За да докажеш дека нациите многу тешко зреат, лесно е да наоѓаш примери. Во оваа здодевна кампања имаше неколку убави поенти, но и чудни изјави кои ја покажаа незрелоста за политика. ВМРО-ДПМНЕ е опседната со голема победа која сите и' ја претскажуваат во која би сакале да ја збришат опозицијата. Опседнатоста, главно, е лош сојузник, па тогаш се прават фаули кои немаат логика.
Пред некој ден Никола Груевски во Велес зборуваше работи кои еден претседател на Влада, без оглед на тоа што е во изборна кампања, не би смеело да ги каже. Му се потсмеваше на еден од нашите најголеми пријатели и најпосветени лобисти во Европскиот парламент, Словенецот Јелко Кацин. Пред митингарите зборуваше вака: „Сте чуле ли за Јелко Кацин? Тој ќе ни помогнел да го решиме спорот за името. Џорџ Буш не можеше да ја заврши работата, Јелко ќе ја завршел. Господ да чува и да брани“. Па уште и ќе додаде: „Ги обезбедивме Џорџ Буш, Ангела Меркел, Реџеп Таип Ердоган, Романо Проди, сега Силвио Берлускони...“, како да станува збор за комплетирање на друштвото за пикник со скара и пиво.
На овие избори прв пат посериозно странските политичари се активно вклучени во лобирањето за некоја партија (Хрватска е примерот според кој се учат нашите политичари, можеби и заради хрватските советници во двете коалиции). Тука навистина нема ништо лошо. Појавувањето во партиските пропагандни емисии, па дури и на митинзите, на европарламентарци од Италија, Германија, Словенија, Данска за да ја поддржат левицата или десницата на избориве е убав доказ дека Македонија навистина станува дел од Европа без оглед дали ние сме свесни за тоа. До пред седум-осум години вакви работи беа незамисливи, повеќе за зборуваше за отпорот што го имала Европа кон нас, но колку што се доближуваш до Брисел, македонските градови стануваат дестинации на многу европски политичари, затоа што Македонија веќе е исцртана на европската мапа.
Но, кога дел од тие политичари кои посветено работат на интересите на Македонија во европските институции ќе ги навредуваш само затоа што се идеолошки блиски со спротивната политичка ��пција, тоа не е веќе само прашање на невкус. Само неколку дена пред да биде исмеан во Велес, Јелко Кацин на пленарната сесија на Европскиот парламент во Стразбур од говорницата изјави дека „Грција ги прекрши меѓународните договори и одлуките на Европската унија кога го забрани прелетувањето преку нејзина територија на авионот на МАТ“ и побара од Европската комисија да направи се' Атина да се казни и да ја прекине оваа дискриминаторска практика против Македонија. Ден подоцна истото го побара и во Брисел и во писмата до Хавиер Солана и до Оли Рен.
Македонија нема членови во Европскиот парламент. Јавноста малку знае какви битки се водат во неговите комисии, но чувствува колкава е силата на грчката политика и затоа омаловажувањето на оние кои макотрпно се обидуваат да и' помогнат на Македонија затоа што политички припаѓале во друга групација е несфатливо, па макар станувало збор и за лесно изговорени зборови во една изборна кампања.
По поразот во Букурешт стана јасно дека Македонија сега треба да работи од човек на човек во институциите во Брисел и да ја цементира наклоноста во европските држави. Случајот со неколкудневното мистериозно прекрстување на нацијата во Славомакедонци во веќе усвоениот извештај на Европскиот парламент подготвен од Ерик Мејер е добра поука дека во политиката и дипломатијата треба да се работи секоја минута и на сите места. Во политичката битка треба да покажеш дека имаш визија, дека си помудар, дека знаеш да мобилизираш и организираш цела една политичка армија и на изборите да ја добиеш поддршката на гласачите, но никако не можеш да ги навредуваш луѓето кои завршиле извонредна работа за твојата земја и чија помош допрва ќе и' треба на Македонија.
Glupost do glupost od ovie VMRO-ovci. Ama seto toa i ne e tolku bitno. Rabotite se gotovi bez ogled na izborniot rezultat. Jas uste ne mozam da se svestam deka Makedonija nema da vleze vo NATO. Ne mi vleguva vo glava deka ovaa drzava nema da ima nikakva idnina.
Од: RR:Odraz na prostotilakot
Датум: 27.05.2008 00:38:12
Pogolem dokaz za primitivniot stil i nachin na praktikuvanje na politichkiot izraz i govor od ovoj na Gruevski - zdravje.Celosno kompatibilen so karakternite predispozicii i so intelektualniot kapacitet
shto gi poseduva,no i pokaz na videlina na skrienata agenda za otstranuvanje na sekoja mozhna prilika koja kje ne priblizhi kon EU i NATO.Treba ushte da se odrabotuva za shto pogolem broj bugarski pasoshi za makedonskite drzhavjani, a toa kje se stopira dokolku ni se pomogne da se najdeme megju zemjite-chlenki.Zatoa i Jelko Kacin e neprijatelot na Grujovata i sosedsko-istochnata agenda,a ne samo ideoloshki blizok so opoziskite liberal-demokrati,pa toa da e prichina za prostachkiot napad kon nego od strana na Premierot vo ostavka,koj pretendira da prodolzhi da bide aktuelen.No,zasega e samo aktuelen kako promotor na neviden presedan na odrabotuvach na
sprotivni interesi od onie shto se prioritet za Makedonija i ponizhuvanje i otstranuvanje na sekoj shto kje pridonese da bide drzhava-
Од: Narcisi
Датум: 27.05.2008 01:31:39
Onie glavnite od portokalovite se neporavlivi narcisoidni tipovi, bez kakvo bilo cuvstvo za realnost! Otvori koj bilo vesnik tie zafakaat polovina od vkupniot prostor, vkluci gi televizorot tie gi okupirale site kanali... Nepodnosliv teror za citatelite i gledacite! Toa poinaku ne moze da se tolkuva osven kako strav od mozniot neuspeh na izborite! Nervozata e ocigledna! Zosto toa go pravat ako site anketi pokazuvaat deka vodat so 3:1?!
Од: VIP
Датум: 27.05.2008 09:15:12
Sramota! Se sramam shto imame vakov premier! Sramota e shto voopshto e lider na edna partija! Mu nedostasuva politichka kultura!
Од: pameten
Датум: 27.05.2008 09:16:32
Koi se prijatelite na Makedonija? Shto znachi nekoj da e pro-makedonski i anti-makedonski?
Site shto sakat mir i prosperitet na Balkanot, nepromenlivost na granicite, integracija na site zemi se pro-makedonski. Site shto promovirat mitovi se anti-makedonci. Nema drzhava na svetot, koja kje tvrdi deka Aleksandar MAkedonski e nash ili deka Sv. Kiril bil Makedonec. Mitovite ili Makedonija. Izborot e samo nash!
Од: jovan
Датум: 27.05.2008 09:23:52
Pod broj eden:Hrvatskata politika momentalno e na najnisko nivo od osamostojuvanjeto do denes. Problemite koj tamu se pojavuvaat se pogolemi i od problemite nie sto gi imame ovde. Neznam zosto zele sovetnici od tamu, koga oni tamu nemozat da si ja opravat rabotata. Pod broj dva: Amerika definitivno se povlekuva od problemot sto go imame so Grcite okolu imeto i toj problem go prefrla na Evropa. Kako ke pomineme so Evropejcite na sekogo mu e jasno. Pod broj tri: Ovoj Mitko fino napisal deka ne mu ide vo glava kako ke opstaneme, situacijata e slicna so godinite pred raspadot na SFRJ koga na nikogo ne ni idese vo glava deka drzavata se raspaga. Istoto e sega.
Од: Stole
Датум: 27.05.2008 10:15:16
Говорот на Груевски во Велес беше ВРВ на НЕКУЛТУРА, НЕВОСПИТАНОСТ И ПРИМИТИВИЗАМ кој изби на површина од него. Вакков начин на изразување не толерираме ни кај 10-годишни деца а не пак кај возрасна личност. Уште повеќе што таа личност е премиер на Македонија и ја претставува Македонија во светот. И како ја претстави Македонија: како земја на простотилук и НЕКУЛТУРА. Земјата од која изникнале многу културни дејци се претставува како легло на ПРИМИТИВИЗАМ. Симпоматично е како Груевски упорно разградува и во државата и во межународните односи СЕ‘ што и носи ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА на Македонија. Во Македонија СТИМУЛИРА делби и рздор по разни основи, а во меѓународните односи ПЛУКА на секого кој искрено ја подржува Македонија. КОЈА му е ЦЕЛТА?
Од: q
Датум: 27.05.2008 10:40:00
Koj ni e kriv. Takva sirovina si odbravme takva ke si ja trpime da ne blamira. Gledajte uste ednas da go izberete. Pa posle Cacko vi e kriv. EEEEEEEEE abdali edni, Bucko ne vi cinese
Од: Trajko od Shtuka
Датум: 27.05.2008 14:54:33
Alooo vlada vo zaminuvanje i podrzuvaci na vladata na diktatorot koj uporno ne vodi vo izolacija.Kako Nikolaj moze da ne ubeduva deka ni bilo dobro so negovoto vladeenje i ne ispokasra so svetot.Pod hitno treba da odi da si izvrsi kontrola na negoviot intelekt.Najobicniot graganin vo makedonija e popameten od nego.Narodot znae i slusa sto se slucuva vo svetot.Kako najsvezi primeri eve vo anglija strajkuvat poradi visoki ceni za gorivoto (vladata da gi namali danocite na gorivoto).A nesporedlivo e soodnosot kolkava e cenata na gorivoto kaj anglicanite i nivnite primanja so nasata cena na gorivo.Nikolaj saka da ne vrati na magarinja a toj i familijata da se vozat i na jahti.Toj se raduva na investici i ne laze so nekoi mali stranski investici.Da napravime sporedba vo Turcija 2007 godina vlegle 25 milijardi stranski investicii i se nezadovolni.A nas diktator e zadovolen so 100 milioni.SporedbaTurcija ne se 250 pati pogolemi od nas.Vo Kanada ministri za nadvoresni raboti si podnesuvat
Од: Obicen intelektualec
Датум: 27.05.2008 15:33:23
Pa sto se cudite na prostotilakot na Gruevski. Site clenovi, ama bas site do eden od DPMNE se isti, pametot im e od ista ulicna matrica. Ne mozete nisto pametno da ocekuvate od niv, osven izolacija i propast na drzavata.