Брoj 2696  вторник, 27 мај 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Украдени предаватели на ТВ Алсат М и Арт

Од ЗНМ го оценуваат случајот како атака врз слободата на информирањето

Гојко Ефтоски
Светлана Унковска

ТЕТОВО - Предавателите на локалната ТВ Арт од Тетово и на националната ТВ Алсат М, со кои со телевизиска програма се покрива Тетовско-гостиварскиот регион, биле украдени и однесени од непознати сторители. Во СВР-Тетово портпаролот Марјан Јосифовски го потврди инцидентот, наведувајќи дека репетиторите биле поставени во близина на селото Теново, од каде што зрачеле на територијата на Полошкиот регион. Од Здружението на новинарите на Македонија случајот го оценуваат како атака врз слободата на информирањето и бараат сторителите веднаш да бидат откриени и казнети. СВР-Тетово, пак, вели дека ова е втора ваква кражба на предаватели од истиот објект што се наоѓа на брдото Горица над селото Теново и дека сопствениците ништо не презеле за нивно обезбедување.

Според Мухамед Зеќири, главен и одговорен уредник на Алсат М, кражбата била изведена професионално, а ова е втор пат од истиот репетитор да им биде украдена опрема. Првата кражба се случи пред околу 6 месеци, кога, како што истакнува Зеќири, прво добиле закана од заменик-министерот за внатрешни работи, Рефет Елмази, дека ќе им поднесе кривична пријава за известувањата за акцијата во тетовски Бродец, по што набргу потоа се случила и кражбата.

„Овој пат ни е украдена комплет опремата, репетитор, примач на сигнали, трансмитер и уште некои други делови, со што вкупно е направена штета од околу 20 илјади евра. Кражбата ја пријавивме во полиција исто како и првиот пат кога ни украдоа дел од опремата, случај за кој се уште нема разврска“, вели главниот уредник Зеќири.

Според сопственикот на ТВ Арт, Артан Скендери, во истиот објект има сместено предаватели на телевизиите Сител, Телма, Алсат М, МТВ и локалните Кис, Коха и Арт и крадците точно знаеле што земаат. На другите телевизии нема никакви оштетувања.

„Очигледно станува збор за сторители кои биле добро упатени како да ја извршат кражбата. Иако предавателите биле под напон, крадците со гумени ракавици најнапред ја исклу��иле струјата, а потоа ја одзеле опремата“, нагласува Скендери, кој притоа рече дека веќе три дена ТВ Арт е без програма во Полошкиот регион. На новинарско прашање дали зад оваа кражба има политичка заднина, Скендери смета дека „СВР треба да ги пронајде извршителите и да ја каже причината, зашто со оваа кражба им е нанесена најголема штета на демократијата и на правото на слободен израз и со овој чин сме охрабрени да продолжиме да работиме праведно и независно за да ја надградуваме довербата кај гледачите“, коментираше Артан Скендери.

Здружението на новинарите на Македонија го оценува случајот како атака врз слободата на информирањето и бара веднаш да се расчисти.

„Нападите се насочени кон точно определени медиуми кои некому не му се допаѓаат. Обидите да се замолчи јавноста во Македонија стануваат се' почести и поинтензивни. Се кршат камери, се краде опрема, се тепаат новинари, им се пресудува најостро. Сите актери во овие нечесни игри треба да се прашаат дали на овој начин се гледаат себеси во Европа, каде што владеат демократијата и слободата на информирањето“, се вели во реакцијата на ЗНМ.








Статијата е прочитана 309 пати.

Испрати коментар

Од: Timi
Датум: 27.05.2008 00:34:45
so Diktatori kako gruevski i kako thaqi ne se ide vo evropa..... no vaka ne moze mora ednas za sekogas da prestanat ovie gluposti.....
Од: Ole
Датум: 27.05.2008 06:07:21
Abe zarem ocekuvate Ministerkata Jankulovska da go reazotkrie ova???? heheheee... Pa jasno e deka "policajkata" Gordana ima tocni informacii koj go napravil toa, ustvari kako da ne znae koga i samata zaedno so Taci ucestvuva vo toa. Zimi baba mi ke gi fati heheheeee... isto kako sto gi fati lopovite sto 15 pati gi opljackaa parite od postite heheheeee....
Од: ljuba-perth
Датум: 27.05.2008 16:14:20
Do avtorite na ovaa statija. Bez razlika koja partija ke bide na vlast , sekogas postoele i ke postojat napadi i zabrani za nekoi statii. A, kako sto gledam od ovoj natpis zdruzenieto na novinarite na makedonija zapocnalo navistina da se sprema za vlez vo evropa so toa sto se potrudilo da gi zamenuva nasite zborovi so tugi [ ataka ].Dvajca novinari da storat vakov propust e navistina neverovatno. Samo veruvam deka i tamo e nema taa sloboda sto tie e baraat, a ima pravila koi navistina treba da se pocituvaat.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Светско признание за македонскиот иноватор Јоти Поповски
Што не сака Груевски да знаат гласачите
Потсмевање на пријателите
Претходен број
Зденко
Инцидентите ја загрозуваат иднината на Македонија
„Златна палма“, конечно, за францускиот филм „Меѓу ѕидовите“
Заборавени пациенти
Рен- Изборите 9. услов за ЕУ
Молебенот на г.г. Стефан во Рим ја крена на нозе Грција
Европското лице и опачина
Турнир на грбавци
Verbatim