја подобри понудата“, потврди претставничката за медиуми на компанијата на Лим.
Таа објасни дека нејзиниот газда стои зад мистериозната понуда од Азија во вредност од околу 300.000 милиони фунти, која сепак, не беше доволно добра во споредба со ковертот што стигна од „Њу Ингланд Спортс Венчрс (НЕСВ)“.
Сопствениците на безбол тимот Бостон Ред Сокс се огласија преку „Твитер“ и со поздрав до навивачите на Ливерпул порачаа дека не сакаат ништо да прејудици��аат, но дека навиваат за истата работа како и сите љубители на „црвените“.
НЕСВ се надева дека продажбата што ја одобри Премиер-лигата ќе добие зелено светло и на суд, а против тоа се борат сега веќе бившите сопственици Том Хикс и Џорџ Џилет. Тие двајцата сакаат да ја соборат продажбата и да го пробијат рокот 15 октомври за враќање на долгот кон Кралската банка на Шкотска. Со тоа да го одведат клубот во стечај и така да сочуваат повеќе од 100 милиони фунти.
Доколку тоа се случи Ливерпул веројатно ќе загуби девет бода, НЕСВ ќе се откаже од купувањето, а според некои информации Сингапурците во тој случај би го презеле клубот.
Мурињо: Во АнглиЈа наЈмногу се поЧитува играта
Тренерот на Реал, Жозе Мурињо, смета дека во Шпанците и Италијанците повеќе го сакаат денот пред натпреварот отколку самиот натпревар. Односно дека во Англија најмногу се почитува самата игра.
Португалецот вели и дека негов најголем пријател тренер е Алекс Фергусон, а на својата листа „зошто најмногу ја сакам Премиер-лигата“ го додаде и односот на медиумите и навивачите кон секој викенд.
„Не постои ниту едно интервју во шпанскиот печат во кое не се споменува моето име. Замислете уште да ме загрижуваат такви работи. Затоа повеќе ја сакам Англија. Тука и во Италија има многу навивачи кои живеат за денот пред натпреварот, а не за самиот натпревар“, вели бившиот тренер на Челзи и на Интер.
„Но, тоа не значи дека сум хендикепиран што заминав од Англија. Напротив богатсво е да се работи во сите овие земји. За разлика од оние тренери кои целата кариера ја минуваат во еден клуб, во една култура“, додава Мурињо. |