Број 3405  среда, 13 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Спорт

Дејвис куп повторно во Македонија

Од 9 до 15 мај 2011 година во Скопје ќе се одржи турнирот од Третата група на Евроафриканската зона

Роберт Димитриевски

Меѓународната тениска федерација (ИТФ) и' ја додели на Македонија организацијата на турнирот од Третата група на Евроафриканската зона од Дејвис купот, кој ќе се одржи од 9 до 15 мај 2011 година на терените на Југ во Скопје. На турнирот треба да настапат 12 репрезентации, кои ќе бидат поделени во две групи и ќе се натпреваруваат секој со секого, по што најдобрите четири ќе се вкрстат по системот 1А-2Б и 2А-1Б, а финалистите ќе изборат пласман во Втората група. Ако сите засегнати федерации го потврдат учеството, во Скопје ќе настапат трите европски селекции што испаднаа од Втората група, и тоа Македонија (51. на ИТФ-листата), Турција (86.) и Норвешка (88.), како и Грузија (62.), Молдавија (78.), Црна Гора (82.), Ерменија (93.), Андора (95.), Исланд (100.), Малта (112.), Сан Марино (115.) и Албанија (131.).

„Добра вест за македонскиот тенис, бидејќи по натпреварот со Босна и Херцеговина пролетоска во Велес повторно ќе бидеме домаќини во Дејвис купот. Тоа ни дава поголеми шанси да се вратиме во Втората група, но само ако претстојното време го искористиме за консолидирање и за турнирски настапи на репрезентативците. Задачата нема да биде ни малку лесна, посебно ако, на пример, за Турците настапи Марсел Илхан, кој е 103. на АТП-листата. Црногорците го имаат Горан Тошиќ (343.), Молдавците Раду Албот (533.) и Андреј Горбан (596.), а Грузијците Иракли Лабаѕе, кој пред шест години беше 42. рекет во светот“, вели македонскиот селектор Дејан Маринковиќ. За изгледот на македонскиот тим тој нема дилеми.

„Кој ќе игра турнири, посебно во март и во април, ќе игра и за репрезентацијата. Евидентно е дека Предраг Русевски во моментов е подобар од сите наши помлади тенисери, но и за него важи дека мора да биде подготвен, исто како за Томислав Јотовски, Стефан Мицов, Димитар Ристовски и другите кандидати“, додава Маринковиќ.

Во Третата група, која од лани е раздвоена на европска и на африканска, се играат два сингла и еден дубл, сите во два добиени сета. За промоција во повисокиот ранг ќе мора да се одиграат седум натпревара за седум дена.

Минатата година турнирот од Третата група се одржа во Атина, а пласман во Втората изборија домаќинот Грција и Луксембург.


#
Статијата е прочитана 296 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Штипски фудбалски мајстори
Металург против Иври, Пелистер со Реале Адемар
Коњичкиот Куп на Македонија во знак на Димитров
Зелено светло за трката во Кореја
Брет Фавре оствари рекордни 500 додавања за тачдаун
Ливерпул на суд, Сингапурците во игра
Урнат рекорд стар 42 години - два гола во 6 секунди
Вознијачки и Ѓоковиќ го освоија Пекинг






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia