Штипски фудбалски мајстори
Драган Христовски, Влатко Костов, Ристо Милосавов се меѓу најпознатите имиња на штипскиот фудбал
Миодраг Мицковиќ
Во изминатиот период читателите на „Утрински весник“ ги запознавме со најпознатите фудбалери до Струмица, Битола и Прилеп кои ги прославија фудбалските овие градови настапувајќи запознатите клубови во странство и во Македонија. Ги претставивме и нивните најдобри состави, имавме и помош од нашите читатели кои ни помогнаа да се потсетиме на некои веќе заборавени имиња.
Денес ќе се обидеме да се потсетиме на најдобрите фудбалери од Штип кои играа во странство, настапуваа и за репрезентацијата на Македонија, за Вардар, Пелистер, Победа, Силекс...
Тешко ни беше да се одлучиме со кои фудбалери да го започнеме овој текст. Сепак, на крајот се решивме за нашиот најтрофеен, јасно, поранешен клуб Вардар бидејќи повеќето познати фудбалери од Штип го носеа „црвено-црниот“ дрес на скопскиот ��иленик. Драган Христовски е прв кој го облече дресот на Вардар, потоа играше за Црвена звезда, Олимпија, Напредок (Крушевац). За Вардар настапуваше и Влатко Костов, денес еден од нашите најдобри тренери, кој има играно и за Пелистер и Локомотив од Софија.
Дресот на Вардар го носеле и голманот Љупчо Лазаров, кој се прослави и на голот на Тетекс, кариерата ја заврши во Верија, потоа Никола Штериев, кој има играно и за Пелистер, Ристе Наумов кој беше и член на Славија од Прага, Михајлче Маџунаров, кој има настапувано за повеќе клубови меѓу кои и за Тетекс, играл и во Торонто. Да не го заборавиме и корпулентниот Васил Коцев, кој го носеше дресот и на белградски Партизан, Пелистер и Раднички од Ниш.
Освен Влатко Костов во Бугарија имаат настапувано Ристо Милодавов за ЦСКА (Софија) и Добруџа како и Влатко Давитков исто така во Добруџа, но и за Силекс. Голем број фудбалери на Брегалница го носеле и се' уште го носат дресот на Силекс: Трајче Сенев, Душко Андонов, Михајло Донев, Ангел Нацев, Љупчо Колев, кој бранеше и за Тетекс, членови на Пелистер беа Лазар Илиев, кој сега игра за Металург. Една сезона за Тетекс бранеше Петар Кертаков, да не го заборавиме и голманот Симеон Ефремов кој бранеше и беше тренер во Тунис, кариерата ја заврши во Грција, потоа уште еден голман Методи Папаров, кој беше на голот на Куманово кога играше во Првата лига на Македонија.
Легендата на штипскиот фудбал Стојан Арсов беше столб на одбраната на прилепска Победа, Драган Иванов е единствен штипски фудбалер кој играл во Хрватска, за Задар, пред тоа за Силекс и Работнички, како и Димитар Маџунаров, кој настапуваше во клуб од Исланд.
Солиден состав, можеби некој фудбалер кој играл надвор од Штип сме заборавиле, но тука се нашите читатели да не потсетат.
На крајот, се обидовме да составиме еден тим од штипските фудбалски мајстори како што ги нарековме.
Љупчо Лазаров, Симеон Ефремов, Никола Штериев, Васил Коцев, Драган Христовски, Влатко Костов, Стојан Арсов, Ристе Наумов, Влатко Давитков (Ангел Нацев), Ристе Милосавов, Мијалче Маџунаров (Трајче Сенев), Драган Иванов (Лазар Илиев).
Составот е навистина силен, според овие имиња може да се види силата на штипскиот фудбал. |