Брoj 2696  вторник, 27 мај 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Контрапункт

Турнир на грбавци

Никола Гелевски

Ни треба црвена линија. Но, црвена линија на нормалноста, која ќе ја одвои пропагандната стварност од просторот што не е за огласување

Пред мошне отмена, деколтирана и во фракови вдената публика, филмскиот гениј Алфред Хичкок, во една пригода вака го завршил својот говор: „Ми велат дека убиство се извршува секоја минута; според тоа, не сакам веќе да трошам од вашето скапоцено време. Знам дека копнеете да се фатите за работа. Благодарам“.

Ете, на тие зборови ме потсеќа секоја предизборна кампања, откако ги памтам: зад секоја изречена партиска демагошка будалаштина просто зрачи нивната страст сериозно „да се фатат за работа“, т.е. конечно да почнат да работат пиштолите, ножевите и отровите.


Малкуцка ми е жал што во метафориве и на опозицијата и' припишувам убиствени намери (оти неспоредливо поголема доза на насилство и нааканост доаѓа од страна на власта); само, се разбира, не треба да се заборави: и сегашната опозиција, колку до вчера, беше на власт и повеќе - помалку беше речиси исто толку лоша во владеењето, како и сегашната власт.

Океј, можеби Шекеринска е таа долгоочекувана нова енергија на македонската политичка сцена, олицетворение на коперниканскиот пресврт по кој сите копнееме од осамостојувањето наваму: политиката да не биде мафијашка пресметка и силеџиска делба на пленот, туку работа на принципи, правда и долгорочни визии. Велам, можеби едно делче од силната и важна политичка енергија на Шекеринска ја еманира (или ја вшмукува) таа голема национална потреба конечно да се поставиме на нормален и колку-толку цврст колосек, кој ќе успее да ја издржи не баш малата тежина на сите наши не баш безначајни поделби. Целата нација од првите повеќепартиски избори чека некој (речиси како со чекан!) да ја демантира (или да ја демонтира) старата руска пословица, со толку длабоки корени овде: за правдата слушаме, но неправдата цело време ја гледаме.

А , сепак, и покрај снажната харизма со која Шекеринска во кампањава речиси го мете несреќниот Груевски по патосот на македонскиот пеливански ринг (кој, вистина е, повеќе личи на некој мексикански кокошарник адаптиран за борби на кучиња отколку на Медисон сквер гарден), факт е дека целокупната кампања на опозицијата е бледа и неинвентивна да проплакување. Значи, и покрај фактот што Груевски веќе во првиве десетина рунди „попи“ барем пет-шест нокдауни (дури и без директен дуел, Груевски ги прима ударите ко во „Матрикс“, без и да знае од каде доаѓаат, а голем дел од нив самиот си ги задава, како во „Фајт клаб“), факт е дека Шекеринска нема кредибилна екипа на нивото на сопствената политичка харизма (во која, ај и тоа да го признаеме, има и доста наши „електорски проекции“, зарем не?; го има она за што претходно зборував, копнеж по некоја не баш до тој степен безнадежна Македонија).

Ако избориве, значи, ги добие Шекеринска, земјава нема (мар/к/совски) да се постави на глава, и покрај тоа што е голема веројатноста дека Груевски ќе биде нокаутиран во директниот дуел со „сукњата“ (во зен варијантите таа сукња наликува на Вајнона Рајдер од „Кил Бил“, а јадните вмровци, без и да се свесни за „ножовите во грб“, само ќе го гледаат чудниот танц на ткаенините).



Значи, да не комплицирам, се разбира дека секој малкуцка поеманципиран човек (а пред се' - жена!) во земјава во недела ќе гласа за Шекеринска. Тоа не е спорно (не е спорно дека со тоа се гласа против одбивната и застарена мачо култура на Бранко, Љубчо, Тачи, Ахмети, Грујо итн.). Спорно е сето друго: на пример, ако ги добие избориве, дали сегашната опозиција навистина ќе успее да „пропее за слободата“, како што закатанчени сонуваме за неа?!

Инаку, однесувањето на власта во предизборнава кампања е под сите нивоа на пристојност и демократија. Речиси сите медиуми дишат на жабри или низ кожа, со чизмата на власта врз вратот. Олку грубо еднострано, колку што памтам, беше само во 1994 година кога сдсмовската власт исто така ловеше апсолутно мнозинство во парламентот. За тоа време Европа помина четрнаесет светлосни години, но Груевски по стоти пат изминативе десетина години ги повторува најкатастрофалните политички фрустрации на вмровскиот папа, Љубчо Георгиевски. А неверојатно лошата кампања на власта, и покрај огромните пари, само уште еднаш ги оцртува стратешки погрешните насоки по кои чекори ВМРО-ДПМНЕ.

Кукавичлакот на медиумите е посебна работа. Во страв да не им ги украдат „репетиторите“, или во страв да не дојдат даночници, испекции, рекетари или, едноставно, Алфи – повеќето медиуми избираат да се претворат во таблоиди, во очајно жолто новинарство, страсно посакувано од секоја тоталитарна власт која сака да ги манипулира и насочува емоциите на граѓаните. Тој рефлекс беше мошне забележителен во кампањава – „не, ние не сме провладини, само поинтересни ни се инцестот, силувачите и педофилијата“. Дури кога чудесниот Јанко Национале и не сакајќи ја инаугурира Шекеринска во речиси ултимативен водач на некоја понормална Македонија, дури тогаш и другите медиуми срамежливо почнаа да се отвораат кон опозицијата. Така Јади Бурек само си го потврди статусот на клучна медиумска фигура, што најдобро зборува (не толку за неговиот неоспорен „боратовски“ новинарски профил) за гротескноста на целокупната јавна сцена во Македонија.


Часлав Милош за литературата велеше дека е „турнир на грбавци“. Ако книжевноста е тоа, како тогаш да ги наречеме македонските медиуми впрегнати во предизборново орање? Волови?! Франкенштајнови чудовишта?! Дно на дното?! Најмизерниот талог на ова ионака во талог набиено општество? Борба меѓу полноглавци?!

Ни треба црвена линија, дефинитивно. Но, црвена линија на нормалноста. Црвена линија која ќе ја одвои пропагандната стварност од просторот кој не е за огласување.

(Авторот е издавач)


Статијата е прочитана 933 пати.

Испрати коментар

Од: RR:Cela Makedonija e oglasna tabla
Датум: 27.05.2008 00:58:38
Za podatlivite alchni Latasovci,Jankovci,Tomikji i nim slichni ,koi napravija celata drzhava da ni ja smestat vo vremeto na Gebelsovshtinata od vremeto na Hitler,bezobrazlukot da ni gi odzemaat nashite pari od budzetot za da se falat deka DOVOLNO zarabotile e vrv na cinizmot i arogancijata,ista kako kaj onoj shto gi plakja.Toa shto pritoa i gi korumpira,a vo isto vreme bie bitka na cel glas da chue svetot deka e najgolemiot borec porotiv korupcijata,e najgolemata mizerija na koj sme uporno izlozheni vekje 20-tina meseci. Za zhal na intelektualnata elita,koja isto e zamolchana(so chesni iskluchoci kako avtorov na kolumnata) preovladuvaat "bednite po duh" i zatoa se se chini taka "normalno",pa retko nekoj da izreagira na idiotskata mediumska agresija,shto ni se sluchuva kako atak na nashite setila.Daj,Bozhe ,da se ostvari pobedata na Radmila za spas na slobodata ,ne samo na novinarstvoto,tuku na site razumsko-mislechki gragjani na zhalnata Makedonija.Aj,ushte malku.Za spas na site nas.
Од: Objektivno gledanje
Датум: 27.05.2008 01:11:01
Sekerinska ja nosi na svojot grb hipotekata od vladeenjeto na SDSM vo periodot 1994-1998 god. koga se izvrsi kriminalnata privatizacija, koga se zatvoraa fabrikite, koga se otpustaa rabotnicite......Za da ja zgolemi doverbata na glasacite, liderkata na SDSM bi trebalo toa javno/jasno da go priznae, da se ogradi od pogresnata politika sto e vodena od nejzinite prethodnici i da najavi podgotvenost za koregiranje na napravenite greski vo minatoto!
Од: една друга радмила
Датум: 27.05.2008 01:21:38
Толку те понела пропагандата и тебе, да повеќе не се ни проверуваш. Мислиш Ума Турман во Кил Бил!? Гласање за Радмила е глас против мачоизмот? Па целиот филм со „сукњата“ е ништо повеќе од втемелување на тој мачоизам - тотална родова самодеградација од неа. Таков лапсус одамна немало. Пропаганда заснована не на претење (тоа на Груевски) туку на манипулирање со сексизамот на чело. Одвратно и бедно, далеку од на ниво на квалитетен политичар кој може да е новиот бран во Мак. Таа допринесува подеднакво на спуштањето на секое разумно ниво на комуникација - страшно е што дојде ред таа да ни е најдобрата алтернатива. Со среќа нека ни е.
Од: mitko jasno ne se slaga
Датум: 27.05.2008 01:30:06
Mene Sekerinska ne mi deluva tolku mnogu pametno. Ne gledam nekoja razlika megu nejziniot koeficient na inteligencija i niskiot koeficient na VMRO-ovcite. Sto se odnesuva do nejzinite pajtasi, mozam da kazam deka se duri podvratni (Jani, Sema, Bucko, Stojan, Tito). VMRO-vcinjata okolu Grujo bar si kutat, taka deluvaat popametno. Sto se odnesuva do idninanata na Makedonija treba da se znaat nekolku raboti. Problemot so nevrabotenosta realno gledano ne moze da se resi za pomalku od 20tina godini, toa e tezok strukturen problem. Problemot na niskoto nivo na investicii ne moze da se resi bez 30 milijardi dolari. Bezbednosnite problemi ne mozat da se resat bez vlez vo NATO (znaci bez dodavka). Ova istoto vazi i za bezvizniot rezim za koj isto taka ni treba dogovor so Grcite. Etnickite problemi vo RM se celosno nereslivi bez kompromis vo teritorijata. Od seto ova se gleda deka Grujo i Sekerinska se sooceni so problemi koi se daleku podaleku i predaleku od nivnite realni kapaciteti.
Од: ramadani
Датум: 27.05.2008 02:02:26
ljubco ednas kaza: sporni bile 5 iljadi hektari zemja so kosovo za granicata?? pa nema problem jas ke im dadam uste 25000 SAMO da se razdelime KO brakja.." sve mislam deka na taa karta se igra,so vleguvanjeto vo nato i eu MAKEDONIJA ke se zacimentira kako gragjansko i multietnicko ili ramkovno,stabilno kako sakate opstestvo A TOA NEKOJ NEMOZE DA GO PODNESE ORGANSKIi da se sooci so toj fakt.se odi na izbegnuvanje na EU i NATO i najverovatno idejata e da se izbegnuvaat se dodeka ne im pukne vise film na makedonskite albanci i potoa po PRIMEROT na Ceska i Slovacka miroljubivo da se raspadne drzavata,NAJveke po volja na Makedonecot(citaj poveketo mkd) koj sto nemozese posle 2001 da se sooci so faktot deka albanecot stanuva RECHISI ramnopraven gragjanin vo ovaa drzava!pritoa da se sozdade cistoetnicki makedonski del odnosno makedonska drzava(koja mn ke bide zavisna od blgarskata) so preku 90% narod makedonski,mozebi gresam no sve odi nataka...
Од: Ozi
Датум: 27.05.2008 02:37:44
a kako da gi nareceme tvoite proekcii i kopnezi po 'harizmata' na suknjata. me iznasmea vaka sabajlecki
Од: Crnorizec hrabar
Датум: 27.05.2008 05:41:40
Da ne postoi Utrinskivesnik ke nema sto pametno da se procita. Vi blagodaram sto go odrzuvate vo zivot makedonskoto novinarstvo koe poleka no sigurno paga vo dlaboka koma.
Од: Filip Vtori
Датум: 27.05.2008 05:56:39
Ha ha ha ha abre Nikola bas si cuden i smesen koga zboreuvas deka Makedonija edvaj ceka da dojde nekoj lider kako Sekerinska.Abre KOLO pogledaj gi rejtinzite izmegu Grueski i Sekerinska 32% sprema 5 %.Isto i SDSM koga naracuva svoi anketi ponovo VMRO i Grueski imet podobar rejting .Znaci i samite sdsmOVCI priznavet deka Grueski ima podobar rejting i zanego glaset .More KOLO so spusteni fustani i sukni ne se pravi slaven i lider posto mozi da ima prednos vo nekoja kafana ama drzava da vodis treba golemi jajca a tie gi ima Grujo koj dokaza za dve godini deka znae kako se vodi drzava i samo toj moze da prodolzi a ne nekoj brblivi zenii komicari kako Jani Makrduli i negovite janicari.Ajde uste nekoj den uzivaj posle 1-junice ti pravi Sekerinska drustvo na ovoj vesnik ako gazdata ne ve proterat posto mu go unistuvate ugledotna ovoj vesnik koj go pretvorivte kako selsko partiska kafana.
Од: Alex
Датум: 27.05.2008 07:06:51
Donekade si vo pravo momce-no sepak donekade,Celokupnata stvarnost e daleku od ona sto go pishuvas ti ili Vecer ili bilo koj "oboen medium".Zalna rabota e sto ne"oboenite"mediumi ne se interesni za citanje od strana na oboenite citateli,neli? Druga rabota sto ja kazav i prethodniot pat g-dine Gelevski e da si ja smenite vashata licna fotofrafija koja e vo leviot goren agol od statijata.Bi ve zamolil da vidite kako izgledaat fotografiite na novinari na eden "Vashington Post"ili "New York Times".Ova ne e za potsmev-tuku se raboti za profesionalnost i pedantnost-koja e mnogu bitna vo zurnalistikata!!!
Од: Струмица
Датум: 27.05.2008 07:41:40
Гелевски, само мала корекција на еден кинематографски лапсус - кој , верувам, е направен во жарот на пишување и напливот на инспирацијата: Винона Рајдер не беше таа која „ги фрлаше ножевите“ во „Kill Bill", туку беше Ума Турман. Не е „Биг Дил“, или голема работа, кажано по нашки, се друго си е на место, ова го пишувам само колку да не се збуни некој кога ќе го прочита текстов, да не не му текне за кој филм зборуваш. Предизборие, јаки емоции кај сите, па разбирливо е....http://en.wikipedia.org/wiki/Kill_Bill
Од: Nikola (ne gruevski, ne gelevski)
Датум: 27.05.2008 07:44:22
Odlicno i hrabro! No crvenata linija najnapred treba da si ja postavat glasacite vo nedela, a toa mozat na tajni izbori, potoa, dokolku opozicijata pobedi, togas vlasta treba da si postavi crvena linija na odnesuvanje barem za nepotcenuvanje na gradjanite so potemkinovi sela, a potoa vo takvi uslovi ce mora i mediumite da si ja definiraat crvenata linija. Nikoj ne smee da potfrli. Site sme ucesnici vo gradenjeto demokratsko opstestvo t.e. nie samite dozvoluvame Grujo da ne pravi nedovetni i uste da misli deka mu veruvame. Kriticna masa treba za se, i za atomska bomba, no i za demokratija.
Од: elena
Датум: 27.05.2008 08:16:45
e stvarno pretera.....jas sum pomnogu (ne pomalkucka) emancipirana zena od makedonija i te uveruvam deka na pamet ne mi paga da glasam za sekerinska,nitu pak smetam deka ima harizma ili ne daj boze da ja gledam kako politicka avangarda vo makedonija....na zalost takva figura seuste ne postoi na politickata scena kaj nas.....i nema da postoi se dodeka gledame site samo crveno-sino....e pa jas sakam violetovo.....
Од: vedrana
Датум: 27.05.2008 09:47:01
eh Kolka..kakva harizma be bratko gledas vo Sekerinska navistina ne mi e jasno.Ne sum politicki opredelena, samosvesna sum i emancipirana,ama moj model za uspesen lider zena nikogas ne moze da bide Sekerinska.Ne i stoi be brat..ni ona baknuvanje so stari luge, ni ona bozemno sleguvanje megu obicnite smrtnici.kade bese taa 15 godini...uzivase vo blagodetta na svojot zivot...izvini, ama posimpaticna mi e gluposta na VMRO od samobendisanosta na SDSM.Izvini, intelektualka sum, ama ne mislam kako tebe.i na 1vi juni ke glasam za glupavite..
Од: Sale
Датум: 27.05.2008 10:22:27
Зошто Канал 5 благовремено не ја информира јавноста дека емисијата Јади Бурек се сели во нивната ТВ? Само што наместо Јанко водител ќе биде Роберт Поповски. Вчера Роберт го направи своето ‘деби‘ во Јади Бурек под работен наслов ХО и гостин му беше премиерот. Можам д кажам дека Роберт ОДЛИЧНО се вклопи во имиџот на оваа емисија и има потенцијал за достоен заменик на Јанко. Уште повеќе што Роберт ги надмина и новинарите кои пред децениии наназад го интервјуираа Јосип Броз Тито. Му посакувам успешно ‘неависно‘ новинарство во емисијата ХО-Јади бурек.
Од: goran
Датум: 27.05.2008 10:43:40
radmila e idninata na makedonija.Najcesniot, najskromniot i najrabotliviot politicar!
Од: МК
Датум: 27.05.2008 11:33:10
Одлична колумна! И во актуелниот состав на коалицијата „Сонце“ има некои квази политичари и политикант , но сепак за неколку квалитативни нивоа се посилни, подобри и попрогресивни од братијата на ДПМНЕ. Таму „фирерчето“ што ќе каже е закон. Тоа води кон диктатура , страховлада и слично. Ако било кој нивен член не мисли како „фирерот“ ќе му се случи каменување , закани , тепачки и обиди за линчување како кон крајот на мандатот на Љубчо Ѓорѓиевски. Тие тоа сакаат да го имплементираат и денеска . Таму нема демократија , таму владее внатрешна диктатура која сака да се прошири на целото македонско општество. Класичен пример се медиумите . Сега ја сака и апсолутната власт (кон која тежнееле и тежнејат сите властодржци).
Од: caki
Датум: 27.05.2008 14:05:34
Bravo Utrinski i Gelevski edinstveno seuste Vie se drzite kon nezavisnoto novinarstvo.A za Sekerinska taa e noviot lider na Makedonija(posle Branko),cesna ,vredna i najvazno od se so mnogu prijateli vo Evropa.A vie vmrovcinja mnogu mi e zal ama tolku vi bese,nikoj ne vie kriv sto tolku ve biva
Од: ilina
Датум: 27.05.2008 14:46:13
koga ke procitam komentari kako na vedrana, razbiram zosto makedonija ne mrdnuva od mesto. ke glasala za glupavite od VMRO (i taa taka gi ocenuva), a ne za samobendisanite od SDSM. Po sto se samobendisani? Po toa sto ne sme ja videle Sekerinska kako na reklami (plateni od budzet) se fali kolku rabotela? Po toa sto ne ni iskaca od TV kako Gruevski ovie 2 godini? Pa, po falbadzii i samobendisani od novive VMROvci ne sum videla. Edinstveno sto, i pokraj falbite, im se gleda deka ne se sigurni vo sebe i se bajagi isfrustrirani (zatoa Grujo morase spektakl da pravi od negovoto magistriranje koe bese sram i za Univerzitetot zaradi dodvoruvanjeto). Samobendisanosta vristi koga ke gi vidis kako se setaat so vojska kelavo obezbeduvanje okolu sebe, koga pravat spektakli (zatvoreni za narod) na otvaranje na sportski sali...
Од: јанѕа
Датум: 27.05.2008 16:39:09
Ах бре Гелевски и ти го спушти нивото. Ужас колумна. рециклирани метафори, кои милион пати си ги употребил во пар интервјуа и колумни во последниет 2-3 месеци, аман со Јанко и Латас. И пак погреши (ситница ама олицетворение на брзоплетоста и неразмислувањето ( Винона не Ванојна). Звучиш исто како политичарите кои ги анализираш- еден куп излитени фрази и пароли чија цел е да задојат. Не си искрен, не си објективен. Ја величиш Шекеринска на ниво кое не го заслужува, и жално е што тоа доаѓа од интелектуалец, а не ми е јасно од кои побуди но се надевам не е затоа што навистина мислиш дека е репрезент на она кое сакаш да го видиш во неа. Ако е, тогаш и таа мала интелектуална сила во Македонија очигледно потфрлува. Македонија волку бедна политичка елита немала од осамостојувањето; во неа да се бара херој кој ќе г�� уништи мачизмот и донесе нешто ново, и тоа во Шекеринска е неразумно, слепо партиско навивање, друго не може да биде. Можеби сите не спуштија на очајно ниско ниво... така ќе да е
Од: Александар
Датум: 27.05.2008 21:33:16
Знаете, има една изрека (парафразирам) која вели дека нивото на еманципација на жените е ниво на еманципација на општеството. Но, сигурно е дека нивото на една еманципирана жена ни оддалеку не го одразува севкупното ни��о. Шеќеринска покрај тоа што мора да се бори со портокаловите копитари, со ист толкав интензитет мора да се бори и со копитарите во сопствените редови. Можеби и очекуваниот пораз на СДСМ ќе се покажи долгорочно плоден, поради фактот што некој конечно ќе мора да ја испита идеолошката и кадровата рамка на партијата и секако да му удри еден филтер на залутаните слепци. А што се однесува до медиумите, тие уште еднаш ќе одиграат клучна улога во малограѓанската демократија и ќе го обликуваат „одлучувачот“ по своја лика.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Светско признание за македонскиот иноватор Јоти Поповски
Што не сака Груевски да знаат гласачите
Потсмевање на пријателите
Претходен број
Зденко
Инцидентите ја загрозуваат иднината на Македонија
„Златна палма“, конечно, за францускиот филм „Меѓу ѕидовите“
Заборавени пациенти
Рен- Изборите 9. услов за ЕУ
Молебенот на г.г. Стефан во Рим ја крена на нозе Грција
Европското лице и опачина
Украдени предаватели на ТВ Алсат М и Арт
Verbatim