Број 3357  петок, 13 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Мислења

Новинарски борби со игли и мечеви

Гордан Горгиев

Граѓаните нестрпливо чекаат новинарите да го прободат непријателот на отвореното општество. Никој нема да им помогне, а многумина ќе им одмогнат

ОЧИ ШИРУМ ОТВОРЕНИ

Како што претпоставивме, стивна фамата околу последниот упад во македонското новинарство со бркањето новинари од Канал 5. Се разбира, такво стивнување оправдано очекуваа и џелатите на македонското новинарство. Затоа, да не бидеме изненадени кога ќе се случи следниот упад, со нови имиња во ново пакување.

„Што ти е Гордан, половината од новинарите се ситат, останатата половина се немоќни да направат нешто“, ми вели една новинарка-пријателка неколку дена по отпуштањата во Канал 5. Не сум сигурен до крај дали е политички подобно да се нарекува некој новинар пријател на политичар, ама ете ќе ризикувам. И веднаш помислив на Маркс, веројатно најголемиот поборник за слобода на медиумите во историјата на новата политичка мисла. Младиот Маркс ја осетил цензурата врз своја кожа уште во младите години кога и самиот работел како новинар за време на германскиот апсолутизам. Во неговиот обемен опус, суштински дел претставува освојувањето на слободата на медиумите, како нужна претпоставка за слободно општество.

Така, вели Маркс, во едно апсолутистичко општество грев е борбата за слободното новинарство да се води преку мечување со игли. Иглите можат само да боцнат, но не можат да променат. Иглата е толку тенка и бенигна што врши мечкина услуга на тој што ја зема како свое оружје. Нашава конзервативна владејачка структура ја цр��и својата инспирација од најтемните фиоки на Жозеф де Местр, кој вели дека џелатот е главната основа и оска на општеството. Кога ќе ги спротивставите иглите на остриот сатар на Џелатот, добивате уште поголема доза страв и уште поголема отапеност на критичкото сечило. Маркс вели дека на такво општество му е потребна борба со мечеви, а не со игли. А поостар меч од новинарското перо, здравје.

И тука доаѓаме до вистинското прашање: кој треба да ги брани новинарите во едно навидум демократско општество? Власта, опозицијата, интелектуалците, академската фела, граѓаните?

Несомнено е дека новинарските игли јасно и јавно препознаваат дека новинарите се тие што самите треба да се одбранат. Но, тоа упорно не го прават или го прават на начин кој во основа е контрапродуктивен. Токму тука Маркс може да помогне. Тој вели дека кога критиката во едно општество е монополизирана од страна на власта или омекната до непрепознатливост, потребна е борба со мечеви. Потребна е радикална борба, која покрај перото подразбира и бојкот, протест, самоорганизирање и самопридонес од страна на новинарите. Одговорна власт мора да обезбеди само услови за слободното новинарство, а тие услови, всушност, се сосредоточуваат во една единствена политика: не се мешаме во уредувачката политика на медиумите, па макар не' газеле секојдневно по сите основи. Ваквата политика создава доверба на долг рок и станува темел на сите други политики. Секако, секоја власт сака и (донекаде) се труди да обезбеди лојалност од страна на медиумите. Тоа дури може да биде и легитимно ако не ги премине границите на пристојноста. А со последниот случај кога Џелатот се обраќа со елементарна непристојност од типот „Весна, со тебе сум“, границите се одамна преминати.

Затоа, новинарската фела треба јасно и гласно да им каже и на власта и на опозицијата и на сите останати дужегрижници: Ве молиме не не' бранете! Или ќе се одбраниме самите или ќе се задоволиме со боцкање со иглите.

Во тој контекст, одлична беше идејата на еден наш релевантен новинар кој предлага на чело на таквиот отпор (новинарски синдикат или слично тело) да застанат афирмирани корифеи на македонското новинарство, по можност пензионирани и независни од волјата на своите медиумски газди. Тие би можеле да претставуваат морална вертикала и урнек за помладите освестени, но се' уште уплашени новинари. Од друга страна, мораме да ги разбереме и самите новинари. Во супстандардни услови, со реално мали плати и минимално општествено признание, не можеме да ги сметаме за суперхерои кои по секоја цена можат да се издигнат над себе. Затоа, грубиот сарказам со самохраната мајка е суров и вистинит: да, и меѓу новинарите има самохрани мајки и татковци.

Имаше и комплетно површни и неписмени новинарски коментари од типот „како е можно ваква бука да се крева за неколку избркани новинари, а за други избркани работници од фирмите да не се пишува“. Веднаш да кажам, тоа е голема глупост и злонамерност. На таквите кои не разбираат или се ситат над туѓата судбина треба да им биде јасно дека новинарите се еден вид „специјални“ работници. Новинарите се филтерот преку кој секојдневно ја гледаме реалноста читајќи ги утринските весници како што човекот во средниот век ја практикувал утринската молитва.

Да заклучам, сегашната борба на новинарите за слободно новинарство е мечување со игли. Ќе боцнат малку ама нема да заријат подлабоко. Ова општество и граѓаните во него нестрпливо чека новинарите да го извадат мечот и да го прободат непријателот на отвореното општество директно во срцето. Никој нема да им помогне во тоа, бидете сигурни. А многумина едвај ќе чекаат да им одмогнат. И така, за да не остане последната најава за сериозна реформа во новинарската фела само уште една новинарска патка, будно и добронамерно ќе го следиме процесот. А ризикот да се пишува на оваа тема од аспект на политичар го преземам на себеси.

Повозрасните читатели се сеќаваат дека во комунистичка Југославија се водеше цела кампања наречена „Са Марксом против Стаљина“. Ех, колку парадоксално, до каде дојде нашево општество, да треба повторно да се бориме против Сталин со помош на Маркс.

П.С. Гледам деновиве медиумите интензивно шпекулираат дали премиерот ќе се појави на одбележувањето на деветгодишнината од потпишувањето на Рамковниот договор. А тој, пак, изјавува дека не ни помислувал да оди на одмор, имал многу работа. Ако премиерот во неговата набиена тениско-рекетарска агенда не може да најде време да се појави на приемот, тоа не треба премногу да не' загрижува. И така веќе никој не е посебно заинтересиран што воопшто работи овој премиер во заминување, па не знам зошто новинарите би биле толку заинтересирани. СДСМ ќе присуствува на тој настан, без никаков комплекс.

(Авторот е потпретседател на СДСМ)


#
Статијата е прочитана 1373 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 13.08.2010 00:37:47
Tolkav tekst za novinarstvoto vo Makedonija ne si moral da trosis.Znaeme na koe nivo ni e novinarstvoto so obzir na toa deka Latas e primerot za uspesen novinar vo drzavava,duri momentalno i najuspesen,site drugi mozat samo da mu pluknat pod prozor(sto bi rekle nasive starci).Sto se odnesuva pa do proslavata na godisnicata od potpisuvanjeto na ramkovniot dogovor,toa e individualno.Koj saka neka si go slavi,nikoj ne mu brani na SDSM da go slavi i so kompleksi i bez kompleksi, no nemora isto taka da bide zadolzitelno da go "slavat" i onie koj ne sakaat ni da cujat za toj glupav i nelogicen dogovor.Taka da,dali Grujo ke dosol ili ne e negovo pravo,isto taka vazi i za Vas,dali ke dojdete ili ne,e vase pravo.Narodot i onaka taa "slava" ne go interesira.Na koj mu se slavi neka slavi,na kogo ne,neka si sedi doma i neka jade lubenici.
Од: Od London
Датум: 13.08.2010 00:41:33
Hrabrost e toa sto avtorot se zafatil da pishuva za ovaa tema. Posebno shto pristapot e celosno nadpartiski. Ova e samo ushte eden argument za ogromnata poddrshka shto ja dobiva partijata koja toj ja pretstavuva.
Од: mile
Датум: 13.08.2010 04:17:38
Vo eden del od tekstot aftorot veli deka sekoe sabajle gi cita utrinskite vesnici. Pa me interesira dali cita i VECER.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 13.08.2010 06:46:31
Латас е пример за неуспешен новинар а не на успешен.Проблемот е што кај нас се се мери со пари...инаку најуспешни во друштвото се нели крадците кои не се фатени но се нафатирани...Така гледано немаме ниту доблест, чесност,искреност,професионалност, етика,морал...немаме ништо освен гол интерес во чија одбрана се спрегнати сите сили????
Од: Оставете ги новинарите, треба самите да се засукате, ако ве бива
Датум: 13.08.2010 07:42:35
Гордане, вашите новинари не се борат со игли и мечеви, туку со плукање. Затоа и се толку ефикасни. Но, дури и да се професионални, не очекувај новинарите да те донесат на власт.
Од: Јован АН
Датум: 13.08.2010 09:23:17
Aко на некој му се случува нешто непријатно,а ти не реагираш,тогаш не чуди се кога ќе останеш сам кога ти ќе паднеш во неволја.Кој реагираше кога го затвараа НИП-от?
Од: C.U.
Датум: 13.08.2010 09:40:11
Bravo Gordan! Tekstot e analiticen, strucen, objektiven i lesno razbirliv. Ja imas ostvareno celta na sekoj kolumnist: da ukaze na sostojbite znacajni za opstestvoto, da posoci izlezni resenija i istovremeno da educira del od citatelskata publika.II da ostavi silen vpecatok vrz poedinci!
Од: Горан - М. Каменица
Датум: 13.08.2010 10:31:15
Кој новинари????Кој се тие???Што работат???Па тие се хорски певачици кој само отвараат усти а мозокот го оставаат дома.Што бараат кај Sинго,Велија,Стојменов,Штерјо?Па нели сакаат независно новинарство.Гордане кажи дали е направен списокот на портпаролите во министерствата кога ќе дојдете на власт.Признај.
Од: Olivera
Датум: 13.08.2010 11:04:28
А кога во Р. Македонија имало независни новинари и новинарство по 1992 година?!!!! Да не беа тоа оние новинари од таканаречената “Фабрика“, или оние со свирчињата!!!!!!!!!! Инструирани од СДСМ, кои и ден денес роварат против сопствената држава во која сеуште живеат! Како не им е срам?!!!!!
Од: весна
Датум: 13.08.2010 13:46:59
гордане вие од СДСМ кога се разговара за слобода на медиуми, печат слобода на мислата и уверувањето треба да бегате како ѓабол од темјан. Точно е ова што го реков, затоа што вие не можите да зборувате за демократија, зошто кога врхушката на Бранко беше на власт, гласот на опозицијата не се слушаше ниту во парламентот, ниту во медиумите, НВО секторот. Се загушувавте и тоа со пендрак
Од: Krt
Датум: 13.08.2010 14:08:42
Gordane, preubavo napisano ama za nekoi od DPMNE ke moras da upotrebis flomaster i marker i seto toa ubavo da im go nacrtas-za da mozat da te razberat. samo napred !
Од: komentator
Датум: 13.08.2010 14:48:24
Коментаторот Миле го прашува Гордан дали читал Вечер, а јас го прашувам Миле дали тој во Вечер прочитал некогаш негативна критика за власта -ГРУЈО(белким и таа и тој ,како и луќето не се безгрешна зошто само БОГ е таков или и Грујо е бог)што е нормално за едно демократско општество.Исто го прашувам дали прочитал негативна критика на објавениот текст од страна на некој коментатор како што такви коментари може да најдете во Нова Македонија ,Утринскуи,Дневник,Вест. Исто така се прашувам дали некој прочитал поголеми гадости и попростачки јазик од јазикот на Латас сатарот и личниот пријател на Грујо кој прв ќе го напушти кога ќе види дека губи.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Судот води кривична истрага за ексдиректорите во „Телеком“
Рамковниот договор девет години потоа
Овци за Рипли
Драма за пребрзо возење
Казнето колективно домување
Кривична пријава за началникот Цветан Божиновски
Рецидивите на македонскиот етнонационализам (8)
Магазин
Дојава и вториот тројански коњ
Прва подводна венчавка во Охрид
Музиката е мојот живот
„Браќа Манаки“ отвора нова страница
Струмица и Василево се скараа за ѓубре
Краток дожд го растера чадот
Бродски заспивања и морски будења
Пливачките костими се минато
Тронот на младите рокенрол-кралеви
Неделен хороскоп