Веќе девет штаба на ДУИ се демолирани, не се слушаат меѓународните апели
Светлана Унковска
Попусти се укажувањата, предупредувањата, пораките дека, доколку се продолжи со предизборните инциденти, Македонија ќе биде многу подалеку и од НАТО и од Европската унија. Инциденти се' уште има, иако тие во последнава недела се значително помали во однос на првиот налет на насилства. Продолжија гранатирањата на партиски штабови, пукањата и насилствата, а во однос на досегашните инциденти, незначителен е бројот на откриени сторители.
Свесни за згуснатата предизборна атмосфера, меѓународните фактори повикуваат на мирни избори, а во петокот директорот на британскиот Форин офис за Западен Балкан, Дејвид Лендсман, упати силна порака да нема повеќе изборни инциденти за Британија да ни помогне да добиеме членство во Европската унија. Но, истиот ден беше демолиран Изборниот штаб на ДУИ во гостиварската населба Леска.
Изминативе десетина дена предизборните пресметки помеѓу партиите од албанскиот блок и натаму ја преокупираа јавноста. Во средата, малку по полноќ, непознати лица во Гостиварско испукале повеќе куршуми во фабриката за пластична столарија откако претходно ја посети лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со својот предизборен карван. Во исто време во селото Градец е упаднато во Изборниот штаб на ДУИ, од каде што бил украден целиот рекламен материјал. На 18 мај во Тетовско е пукано во Изборниот штаб на ДУИ, што заедно со претходните неколку дена е деветти штаб што се најде на удар на насилниците. Од гостиварскиот разгранок на ДУИ обвинуваат дека Полошкиот регион го крстосуваат и сомнителни групи кои се закануваат дека ќе бидат кренати во воздух објекти што се отстапени како партиски штабови на ДУИ.
Откако не се успеа да се обезбеди мирна предизборна атмосфера, сега целото внимание е насочено кон тоа барем денот на изборите да помине без инциденти и изборно насилство.
Амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Џорџо Радикати, во интервју за „Утрински весник“ вели дека е разочаран поради тоа што таквите инциденти го означуваат почетокот речиси на сите предизборни кампањи и сега Македонија како кандидат за членка во ЕУ и во НАТО мора да има повисоки стандарди и во предизборието да не прифаќа никаков вид насилство. Тој како единствен начин за поправање на угледот на земјава гледа во брзо и ефикасно истражување на инцидентите, да се казнат одговорните и да биде прекинато насилството.
На ваквите забелешки од меѓународната заедница министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, минатата недела одговори дека полицијата ефикасно ги решава изборните инциденти за кои добила пријава.
„Судот изрече мерка притвор на двајцата осомничени за нападот врз Али Ахмети поради предизвикување општа опасност, потоа е расчистен случајот со пукањето во домот на активист на СДСМ во Велес, во кој се покажа дека нема никаква врска со ВМРО-ДПМНЕ. Поднесена е кривична пријава против референт во СВР-Тетово поради пукање во воздух во Вејце, против три лица е поднесена пријава за тепачка во Шипковица, а пријава е поднесена и за полицаецот во Струмица кој се обидел да поткупи пијан возач за гласови на СДСМ“. Ова се случаите за кои полицискиот портпарол Иво Котевски вели дека има некаков исход, но додава и дека се работи на другите случаи, не наведувајќи на кои.
Според Ермира Мехмети од ДУИ, ваквиот неповолен предизборен амбиент е стратегија на ДПА и нивниот заменик-министер за внатрешни работи во оставка, за максимално да се престрашат граѓаните и да не излезат на гласање, а потоа, вели таа, неискористените избирачки ливчиња да бидат злоупотребени за фалсификат.
„Силно се надеваме дека барем денот на изборите ќе помине мирно, иако имаме сериозни дилеми околу тоа колку можат да бидат мирни. Сакам да упатам порака дека сценариото им е прочитано и нема да дозволиме да успеат нивните обиди за заплашување. Не постои дилема дека доколку се случат какви било инциденти, одговорноста ќе падне на ДПА“, реагира Мехмети. Таа додава дека од почетокот на кампањата нивните активисти се изложени на постојани провокации за да се прават инциденти што му штетат на угледот на државава.
Портпаролот на ДПА одби да ги коментира ваквите обвинувања, поради презафатеност.
Вчера ВМРО-ДПМНЕ го нападна својот политички опонент СДСМ дека како оправдување за изборниот пораз има сценарио за предизвикување инциденти што требало да се интензивираат неделава, а да кулминираат на денот на изборите. Од СДСМ одговараат дека во владејачката ВМРО-ДПМНЕ владее паника што ги разоткрива нивните намери за фалсификување на изборите, за што ќе ги известат ОБСЕ и другите претставници на меѓународната заедница.
Pa kako da bidat fateni storitelite koga Dance-policajce e zafateno so podgotvuvanje na prijava za kleveta protiv Sekerinska? Uste edna rabota, ama se smesni ovie glupi VMRO-ovci so tezata deka ovie gadosti za vreme na kasapaanata gi pravi SDSM. Na zalost, iako ja ne pijam nafta ima mnogu sto pijat. Tie gi narekuvame izbornoto telo na VMRO. I pak uste edna rabota, ne se sekirajte mnogu sto ni pretat deka poradi kasapaanata nema da vlezeme vo EU i NATO . Toa na popametnite od nas ni e jasno otkako Grujo go raspusti Sobranieto i povika na vonredni izbori (kasapaana).
Од: populist
Датум: 27.05.2008 00:30:05
dpa na celo so thaqi i elmazi navistina pred ovie izbori gi krshele site granici no treba da bidad spremni bidejki albanskiot narod(so isklucok na kriminalcite)svatil deka dpa pravi nevidena represija vrz svojot narod.
Од: Berat
Датум: 27.05.2008 00:46:38
Zapadniot del , ocigledno vladee pod komanda na THAQI / ELMAZI , pa ako takva zelba ima vladata , so vakvi kasapani , koj ocigledno nikoj nisto ne mu moze na "VOJVODATA THAQI" , se sto moze da napravi od ovaa drzava , togas ke morame sami da se grizeme ..
Voopsto nemozam da razberam , kakva funkcija vrsi g-djata Jankulovska ?
DUI ako ne gi snimi sam krivcite , so ime i preime ako ne iskaca , od MVR nikogas nema da bea fateni ..
Од: Hemikalija
Датум: 27.05.2008 01:50:07
Abe ovie od DUI kako trudni zeni se, se snesto i fali nim, se oni se zrtvi, a ne znaat deka na 70 makedonsi semejstva vo 2001 im stavija crna samija. Ne znaat oni deka mojot tatko bese na prva frotnova linija, ne znaat oni deka mojot "stari" doma ima skinato 50 teroristi u 2001 so arniski mitralez, ama oni kukaat zatoa so ko ke doe grujce na vlas pak, letna ahmeti u apsaana, letna i budzaku (zatoa go nema sea na lista, poso si gi pakuva kuferite ke bega). Kako moze da kukat ovie gnasi koga so nozevi pisuvaa na rabotnicite na grbot. Oni bile zrtvi...... EEE makedonce se dodeka si ti makedonce a ne MAKEDONEC ovie teroristickite pi*ki ke vrekaat i ke barat osteta sto te tepaa. napred grujo, da vladee PRAVNA DRZAVA+ Haski slucai=Apsaana za Teroristi= MIR kaj nas
Од: ramadani
Датум: 27.05.2008 02:04:33
ljubco ednas kaza: sporni bile ???? hektari zemja so kosovo za granicata?? pa nema problem jas ke im dadam uste kolku sakaat SAMO da se razdelime KO brakja.." sve mislam deka na taa karta se igra,so vleguvanjeto vo nato i eu MAKEDONIJA ke se zacimentira kako gragjansko i multietnicko ili ramkovno,stabilno kako sakate opstestvo A TOA NEKOJ NEMOZE DA GO PODNESE ORGANSKIi da se sooci so toj fakt.se odi na izbegnuvanje na EU i NATO i najverovatno idejata e da se izbegnuvaat se dodeka ne im pukne vise film na makedonskite albanci i potoa po PRIMEROT na Ceska i Slovacka miroljubivo da se raspadne drzavata,NAJveke po volja na Makedonecot(citaj poveketo mkd) koj sto nemozese posle 2001 da se sooci so faktot deka albanecot stanuva RECHISI ramnopraven gragjanin vo ovaa drzava!pritoa da se sozdade odnosno ostane cistoetnicki makedonski del odnosno makedonska drzava(koja mn ke bide zavisna od blgarskata) so preku 90% narod makedonski,mozebi gresam no sve odi nataka...
Од: skopje
Датум: 27.05.2008 02:15:27
Gospod sigurno dobro znael deka ima mnogu loso serce, pa go napravil tolku bedna da lici na karikatura taa gordana jankulovska.
Kako nemue sram 2 godini samo da laze, nitu eden slucai go nema resen.
Mozebi saka da gi vovleze albancite megusebe da se ubivat, ama veke i toa ne pali, tie vreminja se minato sa balkanot.
Makedonia e multietnicka derzava, kriminalcite veke ne im se potrebni ni na albancite ni na makedoncite, sto znaci deka treba da bideme site zaedono vo vojna protiv kriminalot i korupcijata.
No po se izgleda deka jankulovska e vmesena samata dlaboko vo kriminal i sega edinstven spas sto mu ostanal e da stvori kaoticna atmosfera vo makedonia i meguvreme da se slucuvat mnogo ubistva, i da posle toa pak jankulovksa da izleze pred megunarodniot faktor kako spasitel koi ke gi otkrie site tie slucai i site tie ubistva.
bas pi sakal od tuka da koristam prilika i da mu pratam poraka na jankulovksa: resete gi poberzo ovie slucai, i ostavete omrazata kon albancite kako minato.
Од: jimmy1
Датум: 27.05.2008 06:38:23
Ova sto se slucuva kaj nas ne veruvam deka se slucuva vo bilo koja druga drzava vo svetot. Dali toa se odnesuva deka nie sme narod bez sovest ili pak drzavata ne ni e sposobna da se spravi so narusuvacite na mirot ili pak zakonite se mnogu slabi pa na prekrsitelite im se gleda niz prsti. Poveke ova mi lici namesteno scenario od nekogo pa zatoa MVR ne prevzema nikakvi merki zosto zapadna Makedonija e ostavena na milost i nemilost da besneat ovie nasilnici. Se prasuvam protiv kogo MVR sega ke podnese prekrsocna prijava, ili pak treba da se podnese prekrsocna prijava protiv MVR sto ne prevzema nikakvi merki za zastita na naselenieto, tuku raboti samo za interesite na VMRO. Koga segasnata vlada ne e sposobna da obezbedi mirni i demokratski izbori, neznam kako mozi da ocekuvame vo idnina da obezbedi miren sozivot so drugite malcinstva.
No sepak za ovie slucuvanja najvinovna e coveckata sovest koja navistina kaj nas ne postoi.
Од: A.Nikolov
Датум: 27.05.2008 08:58:22
Na segashnata tehnichka vlada toa i odgovara.Nivnoto predvideno scenario se ostvaruva po planot.Ovoj koj si ja saka drzavata treba da razmisluva da go sprechi ova i da se nadevame ambisot sa Makedonija ke bide minato.
Од: TA
Датум: 27.05.2008 09:48:21
A od kaj pa ste tolku sigurni deka DPA gi pravi site ovie incidenti? I kako od tolku pukotnici ne uspeaja barem da ranat nekogo? Sekoj koj ne i saka idnina na Makedonija bi mozel da stoi za incidentite. Neli DUI odea sami vo Grcija da pregovaraat, samo prasanje za sto? Dali e toa pocetokot na planot za raspagjanje na drzavata? Ministerkata za toa neka pomisli zasto ako toa e taka tesko nea i na site ostanati!!!
Од: Mrko
Датум: 27.05.2008 10:48:52
Па досега веќе требаше да биде јасно дека тоа е целта на ДПМНЕ: ЗАГРОЗУВАЊЕ на ЕВРОПСКАТА ИДНИНА на Македонија. Прво во 2006 си играа играчки со стратешкото партнерство на Македонија: демек нема САД да ни биде стратешки партнер туку Германија. Лудост невидена. Потоа елиминирањето на кадрите во Македонија со капацитет за европски интеграции, драстично намалување на буџетот за ЕУ интеграции за сметка на буџетот за себерекламирање, работа на Закони кои не се од ЕУ агендата, безобразен однос кон дипломатите од ЕУ , Грција и сите оние кои лично лобираат за Македонија, намерно провоцирање на расправии со Грција (аеродром, карта на голема Македонија, владика Стефан) во време кога најмалку ни се потребни, ПИМПЛАЊЕ на преговорите со Нимиц во услови на временски цајтнот, невлегување во НАТО ... Секој малку паметен, од ове показатели, ќе свати дека иднината на Македонија со ваков начин на владеење не е ни најмалку розова.
Од: Македонија
Датум: 27.05.2008 11:22:56
Иднината на Македонија е загрозена уште со појавата на големиот премиер Николај Чаушевску.
Од: Aki
Датум: 27.05.2008 11:55:52
go ispustivme momentot za Evropa od mnogu odamna. Od 1994 koga se delea makedonski pasosi na kriminalci od kosovo, za da se glasa za togasnive SDSM. e sega istite tie gi pravat problemite. Resenie ima (TREBA SE DA SE IZGAZI) ama toa nikogas nema da se iskoristi, imajki predvid pritisokot od USA,EU...
Од: ibrus
Датум: 27.05.2008 13:44:02
I vrapcite znaat deka so Tetovsko-Gostivarskiot kraj vladee Taci i go crpe masloto a kakva logika ima seto toa da go dade na drug?Ovoj del e kako vojvodstvo vo vladenie na DPA vo koe vladee zakon na DPA kratko ijasno.
Од: VMRO
Датум: 27.05.2008 13:49:18
abe komunjari do koga ke go plasite narodot,ostajte veke ednas,ja upraopastivte drzavaata,kako ne vi e sram da sirete propaganda,ostavivte 300000narod bez rabota.vie gi pravite ovie incidenti.prekinete
Од: Crnozemski
Датум: 27.05.2008 16:19:16
Sto mislevte Makedonija taka se brani teroristite gi pustivte vo parlamentot a sega sto sakate odniv e Makedonce soblakaj gi gakite i ke ti go stavat vo zadnikot.
Од: Albanec
Датум: 27.05.2008 16:26:29
Si mislef deka dui e vo pravo, pogresif. Ne velam deka nemalo neredi, no pocnuvam da se somnevam oti site tie neredi gi napravia tokmu onie samite! Taktikata im e takfa na komunistite (lugjeto na dui se teski komunisti ako ne ste znaele). Sami si pravat problemi pa im gi nafrluvat na drugite! Nie site znaeme za sto se spremni komunistite samo nivnoto da e vo pravo, ili barem da izgleda taka! Sme prosle niz toj pekol, da dade Gospod nikogas da ne se vrakja. DUI laze da znaete, site mucki se nivni. Albancite ne bi trebalo da glasat za niv.