Неделен хороскоп
Овен
Ќе се најдете во ситуација кога нешто ќе славите. Целата недела ќе ви мине во знакот на некои радосни вести и новости. На работното место ви се советува да не ја преземате сета одговорност на себе, туку да си работите онака како што вам ви е својствено. Само со смирено и одлучно темпо ќе дојдете до посакуваните резултати. Кога се работи за здравјето, можни се проблеми со синусите. Пожелно е да посетите лекар. На љубовно поле врската во која се наоѓате доживува кулминација. Само од вашиот партнер зависат идните љубовни случувања. Тој е личноста што ги држи конците во свои раце.
Бик
Пред вас е напорна работна недела. Бидејќи сакате опипливи докази поврзани со она со што се занимавате, ќе бидете помалку незадоволни. На работното место е потребно да бидете организирани ако сакате да испливате од проблемите, кои лошо влијаат на работната ситуација. Бидејќи си поставивте многу обврски, сето тоа мошне лошо се одразува на вашето кревко здравје. Како совет: повеќе одморајте. Во љубовта ќе се трудите да ја зацврстите врската во која се наоѓате. Не бидете љубоморни и не тормозете го партнерот со непотребни работи. Тој не го заслужува тоа.
Близнаци
Ќе донесете некоја важна животна одлука. Внатрешната хармонија е нешто што ви дава дополнителен шарм. Зачувајте ја. Нов работен проект е на видик. Дигнавте раце од се', особено ако се занимававте со некој приватен бизнис. Помошта стигнува кога најмалку очекувате. Кога се работи за вашето здравје, заздравувате од стресовите што ги имаше во голем број. Конечно, сфативте дека непотребно се нервиравте. Расправијата со вашиот партнер стана секојдневна работа, бидејки врската стана монотона. Тешете се, бидејќи овој пат вие не сте виновни. Партнерот ги заплетка работите.
Рак
Романтичните доживувања можат да ја нарушат секојдневната монотонија. Препуштете им се на желбите. Ќе се најдете во ситуација кога емотивно ќе реагирате. Она што ќе ви поаѓа од рака во следниот период е мудроста. Ќе повлекувате совршени потези кога се работи за работата. Со минимум напор постигнувате максимални резултати. Кога се работи за здравјето, на удар се жлездите со внатрешно лачење, но и проблеми со килограмите. Во љубовта некоја личност изненадно ќе влета во вашиот живот. Многу Ракови овие денови ќе се најдат во фаза на вљубеност. Многу емоции и нежност.
Лав
Нешто морате да жртвувате ако сакате да дојдете до посакуваните цели. На работното место сега засега заполовивте во мирни води. Работата ја вршите по застарен шаблон и воопшто не се оптоварувате. Здравјето ви е релативно добро. Се наоѓате во фаза на закрепнување, но размислувајте за идните потези ако сакате да бидете уште поздрави и посреќни. Љубовта вашата движечка сила ве прави убаво да се чувствувате. Ја воспоставувате внатрешната рамнотежа. Тоа е она вистинското. Партнерот е тука да ви излезе во пресрет кога и да посакате.
Девица
Пожелно е да тргнете во конкретна акција. Одговорни сте за сопствената судбина, но и за судбината на многумина. Затоа постапувајте внимателно. Работата тргна наопаку, па тоа дополнително ве загрижува. Направивте купишта грешки, па сега е тешко да ги исправите. И здравјето ви е влошено. Ќе се соочите со проблеми со уринарниот тракт или со некои гинеколошки пречки. Во љубовта настапува затишје. На партнерот немате што да му префрлите, што не значи дека сте задоволни со емотивната ситуација. Припремете се за отворен разговор. Бидете прибрани и избегнувајте расправии.
Терезија
Тешко функционирате во хаосот во кој се наоѓате. Бидејќи со напор одговарате на поставените задачи, можни се здравствени проблеми. Потребно е да не внесувате премногу емоции во вашата работа. Ќе се најдете во ситуација кога ништо нема да ви се работи па потрудете се некако да се извлечете. И здравјето е влошено. Сето тоа е поради зголемените емоции амбиции. Истоштеноста е последица на временските осцилации. Барем единствена светла точка оваа недела ќе биде љубовта. Ве очекуваат интересни и возбудливи моменти со саканата личност.
Скорпија
Влегувате во нов многу поповолен животен период. Овие денови ќе ви бидат исполнети со многу интересни случувања и настани. Ќе бидете задоволни со резултатите кои ќе ги постигнете на работното место, особено со материјалната сатисфакција, која ќе ја добиете од вашите претпоставени. Ве очекува и некоја прослава. Кога се работи за здравјето ви се советува да не претерувате со консумирање на алкохолни пијалоци. Повеќе време минувајте во прошетки, на чист воздух. Во љубовта ќе дојдете до сознание дека врската со вашиот партнер бара промени. Нема да ви биде лесно но ќе се потрудите да ги решите проблемите.
Стрелец
Функционирате мудро и великодушно. Ќе се најдете во ситуација да се занимавате со филозофски проблеми и да повлекувате мудри потези. На работното место оваа недела ве очекуваат куп работни обврски, но бидејќи имате енергија во изобилство, успешно ќе ги завршите. Кога се работи за здравјето можни се некои ревматски тегоби или кршливи коски. Бидете внимателни ако сакате да ги избегнете опасностите. Во љубовта ќе уживате во прегратките на вашето сакано лице. Партнерот повеќе ќе го привлечете ако помалку зборувате а повеќе се покажете на дело.
Јарец
Запловивте во мирни води. Работите се одвиваат рутински, што и не е толку лошо. Проблемите можат да настанат ако оваа состојба подолго потрае. Тогаш ќе ��и биде здодевно. Во работата ве очекува одличен период особено ако се занимавате со комуникации или работите со некои проекти. Ќе оставрите многу повеќе од очекуваното. Полни сте со енергија и во елемент сте. Ако сакате да ја задржите оваа состојба, пожелно е да се занимавате со некој спорт. Во љубовта спрема партнерот чувствувате физичка привлечност, па затоа следува бурен сексуален живот, под услов да се изборите со срамежливоста.
Водолија
Иако немате причина за депресивна состојба, се чувствувате безволно. Ви недостасува стимул отстрана за да се придвижите од мртвата точка во која свесно или несвесно пропаднавте. Во работата ве очекува средба со јавноста и успех, особено ако се занимавате со таква работа. Ќе се најдете во прекрасна атмосфера и нешто ќе прославувате. Кога се работи за вашето здравје, можни се некои стомачни проблеми што се последица од неконтролирана исхрана. Бидете умерени кога храната и пијалаците се во прашање. Во љубовта мудро ќе седите на две столчиња истовремено. Кој е како вас? Другите можат само да ви позавидат.
Риби
Емоциите се на преден план. На повеќето припадници на овој знак ќе им се случуваат работи поради кои нема да останат рамнодушни. На работното место што и да преземете, ќе ви се чини дека е погрешно. Во што е проблемот? Да не сте малку себични? Кога се работи за вашето здравје, може да се каже дека не е се совршено. Дали знаете дека сите болести потекнуваат од вашата глава? Уживате во топлата семејна атмосфера. Настојувате да ги избегнете излегувањата и повеќе време да минете дома со саканото лице и пријателите.
|