Број 3357  петок, 13 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Фељтон

Рецидивите на македонскиот етнонационализам (8)

Овде е државата - пиемонт

Нашиот македонизам е мултикултурен, а не монокултурен

Тодор Атанасовски

Концептот од времето на НОВ и Антифашистичката борба, кој се официјализира и со Декларацијата на АСНОМ (дека Македонците не можат национално да се ослободат, ако во Македонија не бидат национално слободни сите што живеат во неа. Според тоа, македонската држава ќе биде гарант на националната слобода на сите во Македонија), го напуштивме и некритички го прифативме општојугословенскиот. Со тоа ние, Македонците, како мнозинска нација и нација именител на државата Република Македонија и' ја препуштивме нашата одговорност на заедничката држава. Ја изневеривме сопствената филозофија од НОВ и Антифашистичката војна. По ова не помогна ниту забележителниот напор на Крсте Црвенковски во Македонија да и' се вратиме на стратегијата во доменот на меѓунационалните односи од времето на НОВ и Антифашистичката борба. Не помогна, пред се', поради нашиот, македонски шовинизам, дури и во редовите на СКМ.

Накусо, никој не ни пречеше да ја продолжиме нашата политика на меѓунационални односи внатре во Македонија што ја имавме усвоено и ја практикувавме во НОВ и Антифашистичката борба 1941-1945 година. Таа вредност беше наша, иманентна на нашите македонски традиции. Всушност, сега и не знаеме дали некој би ни пречел во заедничката држава (Федерацијата) затоа што некритички ја прифативме југословенската тактика за братството и единството. Меѓутоа, етничките заедници во Македонија ја прифатија како своја онаа од НОВ и Антифашистичката борба 1941-1945 година. Таа, за нашето македонско искуство и традиции беше најпрогресивна, но не утопија, бидејќи ние не само што сме во битието рурална и неелитистичка нација, туку бевме, исто така, и рурален народ и општество. Тоа дека и немакедонските (условно кажано) заедници во Македонија без резерва ја прифатија нашата филозофија во сферата на меѓунационалните, меѓуетничките, мултикултурните и мултиконфесионалните односи, се потврдува и со фактот што Албанците, Ромите, Власите и другите, се' до 1953 година себеси се искажуваа како Македонци од албанско, турско, ромско, влашко потекло. Нашиот македонизам е мултикултурен, а не монокултурен.

Кога Југославија притисната од Сталин сакаше да ја обнови Малата антанта, на авторот на овој текст (Ниш, 1954 година), турски генерали од официјална делегација, во разговори тет-а-тет му се претставија како „Македонци“. Е, тогаш, и во тоа повоено време Македонците реагираа и ги критикуваа македонските граѓани од другите етнозаедници за лажно претставување, низ што почна да се искажува нашиот национализам и покрај тоа што мојот соборец и пријател Крсте Црвенковски постојано докажуваше дека хегемонизмот не е наш македонски иманент. „Македонскиот народ никогаш не бил хегемон“, рече во еден илинденски говор Крсте Црвенковски, напредно ама и наивно, бидејќи секогаш е можно и да се случи тоа, дури и карикатурално.

Да заклучам, напуштањето на нашата македонска филозофија и политика во југословенската федерација е уште една од причините за антагонизирањето на меѓуетничките односи по осамостојувањето на Република Македонија. Но, ниту на крај од умот не ми е да ги амнестирам политичките формации што по осамостојувањето се менуваа на управувачките позиции во Македонија. Ако бевме доследни по војната, верувам ќе немавме криза со острина на конфликтот од 2001 година, ниту потреба од Рамковен договор како диктат, затоа што ќе имавме надрамковен во сферата на меѓунационалните односи во Република Македонија. Во овој миг покрај доминантно криминогената слика на државата и нагласената партизација, во Република Македонија на сцената е македонски хегемонизам во неговата најпримитивна форма.

Нужно е да бидам попрецизен кога зборувам за плуралноста и за слоевитоста на етномакедонскиот национализам. Веќе спомнав дека овде не дојдоа ниту Егејците ниту Пиринците да ни наметнуваат свој македонизам. Ако понекогаш ние овде се враќавме назад во времето пред Илинден и потоа (би рекол не само понекогаш), туку тоа го правевме и правиме, ние, овде и одовде. Веќе е сосема јасно дека нашиот екстерен македонизам е далеку понапреден и попрогресивен од нашиот овдешен, во државата. Нас не ни бараат ни пари ни имаат какви било други понагласени барања и поддршка од (и) нивната национална држава во борбата што тие ја водат во општествата каде што се во овој миг ситуирани. Сум разговарал с�� многу луѓе Македонци, Албанци и други од дијаспората. Тие сите таму се чувствуваат нашинци и така се однесуваат меѓусебно. Ние одовде зрачиме речиси секогаш еднонационално, иако сме мултиетничко и мултикултурно општество. Сите тие сакаат да ни биде единствена, сложна, просперитетна и безбедна државата. Моментно тие силно ја поддржуваат и помагаат нашата борба за името и за идентитетот, меѓутоа не ретко имаат проблем токму со нас. Со нашата недокваканост и националистичка исклучивост. Реално, и Егејско и Пиринско се во ЕУ и во тие услови Македонците се борат за човекови права и самоопределување. А дијаспората во развиените земји е секојдневно во допир со високите достигања во општествено-економскиот развој, кој за нас, овде, се' уште е недостижен.

Значи, и оревот и каменот се овде - кај нас. Овде е државата, чиј именител сме ние. Според тоа, ние овде мораме да бидеме на ниво на пиемонт - тоа не е право на хегемонизам, туку мошне одговорна мисија. Тоа не го разбравме во повоениот развој до осамостојувањето, а еве, речиси две децении потоа не ни успева да го разбереме. За тоа не е вината ниту во измислениот комунизам ниту во социјализмот. Социјализмот не можеше да биде, ниту беше пречка консеквентно да си ги градиме и следиме националните интереси. Се промени или се менува општествениот систем, а ние ниту денес не го правиме тоа што треба. Во стагнација или ретерирање не може да се реши ниту едно прашање, па ни националното. (Продолжува)

(Авторот е воен аналитичар и генерал во пензија)


#
Статијата е проч��тана 1253 пати.

Испрати коментар

Од: Nostradamus
Датум: 13.08.2010 00:57:08
Koga se raspagase YU jas bev vo JNA.Se sekavam na eden razgovor so dvajca kapetani koj rekoa:"Slovenija moze da ide,za Makedonija,ke vidime,a ostanatite site ke ostanat vo YU".Posle 20godini samo Slovenija e vo EU,Makedonija za zal"podpaga"pod Bugarsko vlijanie,a site drugi se vo"Jugoslavija"se uste.Svesen li e nekoj sto se slucuva denes vo Makedonija?Ne li se primetuva(za zal ne,mnogu dobro se prikriva)deka Makedonija od den na den e pod se pogolema i pogolema"opsada"od Bugarija.Cela istocna Makedonija se nosi vo Skopje,se zaposluva vo administracija,site Bugarski "investicii"zaposluvaat isklicivo"podobni",istorijata se menuva,NOB ne se priznava(pocnuva Jugoslavija da se karakterizira kako zandana na Makedoncite),drzavata se kriminalizira po Bugarski terk i kontrola.Sto bilo do sega veke ne e mnogu vazno Generale,denes se slucuva suptilen napad na Makedonija.Vie kako voeno lice znaete sto znaci toa i kako se vodi taa"specijalna"vojna.Makedonija rascistuva so YU,no stanuva BG pokraina
Од: Mihail
Датум: 13.08.2010 08:14:14
Nashiot makedonizam, vardarskiot, e srbomakedonizam. Da se potsetime na Ceca vo Prilep? Ili na site drugi sekojdnevni ataki na shund i turbofolk od sever, sekojdnevno po nashite kafani i televizii. Ili mozebi da se potsetime na "vmrovskata' hit pesna Majka Devet Jugovica?! Ili mozebi na site srpski filmovi koi gi davaat sitel i kanal5?! E, gospodine analiticar, ako nekogas ste bile vo Pirinsko ke znaete deka tamu se zapazeni najmakedonskite tradicii, vo site kafani echi makedonska muzika, za razlika od kaj nas. I kako toa nie sme bile "najmakedonskiot makedonizam"?! Neprekinatata srbizacija sto se sproveduva vo MK e pricina zoshto od 2.000.000 Makedonci vo Bugarija, edvaj 3.000 go poddrzuvaat nasiot vardarski srbiziran makedonizam. A da ne zboruvame kolku Makedonci od Vardarot ne go poddrzuvaat istiot. Ako ne se desrbizirame, vo skora idnina ke nastane podelba na makedonskoto tkivo vnatre vo samata R.Makedonija.
Од: Марко
Датум: 13.08.2010 11:02:01
Па да ви кажам, во Софија има едно 2000 македонски студенти, да не збориме за Пловдив, Благоевград, Шумен, Стара Загора, Плевен
Од: mene
Датум: 13.08.2010 11:13:37
Ovvie dva komentari(Nostradamus i Mihail )najdobro go otslikuvaat nasiot mentalitet,podeleni po naklonost na nasite sosedi Srbija i Bugarija,najmalku svoi.Makedonskiot nacionalizam,patriotizam e mozda edini lek za ova podelenost,kade ke ne odvede neznam.Ne se slagam so generalot deka drugite nacionalnosti vo Makedonija se cuvstvuvat makedonci.
Од: БАНОВИНА
Датум: 13.08.2010 11:55:00
Дваесет години повекето од нас знаат повеке и мислат повеке што ке било со српскиот проблем на Косово. Во 1990 што ке било со Србите во Хрватска . Е таму бурата ги однесе сите новостворени покраини. СЕ слушаше радио Белград и Приштина. Имав тешки проблеми на раб. место пуштав Скопје и читав Нова Македонија. Еднаш беше скината. Се смееја за парите биле бонови. Е така го испуштивме ЕУ возот. Грција доби во време. И денес по кафеани ресторани канцеларии српска или ЈУ музика. Какво себенепочитување.Песимизам. Косово пак ке било српско а ке сме изгубеле Зап Мак. Да добиеле Србите во Сев Косово. Е ако добијат тек тогаш е загрозена Зап Мак. Е јас од сите соседни напади се бранам. Сите украдоа од Македонија и се китат со македонски јунаци.
Од: Do Nostradamus
Датум: 13.08.2010 13:59:54
Во грешка си.Македонија почнува да е сознава вистината за Македонија.Сигурно си некој остаток од ЈУ носталгијата.Срамота.Народ што се откажал од тоа што е нема никогаш аир да си види.Добро да е така како што велиш,ама мислам повеке со антиката србија и грција имаат влијание во МК денес.Срамно.Само паметни луѓе знаат што се и каква националност имаат.Албанците се најсвесни во Македонија,тие си е знаат и признаваат само својата нација и немаат проблеми со неја.Македонија треба да се ревидира......кој го лажел народот да одговара.
Од: jovan
Датум: 13.08.2010 14:08:03
Gi sledam Generale, site tvoj natpisi okolu ovaa tema,a i komentarite na istata.Mozam da kazam deka Makedonija vo momentov e najmnogu na"udar" od bilo koga, bidejki,kako sto napisal pogore eden komentator, se vodi mnogu sofisticirana specijalna vojna od strana na sosedite,duri nekoj se i vo prikrien sojuz, iako odstrana izgleda kako nisto strasno da ne se slucuva.Ima celi obavestajni centri oformeno ovde od strana na sosedite prikrieni kako "stranski investicii"a vsusnost se rovari,se regrutira i potkupuva,se so cel prevzemanje na drzavata.Nie "gladni" za se i sesto,negledame koj ni se pletka i sto metodi upotrebuva.
Од: ДО ТЕБЕ НЕ МЕне
Датум: 13.08.2010 15:39:05
Mихаил има баш македонски став. Не се 2 во Буг се три милони луге со мак.потекло. А Нострадам е за Србославија. Тоа беше Милошевиќ Словенија надвор другото Србославија. Ама Бурата добро пишал еден во Хрватска сите новокомпонирани покраини ги однесе. Што бараше Македонија во Србославија без Хрватска и Словенија. Ама ЈУ. Што клање беше.А за Блгарофили зборите а цел ден во уши српска музика.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Судот води кривична истрага за ексдиректорите во „Телеком“
Рамковниот договор девет години потоа
Овци за Рипли
Драма за пребрзо возење
Казнето колективно домување
Кривична пријава за началникот Цветан Божиновски
Магазин
Дојава и вториот тројански коњ
Прва подводна венчавка во Охрид
Музиката е мојот живот
Новинарски борби со игли и мечеви
„Браќа Манаки“ отвора нова страница
Струмица и Василево се скараа за ѓубре
Краток дожд го растера чадот
Бродски заспивања и морски будења
Пливачките костими се минато
Тронот на младите рокенрол-кралеви
Неделен хороскоп