Светско признание за македонскиот иноватор Јоти Поповски
Пречистителната станица на македонскиот иноватор инсталирана и на Антарктик
Од нашиот дописник Слободанка Јовановска
БРИСЕЛ - Службена зграда што троши нула енергија, станбени комплекси исклучиво на еколошка енергија, технологии за заштеда и заштита на околината - се проектите на иднината што се најдоа на листата на наградени на австриската фондација „Енерџи глоуб“, а официјално беа објавени на целодневна свечена церемонија во Европскиот парламент во Брисел. Меѓу нив беше и проектот на Јоти Поповски од Македонија - пречистителна станица за отпадни води која, како што изјави самиот, работи без енергија, нема потреба од резервни делови, а водата што излегува е чиста речиси колку и домашната за пиење.
Поповски беше еден од стотината наградени од целиот свет кои во конкуренција од над 800 проекти го добија ова светско признание, во присуство на поранешниот советски лидер Михаил Горбачов, поранешната министерка за екологија на Индија, Манека Ганди, и филмската ѕвезда од Боливуд, Амир Кан.
Спектаклот на кој присуствуваа и првиот човек на ЕК, Жозе Мануел Баросо, претседателот на ЕП, Ханс Герт Потеринг, и поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан, покажа на кое ниво се издига потребата од користење чиста и обновлива енергија, од нејзина заштита и од заштита на човековата планета.
Поповски, горд на иновацијата што се применува веќе десетта година, изјави дека ваквата пречистителна станица е значајна за Македонија, бидејќи има дефицит од електрична енергија што би требало да ја троши за заштита на околината. Според него, станицата се продава на три континента и е прва што е инсталирана и се применува на Антарктикот, каде што опстојува на минус 40 степени. Последната пречистителна станица на Поповски е продадена на Дубаи и е инсталирана на островот на шеикот. Со неа можат да се пречистуваат индустриските води од пиварниците, металските комбинати, од месната индустрија и слично, а функционира со инсталирање бактерии кои ја уништуваат нечистотијата. Според производителите на оваа станица, компанијата „Интермонт“, нејзина предност, освен некористењето енергија, е и тоа што работи на природен начин, но само 18 такви се продадени во Македонија, бидејќи повеќе им веруваме на странските технологии.
Дека екологијата не треба веќе да се запоставува најдобро илустрираше Манека Ганди, која предупреди дека со растот што го има сега Индија до 2013 година ќе ги дуплира емисиите на штетни гасови и ќе ја качи светската глобална температура за шест проценти. Таа ги посочи САД како најголеми произведувачи на штетни гасови и апелираше до сите да ја сфатат важноста на ваквите проекти.
Cestitki! Bravo! Strancite znaat da go prepoznaat i vreduvaat kvalitetot, a Makedonija gi iseluva naucnicite i intelektualcite.
Од: pogodi koj??
Датум: 27.05.2008 01:50:17
Vi blagodaram gospodine Joti, makedonija sekogash davala heroi a vie ste eden od niv vo moderniot svet na moderen nachin.
Blagodarnost od cela Makedonija
Од: S.Cvetanov
Датум: 27.05.2008 05:18:09
Bravo Joti - alal vera majstore. Za zal, vo Makedonia se prodadeni samo 18. I za uste pogolema zal, kaj nas se sto e nad prosekot, se sto se izdiga nad zabarnikot i muvlata, se sto e napredno, sto moze da donese polza, prvo se negira od nas samite. Makedonski sindrom, lek nema.
Од: tvoj prijatel
Датум: 27.05.2008 09:50:21
Bravo Joti sekogas znaese sto sakas da napravis pozdrav
Од: В од Македонија
Датум: 27.05.2008 10:35:20
Македонија рагала и ке раѓа вакви синови,само за жал таквите синови си одат од Македонија,останува само олошот од политичари кои ја цицаат Македонија.Пред 1о години заминал,или живее во Македонија незнам,ама за нашиот брат секоои честитки и уѓте да твори-засрамисе Европо тоа е Македонија,само колку имаше се секавам пронајдоци на кои македонците политичарите тогашни само се смееја и не прифакаа ништо што е напредно.Толку немале пари тие да го откупат тој патент,срамота или поважно им беше да одат на грцчките острови да ги трошат државните пари.Се што е паметно излезе од Македонија.Секоја чест на Г.дин Попоски да ни поживее и секое добро.Срам за тогашната влада која и да била не се секавам повејке од овие олоши кои и беше на власт.Лич за многу дегенерици македонски што не сакат унапредуванје на Македонија,ги бркаат едноставно паметните луге.Еј,разбудете се нека не ви бидат идоли политичарите смрт за нив секоја несрека што ја снашло Македонија .Пронајдете го Лјубе Н.кај Миленко гостинот .
Од: katerina
Датум: 27.05.2008 10:38:14
Dali treba prvo da ni oddadat priznanie vo nekoja druga zemja za da svatime kolku vredime?
Од: Диме
Датум: 27.05.2008 12:50:48
Г-дине Поповски!
Навистина ми драго за признанието што го добивте.Не знам дали ќе го читате овој мој коментар меѓутоа освен честитката сакам да ви изразам и благодарност.Имено пред две години на манифестацијата "Патент на годината" најдовте за потребно на моите деца да им посакате успех и истрајност во тоа што наумиле да го работат.Ви посакувам долг живот и уште многу вакви случувања.
Од: Andreja
Датум: 27.05.2008 15:11:07
Bravo.
Uste ednas se gleda deka kaj nas ne pominuvaat prirodnite nauki.
Samo drustveni nauki .
So niv stasavme do dnoto.
Од: Др. мед. Крсте Н.поп/Стефанија
Датум: 27.05.2008 18:08:10
Се надевам и после овој пронајдок, грчката Пандора и нејзините подржувсчи од север и исток од нас, нема да почнат да викаат оту пронајдокот бил нивни!?
И, МКТВ САТ, ВО СВОЈАТА ЕМИСИЈА „ ЗВОН„ н26.05.08, ИНФОРМИРАШЕ ЗА ОСВОЕНАТА НАГРАДА од некој си ученик од скопските основни училишта, во натпревар со програми за екологијата, и тоа дете реферираше пречистуванје на води беѕ енергија со помош на бактерии.
крсте поп/стефанија
Од: anita
Датум: 27.05.2008 18:58:12
Kolku ubava statija, golema pocit kon g-n Popovski, vakvi luge ZASLUZUVAAT da ziveat kako heroi. Tocno e deka MK ja valkaat sekakvi gjubrinja, no tie sto ragaat kako kapaciteti - za nasata mala zemja - navistina vredat, iako MK ne znae da gi ceni.
Од: Mali
Датум: 27.05.2008 19:00:09
Bravo! Sekoja Cest! Vi BLagodaram G-ne Joti sto go osvetluvate imeto na mojata i Vasata zemja na najdobar mozen nacin. vi pozeluvam uste mnogu mnogu godini uspesen zivot,mnogu nagradi! Zalosno e toa sto Makedonija se uste ne e svesna sama za sebe kolku vredi. Vi Blagodaram uste ednas sto ja potsetuvate!
Од: vesela
Датум: 27.05.2008 19:41:44
ova e potvrda deka tvrdite makedonski politicari na celo so dedo kirece ()koj otvarase i zatvarase izlozbi i koncerti a ne idustriski postrojki) se krivi za denesnata stagnacija na industriskiot razvoj vo zemjata. I jas sum edna od tie koi ja napustija Makedonija zasekogas - steta
Од: Александар
Датум: 27.05.2008 21:28:14
Б Р А В О!
Јас сум голем поддржувач на екологијата и сум против глобалното затоплување и сум многу горд што ваков проект потекнува од Македонија. Сметам дека треба да му се даде поголемо медиумско внимание!