Брoj 2696  вторник, 27 мај 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Молебенот на г.г. Стефан во Рим ја крена на нозе Грција

Архиепископот зборуваше дека во Грција се прогонува се' што е македонско

Атина – Грција остро ги обвини државните и црковните лидери во Македонија за спрега во водење иредентистичка политика, која ја загрозува стабилноста на Балканот и ја оддалечува државата од ЕУ и од НАТО.

Острата реакција на грчката влада, политичарите, црквата, како и медиумите, уследи по говорот на поглаварот на Македонската црква архиепископот Стефан во Ватикан. Тој на чествувањето по повод Денот на сесловенските просветители, во присуство на државната делегација, наведе дека Грција го негира постоењето на македонската нација и црква. Од МПЦ, пак, тврдат дека одделни делови од обраќањето се извадени од контекст.

„Свети Кириле, денес во твојот и наш Солун е камен на камен од твоето дело! Денес во твојот роден град се' е пепел и прав и нема ни буква, ни слово од јазикот твој и наш. Таму се прогонува се' што е македонско и се негира и името на земјата и името на црквата, се негира – вистина“, беше пренесено дека рекол поглаварот Стефан, на молебенот на гробот на сесловенскиот просветители св. Кирил во црквата „Сан Клементе“ во Ватикан.

„Таквите иредентистички изјави се опасни за регионалната соработка и стабилноста во кревкиот регион на Балканот“, нагласи во реакцијата шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани. Таа посочи дека изјавата на архиепископот Стефан, дадена во присуство на премиерот Никола Груевски, била крајно провокативна и целосно неприфатлива и, пред се', ги докажала исправноста на грчките аргументи и ставови кои инсистираат на решавање на прашањето за името.

„Се' додека остане нерешено ова прашање, ќе служи како алатка и средство на застарен и историски неоснован иредентизам, опасен за регионалната соработка и стабилноста на кревкиот Балкански регион“, наведе Бакојани. Шефицата на грчката дипломатија предупреди дека Македонија „не може да оди напред кон евроатлантска иднина се' додека е заробена во иредентистички ставови од минатото“.

На жестоките реакции од Атина вчера со соопштение до јавноста реагираше Каб��нетот на архиепископот на Македонската православна црква. Во него, меѓу другото, се вели: „Ниту некогаш, ниту сега, не може да се негира дека Солун не е татковина на првото наше и сесловенско писмо, составено врз основа на говорот на тогашните тамошни жители. И токму затоа, Солун духовно и културно ни припаѓа нам и на сите словенски народи во сите времиња. Оттаму сосема е поинаква пораката, изречена во словото на поглаварот на Македонската православна црква на молебенот на свети Кирил во Рим и таа исклучува какви било ’територијални претензии‘ и е намерно злоупотребена со тоа што зборовите се грубо извадени од нивниот непосреден контекст“.

Во појаснувањето од МПЦ, спорниот дел гласи: „Денес во твојот роден град се' е пепел и прав и нема слобода ни за книга, ни за буква ни за слово од јазикот твој и наш. Во крајот во кој сите тогаш говореа како тебе и како ние денес, во ова наше време, забрането е не само говорењето и молењето на тој јазик, туку и постоењето. Денес, за жал, таму однесувањето е полошо од она на тријазичниците во твое време. Светителе, денес е се' урнато од она што би потсетувало и на тебе и на нас, и во Солун и во Кукуш, и во Лерин, и во Костур. Таму не само живите, туку и покојните немаат мир“. По цитирањето на овој дел, од МПЦ констатираат: „Колку би биле среќни да чуеме барем еден противаргумент, дека барем нешто од ова не е точно“.

Грчката црква во реакцијата преку солунскиот митрополит Антимос наведе дека Грција никогаш нема да се согласи името Македонија да биде украдено и присвоено од нејзиниот северен сосед. Кон острата реакција се приклучија и градоначалникот на Солун и пратеници од различни партии, а коментари објавија и повеќето весници. (П.Р.)


Статијата е прочитана 3451 пати.

Испрати коментар

Од: Mihajlov
Датум: 27.05.2008 01:03:10
Pokraj Grcija pogolema krivica za genocidot nad makedoncite vo gragjanskata vojna vo Grcija ima i nashiot drugar Tito, koj prvo gi natera makedoncite da se borat na stranata na Komunistichkata Partija na Grcija, obekjajki im Makedonska Republika vo sklopot na edna Balkanska Federacija. Posle konfrontacijata na Tito so Stalin, makedoncite bea ostaveni na milost i nemilost na vooruzhenite sili na grchkata vlada, podrzhuvana od SAD i VB. Tito gi zhrtvuva makedoncite vo Grcija za da ja dobie naklonosta na SAD, a grcite go izvrshija genocidot vo imeto na borba protiv komunizmot.
Од: MKD
Датум: 27.05.2008 02:53:31
VISTINATA BOLI A.Izgleda vo ovoj moment vo Makedonija SAMO crkovnite poglavari na MPC otvoreno govorat dodeka politicarite samo matat voda treba site istomisleno i otvoreno da im kazeme ne samo na grcistata tuku i na celiot svet NASETO Ime E i ke BIDE Republika Makedonija dali toa i se dopagalo ili ne na grcija a toa i voopsto ne treba da ne zagrizuva,zatoa sto ponapred toa podobro VEDNAS da se prekinat ovie suludi pregovori za imeto.Samo napred za Makedonija
Од: OF LELE
Датум: 27.05.2008 04:57:52
Свети Кириле, денес во твојот и наш Солун е камен на камен од твоето дело! Денес во твојот роден град сè е пепел и прав и нема ни буква ни слово од јазикот твој и наш. Во крајот во кој сите тогаш говореа како тебе и како ние денес, забрането е не само говорењето и молењето на тој јазик, туку и постоењето. Денес, за жал, таму однесувањето е полошо од она на тријазичниците во твое време.... Таму се прогонува и протерува сè што е македонско, и се негира и името на земјата, и името на Црквата, се негира – вистината.” Pa lugje pametni ste il nedouceni. ,,Site kako tebe govorea i kako nie denes"--,,Vo Tvojot i Nas Solun " ??So vakviot govor na SV.Izgrev,samo tie sto neznaat gramatika ,mislat ,deka Sv.Izgrev Stefan ne tvrdi, oti Solun e Grad na republika Makedonija. Vo Tvojot i Nas Solun.
Од: nikoj i nisto
Датум: 27.05.2008 07:23:18
Makedoncite se potomci i na Goce Delcev.A toj go razbiral svetot kako pole za kulturen natprevar megu narodite.Mozebi megu drugoto mislel deka i kompromisot spaga tamu.
Од: pameten
Датум: 27.05.2008 08:14:32
Jas sum hristijanin. Sakam si gi nashite crkvi, monastiri, tradicii. No ako nekoj me prasha dali veruvam deka Gospod go sozdal svetot za 6 dena pred 6 iljadi godini, kje mu odgovoram deka naukata veli drugo. Jas sum Makedonec. Sakam si ja zemjata, imeto. No ne veruvam deka Makedonskiot narod kako etnikum postoel povejke od 100 godini zashto naukata veli drugo. Mora da go branime svojot identitet, no da ne se praime na ludaci i fanatici.
Од: ZSS - Skopje
Датум: 27.05.2008 08:15:16
Dedo Stefan treba da se zafati so crkovni prasanja, a ne da se mesa vo nadvoresnata politika. Kolku li ugled so ova gubi megu na nego ramnopravnite poglavari na ostanatite pomesni crkvi. Ova e avtogol vo priznavanjeto na avtokefalnosta na MPC. Koja sestrinska crkva ke saka da sorabotuva so MPC? Gi gubime prijateliete i poddrzjuvacite. Crkovniot vrv treba da se zafati so reformi vo crkvata, vo koja reforma centralno mesto ke im bide zagarantirana na narodot, na verniciete. Verniciete treba da upravuvaat so crkvite, a svestenicite se samo sluzjbenici, naemni rabotnici, kako sto sme nie siete.
Од: Goran
Датум: 27.05.2008 08:20:26
ovoj covek kantar ne go meri definitivno. I ovaa provokacija i taa so bilbordot i toa so aerodromot - site mozea da se pravat otkako ke vlezevme vo nato.
Од: Petre
Датум: 27.05.2008 08:23:42
treba pravilno da se svati poglavarot Stefan...Solun bil centar na Makedonskata kultura (na brakata Kiril i Metodi)..Grcija nasilno ja zbrisala od tamu taa kultura, napravila kulturen genocid...a ne samo toa, i antickite makedonci ne bile identicni so antickite grci, bez obzir sto delumno se asimilirani od strana na Grcite...vprocem do 1990 antickite makedonci za niv bea varvari..
Од: jovan
Датум: 27.05.2008 08:34:03
Taka e koga ziveeme vo svoj svet vo koj si imame svoj teorii i mislime deka svetot funkcionira spored nasite svakanja. Zatoa kade i da itideme ili ne brkaat (Bukurest, pa Evrovizija najnov primer) ili pa partal ne pravat, a vo najdobar slucaj ne ignoriraat. Ovaa drzava kade i da e ke se srusi od sopstvenite lagi.
Од: Македонец
Датум: 27.05.2008 09:06:19
Браво за г.г. Стефан, вистината треба да се каже јасно и гласно. Нема потреба да се враќаме 2,5 илјади години и да ce вадат приказни за Античките Македонци , фактите ни се пред очи во сегашноста. Македонската култура и писмо се доминантни на овие простори најмалку 1500 години а Солун е колевката на словенското писмо. Од 1913 со поделбата на Македонија, нашиов јужен сосед (турско/монголски генетски микс) со убивање, протерување и лаги се обидува да не избрише. Helsink Human Rights Watch посочува дека и ден денеска паравата на Македонското малцинствво во Егејска Македонија се загрозени. Племево со турско/монголско потекло си ја има мувата на капата. Вистината мора да се каже гласно пред европската и светската јавност, тие нема да толерираат вакви расистички однесувања.
Од: BT
Датум: 27.05.2008 09:52:17
Kako dobri sosedi, pravilnata reakcija na grcija bi trebalo da bidi: imame zabeleska od nasiot sosed, cekajte da vidime sto saka da kazi. No reakcijata e slednava: ne smeat za zdoruvaat za problemot - problemot sto treba da se resi i treba da prifatat grcki odluki bikedi od toa im zavisi vlezot vo svetski organizacii. Grcite ziveat vo svet na mizenje, krienje na vistinata, na cenzuri i isprevrtuvanje na vistinata. Nasa odgovornost, ne samo za nas samite, tuku i za grcite koi nemaat infromacii od drugata strana, jasno i glasno da ja pokazeme vistinata kako nie ja gledame. Ne kutete, Makedonci!
Од: gjoko bugarija
Датум: 27.05.2008 09:54:25
Bravo dedo Stefane,samo taka.ti si edinstveniot koj kaza otvoreno za politikata na ciganskite grci.A site ovie dolu shto ostavaat komentari protiv tebe,vklucuvajki go i bugarinot,koj pokushal da pishuva na makedonski,trba da se samoubijat.Ili nie da gi ubieme.predavnici,za da otidat u evropa,ke si smenat i ime i istorija.podobro zemi bugarski pasos,ama imeto na drzavata ne go menjaj.Napred Makedonija.Vo srce te nosam.
Од: real madrid bt
Датум: 27.05.2008 10:13:12
gospodin gospodin stefan e svesteno lice i kako takvo mora sekogas da ja zboruva vistinata, sto vo ovoj slucaj toj toa go napravi, toa evistinata za ovie grcki fasisti beter i od hitler i negovata bulumenta.
Од: mete
Датум: 27.05.2008 10:16:19
odlicno srocen govor od poglavarot. A ti ZSS stvarno neznam kaj najde sestrinska crkva na MPC. Kao da si od mars padnat covece.
Од: Petar
Да��ум: 27.05.2008 10:21:08
Tragicno e kolku sme prosti i neuki. Do koga vaka netakticki i nezrelo kje se odnesuvame!? Pa vakvi izjavi e toa shto Grcite edvaj cekaat za da ja opravdaat nivnata politika kon nas. Tolku li sme nepismeni da svatime deka sega mudro treba da se istrae so umerena i takticki zrela politika i nastapi vo ovoj period, a potoa duri koga kje staneme clenki na NATO i podocna na EU da nastapime vo celost so nasata vistina od pozicija na formalno ramnopravna clenka na ovie organizacii. Za se sto ni se slucuva, NIKOJ drug ne nie kriv osven nie samite, nasata pateticnost i nezrelost kako nacija i nasata mizerna politicka i opstestvena ''elita.''
Од: citatelka
Датум: 27.05.2008 10:38:47
Kiril i Metodij se RODENI vo Solun od tatko grk i majka slavjanka. I tie bile lingvisti (deneshna terminologija) koi sozdale azbuka za jazikot na slovenite. Znachi, tamu se korenite. No, ne e ni samo srno ni samo belo bidejki i tie samite bile meshani kako shto sme site meshani na balkanot. Zatoa i imame tolku problemi.
Од: В од Македонија
Датум: 27.05.2008 10:52:53
ГГ стефан ја кажа вистината,но на погрешно место,погрешно време.Ватикан е тои кој не е подржува Македонија,ако сака Ватикан нема ништо да се случува ова што се случува во Македонија,но и Ватикан е вазал на грци и албанци,тие се миленичинјата и да се помирите со тоа.Македонија,односно политичарите нека не прават подмукли испади да ги наведуваат свештениците на погрешни чекори кои и штетат на Македонија.Престанете веке еднаш македонскиот народ сака во НАТО и ЕУ, за подобар живот.Јас сум против и НАТО и ЕУ,ама има кои треба да живеат подобро.Сега ќивеат добро само политичарите во Македонија и тоа треба да се прекине.Да се побара од ЕУ,заштита на целата Македонија под целосна управа со надзор на сите средства кои до сега се дадени на нашата земја,а кои немат покритие се во цеповите на политичарите и едните и другите под хитно да се бара политичари кои ке се залагаат Македонија да исплива од калта во која е внесоа самите тие.Македонија е обесправена,силувана од политичарите,некои бизнисмени
Од: Bubastis
Датум: 27.05.2008 11:05:55
Ete sto se slucuva koga politikata ke vleze vo religijata: svestenicite stanuvaat politicari. Papata minatiot mesec govorese za eden sistem vo koj toj izrasnal, sistem koj se pletkal vo obrazovanieto, kulturata, pa duri i vo religijata. Se plasam deka nie vleguvame vo ist takov sistem.
Од: Pismen
Датум: 27.05.2008 11:27:09
Da se izvini Gruevski na Grcija. A ovoj sto lupeta Stefan - NAS Solun? Da ne se lazeme luge, koga Solun bil NAS??? A Stefan, namesto da povikuva na mir i razum (barem vo toa imase prednost pred Grckite popovi), see fasizam i omraza. Abe sram mi e sto ziveam vi zemja kade sto nacionalizam i fasizam stanuva MAIN-STREEM!
Од: Jovan
Датум: 27.05.2008 11:28:14
А картите на Мегало Еллада во нивните амбасади (внимавај - амбасади!) не се иредентистички?!?!?
Од: makedonsko devojce
Датум: 27.05.2008 11:39:14
Odlicen komentar od pameten
Од: Трпејца
Датум: 27.05.2008 12:30:13
Дедо Стефане не ви требаше политика во толку незгодно време. Знам дека многу должете, до крај на живот, на овие од ММРО што ве катапултираа на сегашното место. Со шарлаган не се гаси оган! Да простете, СОЛУН никогаш не е бил ни СЛОВЕНСКИ НИ МАКЕДОНСКИ! (И јас сум Македонец, ни поголем ни помал од Вас и од овие недобудни коментатори). ОКОЛИНАТА ДА! Сите словенски опсади на Солун завршуваат со словенски пораз. Солун бил конгломерат на народи:Евреи, Ермени, Турци, Грци и други медитеранци. Имало и Македонци кои не се „чуствуваат„ до втора половина на 19 век. Таква ни била судбината. Од алваџии, бозаџии, млекари итн. нема ЕЛИТА како кај другите народи во градот, кои ке бидат носители на економијата, културата, духовноста, политиката... Да простете Вашето слово, ми стои како дел од АГЕНДАТА на ВМРО: се во корист на наша штета! Знам дека на нив најмногу им одговара МКД- црна дупка, ама и Вам како да ви одговара.На царот царското, на Бог божјето! Ако е така, се е во ред, како во Беч!
Од: Marina
Датум: 27.05.2008 12:33:09
Papa na angliski e izrecheno isto kako sto nie pisuvame Makedonski POP..... Ova znaci Papata Benedikt e samo obichen POP sto im gi mie nozete na Apostolite vo Vatikan koga e Veligden.... A Vladika bukvalno prevod na angliski e EMPEROR... I uste ednas prevedeno nazad na Makedonski e IMPERATOR i e = na VLADIKA...... Pa sto barate vie pretsedatel koga go imame IMPERATOROT koj pee za nas narodot..... Se javi praviot Kral POD KRALOT na Makedonija. I im se pozali na svojot brat Apostol Kiril, pa ovoj go chu.... Sega znaeme zosto Arhieskopijata e vo Skopje zasto vo Ohrid se znae koj e KRAL nad Kralevite.... Ako ne znaete prasatje go G.G. Stefan ON ke vi odgovori.... Stefane izmi ne od kalta, nie sme Makedonci.... I sto e najvazno ISTRAJ dodeka Krugot se zatvori....
Од: veviel
Датум: 27.05.2008 13:39:14
Možebi ne e moment, ama čovekot ništo ogrešno ne kaža. A koj si ja ima muvata na kapata ke mafta. Pa zar ne e našata pismenost tamu stvorena? Ili nas ne lažele pa samo grcite ja znaat vistinata. Eve gledam malku po internet, vikam aj da ne se brukam ama kaj poveke istoricari pa duri i grcki slovenskata pismenost e odd tamu trgnata. E ima eden sto Kiril za grk go proglasuva. Pameten da ne e i toa tocno?
Од: tome australia
Датум: 27.05.2008 14:10:00
До сите македонски идиоти и бугарски глаучи,До кога самите себеси ке се негираме,ееј разбудете се влезете во таа европа поарно како мајмуни или во Нато. Зарем досега не разбравте или се правите на стракнати Грчките копиљаци не нејкат ,поточно нејкат да постоиме .Немам видено по матуфи луге од овие што го негираат архиепископот.Мајмуни се па затоа сакаат да влезат во Европа како мајмуни поточно магарина.Идиотско племе.
Од: Anita
Датум: 27.05.2008 14:22:31
Samo togas koga MK ke bide clenka na Nato i EU ke moze da gi bara svoite prava,ova sega e glupost. Ova se samo zborovi sto i pomagaat na Grcija da ne ocrni uste poveke. Ako vaka neodovorno se prodolzi ke go izgubime i zborot Makedonija. Dosta so prazni provokacii. Drugo bi bilo ako bevme clenka na Nato i EU togas ke mozevme direkno da se branime i davame fakti , no ovaka e mnogu opasno. Grcija e taa sto sedi na masa so tie sto odlucuvaa, a ne nie. Ova sto go kazal g. Stefan e tacno, no vo pogresno vreme. Volkot sedi i ja ceka svojat zrtva.
Од: Ѓорѓија
Датум: 27.05.2008 15:24:38
архиепископот требал да внимава некои делови како формулирал. но се се врт горе-долу околу вистината. но эагрижувачки се поданичките и маэо-садистичките реакциите на некои читателите тука. грција не истребува од корен, наметна невидена агресивност. и некои тоа го прифаќаат како нормално! сега малку стефан дигнал глас, можеби малку невешто, и ќе го иэедат жив. одма иэвинување, главата долу, плуќање по нас самите ... жалосно. похрабро и подостоинствено Македонијо.
Од: Stole
Датум: 27.05.2008 15:29:47
ЛУДНИЦА од држава! Навистина лудница! Испомешаа и македонски народ и нација (две различни работи) и словенство и среден век и античка историја! Добро бе луѓе има ли нормален во оваа држава или историчар (без партиски предзнак) кој како професионалец ке објасни некои работи !!! Па како сме тргнале со нашиов ‘занес‘ веќе приличуваме на Србите од времето на Милошевиќ, а и сегашниве Радикали, па се прогласуваме за небески народ!!! Луди ли сме или се правиме на луди. Или дозволивме секакви необразувани и полуписмени креатури да ни раскажуваат ‘историја‘. Вака уште малку, Грција ќе ги придобие СИТЕ европски држави на своја страна заради нечија ‘ода на глупоста‘
Од: BLAGOJ UNGAR
Датум: 27.05.2008 16:50:47
DO : OF LELE Vo chie ime i za chija smetka OFKASH,Na istata tema prochitaj gi komentarite vo VECHER i misli slobodno.Treba da se sramish.
Од: struzanka
Датум: 27.05.2008 16:54:38
Vistinata e taa,a onie sto mislat deka ne trebala da se kaze se glavnite vinovnici sto dojdovme do ova kade sme sega,najverojatno se raboti za luge koi ne se vernici.
Од: makedonka
Датум: 27.05.2008 17:24:05
DO "pismen". kako ne ti e sram da prasuvas koga solun bil nas? pa ti od kade si be neprijatele? pa jas imam dokazi pismeni i slikovni mojot pradedo imal svoj dukan vo solun. stara skopjanka sum edena od malkute ostanati od site dojdenci vo sk. ama ako pak gi sakam nasi si se isekoj ima pravo. e tokmu zaradi takvi kako tebe Makedonija ne moze glava da krene predavnici isto kako ti sto go dadoa znameto, sonceto, imeto....koj znae od koe selo doagas ti ili predcite tvoi pa ne znaele da ti kazat deka solun bil makedonski. i ne samo solun pa da ne se izmisleni site tie proterani ceda makedonski sto ne mozat domot da si go vidat? jas isto imam tapii od imotot na pradedomi vo solun. pa kako mala se sekavam vo grcija site makedonski govorea vo severna grcija a sega m od makedonski ne smees da kazes. BRAVO GG STEFAN vi blagodaram za ovaa izjava dusata od radost mi treperi a sinceto moe i solzi pusta koga slusa deka makedonija ime moze da smeni...
Од: meto
Датум: 27.05.2008 18:00:21
Komentarot e daden vo pogresno vreme so ova samo mu davam povod na Grcijte da kazuvaat po svetot deka imame iredentisticki politiki.So ova ke go izgubime i ova sto go imame i go gubime kako sto ne ni dozvoluvaat da se vikame kako sto sakame a ne pa da go mesame Solun. Svestete se so ova mu pravime usluga na protivnikot i nie ispagame losite vo prikaznava. MPC treba da si ja brka svojata rabota i da ne i pravi steta so vakvi izjavi vo vreme na pregovori.ova mnogu loso ke ni s e vrati isto kako sto bese i aerodromot i bilbordot i kartata na grobot od Goce Delcev.
Од: Goce nikoloski
Датум: 27.05.2008 18:45:21
grcija mozi da brici petli a nie Makedoncite mozeme da ja zboruvame vistinata bilo kade sakame vo svetot, ama izgleda oti vistinata boli, bi sakal sto poveke Makedonskite politicari da ja govorat vistinata za minatoto na Makedonija i istovremeno da zajakne zemjata ekonomski so donesuvanje golemi investitori od stranstvo a za NATO i EU ic da ne se sekirame ne i se potrebni na Makedonija, posebno ne EU,
Од: od kate do "pameten"
Датум: 27.05.2008 20:21:54
Abe "pameten" ! zivi smeski si be. Popameten si koga kjutis! Ako ne veruvas deka Makedonskiot etnikum postoel poveke od 100 godini, toga ti predlagam da ja procitas GENETICKATA STUDIJA za genite vo nasata MAKEDONSKA KRV, pa da vidis kolku godini postoime. www.historyofmacedonia.org
Од: Andrej
Датум: 27.05.2008 20:30:59
Anita, aj te molam so tie inferiorni argumenti. Ne mora Makedonija da e ni u NATO ni u EU da krene glas za vistinata. Ne sum religiozen ali stojam pozadi MPC i gi pozdravuvam za hrabrosta.
Од: taipov abdula-intelektualec
Датум: 27.05.2008 22:29:12
I mene kako isekoj makedonec me interesira idninata na RM.vo imeto na stvarnosta koga celiot Balkan bila pod Otomanskata imperija ohridskata arhiepiskopija imase vlijanie se do intelektualcite vo Rusija Ohrid bese srce na pravoslavjeto potvrden so fermani od sultanot,site obrazovani ljuge znaat kolku kadar ima proizvedeno Ohridskiot univerzitet kolku crkovni ljuge se isprakaa da ja siraat pismenosta niz evropa. Ne sakam mnogu da ve zamaram jas sum pripadnik na turskoto malcinstvo vo RM toa se posledni politicki manevriranja na grcija i bugarija bidejki so vleguvanjeto na RM vo NATO i vo EU ovie dve nasi sosedi ke se soocaat so novi problemi shto ke moraat da go priznaat postoenjeto na makedonskoto malcinstvo toa im e tesko zatoa se obrakaat na pomos ili stavaat veto nas baranjata na RM.Da veruvame vo sposobnosta na Gruevski deka so edna mudra politika ke iznajde pozitivno resenie ovie dve zemji nemaat golemo vlijanie vo NATO i nemaat vo nikoj slucaj pomognato NATO (KOrejskata voj

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Светско признание за македонскиот иноватор Јоти Поповски
Што не сака Груевски да знаат гласачите
Потсмевање на пријателите
Претходен број
Зденко
Инцидентите ја загрозуваат иднината на Македонија
„Златна палма“, конечно, за францускиот филм „Меѓу ѕидовите“
Заборавени пациенти
Рен- Изборите 9. услов за ЕУ
Европското лице и опачина
Украдени предаватели на ТВ Алсат М и Арт
Турнир на грбавци
Verbatim