Број 3405  среда, 13 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Спорт

Зелено светло за трката во Кореја

Директорот за трки на ФИА по инспекцијата издаде лиценца за гран-прито на 24 октомври

Интернационалната автомобилистичка федерација даде зелено светло за инаугуралната Голема награда на Јужна Кореја во Формула 1 за десетина дена, соопшти вчера организаторот како одговор на загриженоста дека патеката нема да ги исполни стандардите. Патеката во Јеонгам, која се наоѓа на околу четири часа возење од главниот град Сеул, ја помина последната инспекција од директорот за трки при ФИА. Трката во Јужна Кореја е закажана за 24 октомври, но беше прашање дали патеката ќе биде подготвена навреме, со оглед на одложувањата што ги поместија инспекциите, кои првично беа предвидени за минатиот месец.

„Патеката во Кореја е конструирана според највисоките стандарди и ќе стане епицентар на мотоспортот во државата“, изјави шефот на организаторот КАВО, Чунг Јунг-чо.

Откажувањето ќе имаше големо влијание врз епилогот на г��динашниот Светски шампионат, во кој петмина возачи се борат за титулата на три трки до крајот од сезоната. Австралиецот Марк Вебер од Ред бул го зголеми своето водство на 14 поени откако заврши втор во Јапонија викендот, зад својот тимски колега Себастијан Фетел.

Зеленото светло од директорот за трки при ФИА, Чарли Вајтинг, дојде по неговите инспекции на „тазе“ завршената патека, со што се отстранети стравувањата за откажување на првата Корејско гран-при, имајќи предвид дека последниот слој асфалт беше ставен минатата седмица. Вајтинг му напомна на организаторот дека ќе издаде официјална лиценца за патеката по инспекциите на самото место за да провери дали конструкцијата ги задоволила инженерските барања, вели КАВО во своето соопштение. Според организаторот, Вајтинг изразил задоволство од иновативната поставеност на патеката, која ќе ги приближи гледачите до патеката, истовремено гарантирајќи им ја безбедноста.

Ниту еден од тимовите не очекува совршени услови, но тие се надеваат дека патеката нема да предизвика премногу проблеми во време кога постојаноста е клучна. Јужнокорејските автопроизводители се надеваат дека гран-прито ќе помогне во подобрувањето на имиџот на земјата како високо квалитетен производител, со оглед на израснувањето во еден од најбрзо растечките извозници на автомобили во светот. Откажувањето ќе значеше тежок удар за плановите на Јужна Кореја да го изостри својот профил на бизнис и туристичка дестинација со значителното инвестирање во глобални настани, вклучувајќи ги гран-прито и самитот на Г20 наредниот месец, како и кандидатурата за домаќин на Зимската олимпијада во 2018 година.


#
Статијата е прочитана 212 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Штипски фудбалски мајстори
Металург против Иври, Пелистер со Реале Адемар
Дејвис куп повторно во Македонија
Коњичкиот Куп на Македонија во знак на Димитров
Брет Фавре оствари рекордни 500 додавања за тачдаун
Ливерпул на суд, Сингапурците во игра
Урнат рекорд стар 42 години - два гола во 6 секунди
Вознијачки и Ѓоковиќ го освоија Пекинг






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia