Број 3357  петок, 13 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Краток дожд го растера чадот

Во Москва завчера немаше чад, но метеоролозите тврдат дека ќе се врати до следниот викенд

Од нашиот дописник Бранко Влаховиќ

МОСКВА - Краток пороен дожд во средата изутрина го растера чадот во Москва, па и загаденоста на воздухот беше во нормални граници. Високите температури сега полесно се поднесуваат, бидејќи оние што немаат клима- уреди во становите сега можат да се бранат со провев. Метеоролозите тврдат дека до викендот чадот повторно ќе се сконцентрира, па граѓаните и гостите на Москва повторно ќе ги стават маските на лицата. Во Москва загаденоста на воздухот се мери на 35 станици.

„Дождот и северниот ветер ја исчистија Москва, па се подобри и еколошката ситуација. Температурата ќе се движи околу 35 степени“, тврдат московските метеоролози.

Денес ќе почне полевањето со вода на наслојките од тресет, изјави губернаторот на Московската област, Борис Громов. Иако противпожарните екипи и доброволци деноноќно работат во Подмосковјето, сепак, се' уште не се изгаснати 40-ина пожари, од кои 17 се на тресет. Поради пожарите и големиот чад во кој се задушува Москва почнаа отворените меѓусебни обвинувања на претседателот на Москва Јуриј Лушков и губернаторот на Подмосковјето генерал Борис Громов. Руската влада издвои околу 300 милиони рубли за полевање на наслојките од тресет, кои секоја година горат. Од денес поинтензивно ќе се гасат пожарите со авиони и со хеликоптери, но и војската ќе поставува цевководи. Во гасењето на пожарот во Подмосковјето учествуваат околу 5.000 луѓе и околу 1.200 единици техника, вклучувајќи ги и авионите „ИЛ-76“, „Бе-200“, како и хеликоптерите „Ка-32“ и „Ми-26“.

Јуриј Лушков го обвини раководството на Подмосковјето за слабо работење, бидејќи таму секоја година се случуваат големи пожари. Од друга страна, пак, во Кремљ го критикуваа Јуриј Лушков, бидејќи тој не се врати веднаш од одморот во Австрија, каде што лекуваше „спортска повреда“. Многу московски политиколози сметаат дека популарноста на Лушков брзо падна, бидејќи не се врати веднаш од одморот во Австрија додека главниот град на Русија преживуваше вистинска еколошка драма.

В кино по кислород

МОСКВА - Поради големите пожари кои се' уште не се изгаснати во Подмосковјето, во воздухот од поширокиот регион на Москва има 3,7 пати помалку кислород од нормалното ниво. Во хидрометеоролошката служба велат дека е добра вест што се намалува количеството саѓи во воздухот. Мерењата покажуваат дека вчера имало пет пати помалку саѓи од дозволеното количество, што потврдува дека ветерот го исчистил не само небото над Москва, туку го олеснил и животот на граѓаните.

За да им помогнат барем малку на граѓаните на Москва полесно да го поднесат топлото време, кината што имаат клима-уреди дозволија бесплатен влез, а посетителите добиваат и чаша студена вода. Многумина ја користат можноста да отидат во кината што ретко ги посетуваат поради скапите влезници, но и да минат два часа во пријатен амбиент.

Московјани сега се плашат од прогнозите дека ветерот би можел да ја смени насоката, па во текот на викендот повторно да ги наполни улиците, а потоа и куќите со чад. За да не се случи тоа, противпожарни авиони фрлаат тони вода врз тресетот што гори.

Високите температури се чини дека единствено не им пречат на политичарите да водат полемики. Вчера губернаторот на Московската област, генерал Борис Громов, јавно ги нападна Јуриј Лушков и соработниците дека не се солидарни во овие тешки времиња. „Руската традиција е во тешки времиња - луѓето меѓусебно да си помагаат и да бидат солидарни. За жал, некои московски политичари ја користат ситуацијата да блефираат и да напаѓаат други“, рече Громов алудирајќи на Лушков.

Градоначалникот на Москва, Јуриј Лушков, кој во најтешкото време беше на одмор во Австрија, изјави по враќањето дека проблемот не е во тресетот што гори, туку во раководителите на Подмосковјето, кои слабо работат и не ја организирале потребната контрола и заштита од пожари. (Б.В.)


#
Статијата е прочитана 969 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Судот води кривична истрага за ексдиректорите во „Телеком“
Рамковниот договор девет години потоа
Овци за Рипли
Драма за пребрзо возење
Казнето колективно домување
Кривична пријава за началникот Цветан Божиновски
Рецидивите на македонскиот етнонационализам (8)
Магазин
Дојава и вториот тројански коњ
Прва подводна венчавка во Охрид
Музиката е мојот живот
Новинарски борби со игли и мечеви
„Браќа Манаки“ отвора нова страница
Струмица и Василево се скараа за ѓубре
Бродски заспивања и морски будења
Пливачките костими се минато
Тронот на младите рокенрол-кралеви
Неделен хороскоп