Број 3155  среда, 09 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Сега сите го чекаат премиерот Груевски!

Опозицијата, но и ДУИ очекува премиерот да каже какви планови има со иднината на државата

Оливера Војновска
Билјана Јовановска

Сите погледи се свртени кон премиерот и лидер на десницата, Никола Груевски, откако Брисел ни ја испорача одлуката дека датумот за преговори со ЕУ може да го добиеме наредната година во текот на шпанското претседавање, дури откако земјата ќе го реши билатералниот проблем со Грција. Ваквиот исход, иако не беше неочекуван, предизвика разочарување во јавноста која, сепак, потајно се надеваше дека можеби нема да ни се повтори приказната од Букурешт. Сега, сите го чекаат премиерот да се врати од Брисел и да ги открие картите за понатаму. Опозицијата отворено го повика да каже какви планови има со иднината на државата.

Коалицискиот партнер во Владата, ДУ��, вчера беше внимателна во коментарите, но оттаму потенцираа дека за нив интегрирањето на државата во ЕУ и во НАТО останува стратегиски приоритет. Потпретседателот на ДУИ, Рафис Алити, се надева дека „Македонија во наредните месеци ќе ја искористи дополнителната шанса што и' се дава“. ДУИ им вети на избирачите дека 2010 година ќе ја дочекаат со датум за преговори за ЕУ, што не се оствари. За тоа како сега ДУИ ќе го одржи европскиот ентузијазам кај граѓаните по разочарувањето во Брисел, Алити вели: „Јасно е дека нема ниту датум за преговори ниту членство во НАТО без решение на спорот за името. Проблемот не е ненадминлив, ДУИ ќе има активна политика за да се реши овој проблем што ги тангира граѓаните“.

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, вчера директно му порача на Груевски дека тој е одговорен за судбината на државата. „Вие сте премиер и сите граѓани со право очекуваат да ги решавате проблемите, а не да им кажувате колку ви е тешко и кој е виновен што не сте успеале. Конечно, дефинирајте ја вашата црвена линија, за нас во СДСМ тоа е зачувувањето на националниот идентитет“, изјави Црвенковски на прес-конференција. Наедно, тој побара влегување во суштински преговори.

Иако ова го оцени како уште еден неуспех и пропуштена шанса, Црвенковски, сепак, нагласи дека „ако се има предвид ваквиот избор на опции, донесената одлука е подобрата или помалку лошата за Република Македонија“. Тој смета дека ни се дава уште една шанса, дополнителни шест месеци да го решиме спорот со Грција и, конечно, да направиме историски чекор - да станеме членка на НАТО и да ги почнеме пристапните преговори со ЕУ. Црвенковски потсети дека од Самитот на НАТО во Букурешт, кога Привремената спогодба беше ставена надвор од сила и кога стана јасно дека без решавање на ова прашање не можеме да мрднеме ниту чекор напред, поминаа 20 месеци. „Во целиот тој период ниту имаше некаква иницијатива од наша страна ниту имаше вистински, суштински преговори. Три-четири средби со Нимиц и две получасовни средби со Папандреу ниту значат целосна посветеност ниту можат да дадат одговор кои се почетни, а кои крајни преговарачки позиции на Грција“, оценува Црвенковски. Ако вака продолжиме, според лидерот на СДСМ, залудни ќе бидат и овие шест месеци. За него не е спорно дека Грција го злоупотребува своето членство во НАТО и во ЕУ, не' уценува и не' блокира, но самосожалувањето не ја води државата напред. Според негови сознанија, главната битка во Министерскиот совет во Брисел не се водела околу тоа дали Република Македонија ќе добие датум или не, туку да се даде или не временска рамка за разгледување на препораката и одредување датум на преговорите. „Грција и нејзините поддржувачи жестоко се противеле на секаква временска определница“, рече Црвенковски. Прашан за коментар за информациите дека грчката ексминистерка Дора Бакојани, во септември минатата година, била согласна нашиот јазик да се нарекува македонски, а државата Македонија, Црвенковски рече дека нема јасен демант ниту од Милошоски ниту од грчка страна, а тој, иако во тоа време бил претседател на државата, не бил информиран за ставот на Бакојани.

Новата социјалдемократска партија соопшти дека веќе нема да учествува во креирањето на надворешната политика на Македонија додека Груевски е претседател на Владата. Лидерот на партијата, Тито Петковски, го повика премиерот да најде начин за политичко, партиско и етничко единство во однос на компромисот за името. Петковски рече на прес-конференција дека последен пат јавно искажува став за името и оти ќе го остави претседателот на Владата самиот да го менаџира проблемот, зашто НСДП давала конструктивен придонес во изминатите години, но дека од премиерот немало реакција. „Опозицијата не може ништо да промени. Повеќе нема да го вознемируваме премиерот, и онака политичката одговорност е целосно кај него и тој ја има политичката моќ во државата“, рече Петковски.

Шефицата на пратеничката група на Нова демократија, Флора Кадриу, не е изненадена од одлуката на Брисел, иако биле оптимисти дека Владата ќе го слушне повикот за политичка и национална кохезија за решавање на спорот за името, со цел земјата да оди напред. „Наместо прогрес, стоиме во место. Крајно време е премиерот Груевски да свика лидерска средба на која детално ќе информира за преговорите, кои се следните чекори што планира да ги направи за да се помрдне земјата напред“, вели Кадриу.

Вчера изостана коментар од шефот на државата Ѓорѓе Иванов, од неговиот кабинет упатија на обраќањето на претседателот на Свечената академија во Домот на АРМ што се одржа по повод Св. Климент. Во празничното излагање, Иванов изрази стравување дека ќе го пропуштиме моментот на Балканот и дека секое кршење на принципите денес, утре ќе роди десетици нови прекршувања и нови блокади. „Институциите на Европа, кои треба да го претставуваат нејзиниот дух, како да немаат сила и подготвеност да ја следат нејзината визија. За жал, се' уште не можеме да ја видиме Европа која ќе проговори со обединет глас. Се' уште гледаме водачи што дозволуваат да бидат понесени од ситни, тесногради интереси, кои се директно спротивни на широкиот дух и неограничена визија на луѓето што ги славиме сите заедно. Оваа историја сме ја живееле многупати порано. Ништо ново не измислуваме. Каков и да биде исходот на разговорите што се водат овие денови во Брисел, Македонија ќе опстои. Ние сме силна земја, која нема да попушти пред притисоците и евентуалните неправди,“ порече Иванов.


#
Статијата е прочитана 5393 пати.

Испрати коментар

Од: NATO-JATO
Датум: 09.12.2009 00:16:42
Koj ceka kje doceka:). A vtoro gledajjki im gi facite na ovie lepotani od EU i NATO -vednas da se prekinat pregovorite -koj ne nejke i nie go nekjeme. So ucenuvaci i kradci ne se pregovara!Vi blagodarime Evropjani sto ni gi otvarate ocite.
Од: Trpe od Gradcko
Датум: 09.12.2009 00:17:01
g-dine Gruevski treba sega da se soopsti sto ponatamu, dali ke pregovarate kako sto se glumese do sega ili stvarno vo celina ako mozen neikakov kompromis koj nema da go narusi idetitetot, kulturata i nacijata. Zafatete se stavrno ovie 6 meseci a ne samo 20 dena pred odluka i so samo da e kriva Grcija. Jasno e sto postavuva kazete nekoe resenie ili da prekineme so EU, ama jasno so stav i so jasna crvena linija od nasa stana za dobroto za Makedonija. Sekako tuka treba i opozcija da se vkluci, ama ednas kazete jasen stav so EU i vo narednite 6 meseci ednas dali ke bide da pregovori ili da prekineme so EU ama da ispadneme poslini ne samo pred Grcite, tuku i pred Francuzite, Spancite koi gi podrzuvaa. I dosta domasni obvinuvanja kon opozcija ili nekoj drug... zafati se so jasni pregovori i konecono dali ke bide da za EU ili ne-dokolku jasno ni se zagozuva identitet, kultura i sl.
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 09.12.2009 00:23:40
Strategija na Grujo za prezimanje na vlasta na najpopulistichki nachin, ne mu ostava sega prostor za nikakvi planovi. Na grcite im dade odlichni argumenti. Nie ne sme nacija stara 2.3 iljadi godini. Za tie shto ne im se jasni rabotite, nacijata ne e edna prirodna ili odsekogash postoechka zaednica. Narodite se meshale kulturno i fizichki neprekinato. Naciite se formirale preku istoriski procesi, vrz osnova na izvesni kulturelni, ekonomski i politichki interesi. Kako narod od samo 1.2 milioni i so albansko malcinstvo, koe granichi so dve albanski drzhavi, treba da se prashame koi se nashite ekonomski i politichki interesi. I pokraj srbizacijata vo poslednite sto godini, jazichno i kulturno najbliski ni se bugarite, ne sluchajno nashite prerodbenici i revolucioneri se deklarirale bugari.
Од: stole
Датум: 09.12.2009 00:26:11
Sto go cekaat da ne im kupil pokloni abe kogo cekaati zasto da go cekaat ke kaze nesto novo ili nekoja ubava vest. Pa neka odat na aerodrom neka go precekaat kako nacionalen heroj sto uspea da ne go razresi sporot so Grcija pa i ponataka ke ziveeme vo ovaa crna dupka, za Makedonija e najdobro da ne se vraka neka si sedi tamu negde vo Evropa tuka veke ne nie potreben.
Од: Bitolcanec
Датум: 09.12.2009 00:34:43
Site opozicioni parti se tuku izleguvaat vo javnosta i se tuku se pravat nekoj mnogu iskusni i pametni,a duri i nie obicnite luge ja gledame nivnata cinicna taktika,prozirni se kako prozerec!Koja partija dosega ja ima kazano svojata crvena linija?????Branko se pravi nekoj mudrec deka niv najvazno im bilo identitetot i jazikot,a demek za imeto so saka neka bidi,samo toa odbegnuva da go kazi za da ne si nanesi pogolem gnev od narodot!!??Branko tvojata politika i na tvojte koalicioni partneri i decata od zabaviste ja predvidoja!
Од: Debracanec
Датум: 09.12.2009 00:38:01
Pa sto ima da go cekate Gruevski ne treba ni da se pojavi neka ne se pravi patriot koga toj e toj sto ne predava zaedno so se Milosevski .Nemase nikakvi crveni linii vo Bukurest no sega se pojavija a se razbira zasto se pojavija zaradi jakite politicari na scena sto gi imame(LAZGOVCI TURI KUKA OD DENES ZA UTRE)e vakvi se ovie politicari ne mislat za idnina tie se vrakat vo minatoto .Mora da si odat od vlast ako sakate vlez vo nato evropa i pojaka ekonomija, a ne ekonomski jaki politicari so se nivnite semejstva DOLU OVAA VLADA Pozz.
Од: Profesor na praven fakultet
Датум: 09.12.2009 00:39:09
Vremenata spogodba e instrument na (Grckiot)psihocid!! Taa treba da se raskine (moze i samo delumno raskinuvanje, vo odredbite za pregovorite), za da trgneme vo Plan B: sudska razvrska za referencata pred Megunarodniot sud vo Hag.
Од: Коста Стоименовски
Датум: 09.12.2009 00:57:52
Бев зачуден кога, пред околу еден месец, премиерот Груевски јавно изјави дека е подготвен за средба со новиот грчки премиер Ј. Папандреу и дека ќе најдат решение за проблемот околу името! Не ми е јасно на кои основи беше базирана ваквата оптимистичка изјава! Тоа покажува дека македонската дипломатија работи аматерски, поточно аналфабетски! Кога нема резултати се менува тимот што постојано губи или барем некои слаби играчи во тимот! Веќе е јасно дека тандемот Груевски-Милошоски нема капацитет да ја извлече Македонија од ќорскокакот во кој ја доведе, така што премиерот не треба да ја исклучи ни опцијата за реконструкција на ресорниот министер.
Од: Сергеј
Датум: 09.12.2009 01:04:32
Било кој друг освен Груевски да беше на чело на државата во последниве три години, Македонија сега веќе ќе беше членка на ЕУ. Но на диктаторчиња од типот на Груевски не им е местото во овој клуб. Затоа тој бега од ЕУ како од чумата бега од лук. Си ја чува Македониичкава од туѓо зло за свое зло. ( http://www.otpor.net.tf )
Од: borce
Датум: 09.12.2009 03:00:33
Evropa e obidineta samo na hartija pochto za Grcija koja e nejzina clenka ne vazat evropskite zakoni.grcija ne priznava nikakvi malcinstva ni covecki prava.
Од: Sofre New Jersey
Датум: 09.12.2009 03:11:26
Branko so negovata partija postojano so napadi vrz premierot Gruevski. Narodot im go pronajde trikot! Ne vi pali poveke stariot trik. Porano so bezbrojni napadi i imja zemavte vlasta na Ljupco Georgievski. Za vas nee vazno sto se napaga vazno e dase napaga. Od 100 napadi pa i poveke iskazano narodot kego prifati kako takvo i glasase zavas. Napadite vasi ne palat poveke za gabe se akate. Narodot ve dozna i deka vie nemate perde na ustata bar malku da birate sto treba dase iskazi pred javnosta a sto ne. So segasnite napadi naprotiv se poveke i poveke vi paga rejtingot.
Од: Крсте
Датум: 09.12.2009 03:35:58
Вистината е болна, но заради Груевски го прекинавме дипломатскиот однос со ЕУ и сега тонеме во потполна меѓународна изолација. Нешто слично е опишано и во карикатуриве: http://antikvarnik.blogspot.com
Од: Svetlina
Датум: 09.12.2009 05:48:03
Makedonija si ima svoi Nacionalni intersi a prv e identitetot , ...ako Makedonija i Makedoncite se gubele taka lesno tesko na Makedonija i nam, taka da sekoe cudo za tri dena, ova cudo za 3 saati...Makedonija si opstanuva na svoite Nacionalni Intersi ...a nie znaeme koi se...Taka da ova seto e BUSINESS AS USUAL !
Од: Itar Pejo
Датум: 09.12.2009 07:07:42
Lani vo Bukurest bea site za nas osven Grcija. Sega vo Brisel se pola - pola. Sto li sega treba Gruevski da prevzeme pa idniot pat da bidat site protiv nas osven eden. Nema kaenje, prerodbata prodolzuva.
Од: koja li LAGA i koj film ke ni go servira Gruevski ovie 6 meseci???
Датум: 09.12.2009 07:16:50
Abe jasno e deka Gruevski TAJNO vo dogovor so EU i Papandreu veke go ima potpisano dokumentot za promena na imeto samo sega glumi i dobiva vo vreme za polesno da projde posle 5-6 meseci koga ke mora toa i javno da go obelodeni. Toj vo Bukurest otide so novo ime (Skopje) i NIKOGAS toa ne go prizna pa mislite li deka i sega ke priznae sto sve dogovoril za vo Mart-April??? Inaku ZOSTO Evropa ili Grcija bi mu davale uste edna sansa ako veke Gruevski im dal do znaenje deka NIKOGAS nema da go smeni imeto!!!??? Ete i sami gledate na koja finta igra. Znaci sve e sredeno i potpisano ama sega TOA MORA da se odglumi za da posle Gruevski spasuva glava od narodot velejki im deka ete ednas ne go dal imeto ama po vtor pat ete moral da go dade i na toj nacin da se proglasi samiot za "vecen patriot" koj demek epten se suprostavil na Evropa i sve napravil ama demek go pritisnale. Bidete sigurni deka sledniot pat od Spanija Grujo ke se vrati vo SEVERNA MAKEDONIJA a ne Makedonija. Duri i SPASITEL ke glumi
Од: kocan
Датум: 09.12.2009 07:22:46
Da bese Brane da odlucuva za imeto tesko nas ke bese. Dosega ke se vikavme tunguziujci a drzavava nova tunguziska severna republika Makedonija. A se so cel da vlezime vo NATO i da ni dadat datum za pregovori so EU.
Од: Мене до Вас
Датум: 09.12.2009 07:39:42
Груевски ја има поддршката да каже не на Грчкиот терор. Да ја имавме оваа отвореност и да не им веруваме слепо на СеДеСеМое ќе имвме можност да ги спречиме да не ФИРОМизерирараат. Огромна грешка што народот не ја согледа на време и спречи. Сега е многу тешко да се исправа пропуштеното. Македонија треба да си го врати првобитното знаме и да си продолжи со својот развој на мултиетничко општество. Ако и останатите етнички групи ја согледаат нашата трагедија и не поддржат да истраеме од Грчкиот и Европскиот терор може да се изгради една мала ама убава и стабилна држава. Држава со место за сите под сонцето.
Од: pogled
Датум: 09.12.2009 08:06:35
1. Меѓу Република Македонија и Грција се води еден вид на војна. Се споменува: закопани во своите ровови, непопусливост, црвени линии, стратегии, тактики, метеријални штети, ... 2. Некои, од нашите, бараат отворено да ги кажеме нашите позиции, стратегии и црвени линии. Вероватно за да може, и да знае, непријателот точно како да не погоди со својата политичка артилерија. 3. Сун Тзу: “Најдобар начин на војување е да се нападне самата стратегија“, “Неповредливоста е одбрана, повредливоста е напад“.
Од: zoran aus
Датум: 09.12.2009 08:47:14
neznam dali go cita ovaa premijerot bi sakal da dadam eden predlog do nego gospodine premier ke ve molam ako sakate napravete edna debata ama pred celata javnost i da go povikate branko crvenkovski i onie koi sakat da go znaat vasijot stav pa da gi ostavete i oni da kazat do kade bi odele oni i zasto koga vie dojdovte na vlast tie trazat od vas da go resite problemot koga sdsm go napravi toa i poranesnijot precedatel mislam deka nema sto da objasnuvam zosto site sme svesni od kade zasto i koj go napravi toa i sega nekoji samo trazat nekoj da im go ispere obrazot a vo vozvrat sdsm ke go zagrozuva imeto nase makedonsko neznam i ne smum svesen kako moze narodot da trae koga gledaa deka branko ne prave majmuni i saka da ne prodade. pa i zasto mora da prodolzat tie pregovori neka se prekine se i taka narodot dobi sto sakase bezvizen rezim sengen pa potoa kompjuteri za mladite i sto uste ne ..... pa dajte osvestite se pred toa nemase nisto a vie sakate za tri godini se a nekoji nis
Од: Dejan
Датум: 09.12.2009 08:57:31
Vreme e populistot da si dade ostavka. Go cekam denot koga toj i cela negova tajfa ke se izgubi od liceto na zemjata. Covekot ednostavno e nesposoben. Isto tuka bi go dodal i ministerot za nadvoresni raboti, totalen promasaj.Od nego ne bi ocekuval ama bas nisto, nesposoben za pregovori ni za bilo sto. Samo da ne zaboravime sto dovede do ovakva pozicija na Grcija. Kartite na Golema Makedonija, preimenuvanje na aerodromi, gradenje spomenici i slicno. Ednostavno sami si go baraa. Vmro e najgolema nesreka sto mozela da i se desi na Makedoija. Amaterska vlada kakva do sega nemalo. Steta sto sirototo makedonce se zalaza so reklamite nivni. No kako sto veli edna reklama, so reklamata ke doznaat za vasiot proizvod pa i ke go kupat, no otkako ednas ke se izlazat poveke niedna reklama nema da pali. Gledajte ja MTV i Site i ke gi vidite nivnite metodi.
Од: c
Датум: 09.12.2009 09:06:38
do: sergej i drugite komunjarcinja, da, namesto Grujo trebase "demokratot" b.c. da bide na vlast so svojata svita i da ne vnese vo EU i NATO. on bese 15god. na vlast i gledam kaj se ne vnese i kakvi reformi napravi, cudo edno. toa sto tamu ke ne vneseshe kako partali t.e. kako nikoj i nishto e druga prikazna. site znaeme shto e pozadinata, ama jas nikogo od opozicijata i 'ekspertite" od tipot na frchko ne cuv niednash da ja obvini grcija za ovoj problem. sekogas bese kriv Gruevski, demek grcite bile super pa zatoa ovie nasive imaat isti stav so niv. koja tragedija
Од: Nikola-Germanija do NATO-JATO
Датум: 09.12.2009 09:15:30
Ako veke nekoj krade,togas toa se Makedoncite so slavjansko poteklo,povikuvajki se na nekakvi si "anticki koreni".Makedonija od istoriski i geografski aspekt im pripagja na site narodi sto ziveat vo nea.I sto se odnesuva do odlukata na EU,najdobro moze da se opisuva so izjvata na Denko Maleski,deka stanuva zbor za sojuz,a sojuziste zborat so eden glas!-Ili so narodnata receno:Kade ima sloga,tamu ima i boga! Od vladata bez programa za progres na MK ne ocekuvam da prevzeme konecno inicijativa da go resi problemot na najbezbolen nacin za nas Makedoncite,zasto temata i treba za zamajuvanje na javnosta i nejzino odsvrtuvanje od vladinata promasena poltika.Raste li sega Evroskepticizmot vo MK,Evropa ke gi podrzi Albancite vo nivnite opasni baranja za federalizacija,ako ne i podelba na MK-znaci nisto od tn. "Plan B".MK,blagodarenie na DPMNE,se naogja vo bezizlezen kjorsokak!:-( Samo "Nova MK" ke ja spasi nasata Drzava,taka em ke se zacvrsti identitetot,em ke se pokaze dobra volja pred svetot
Од: mark
Датум: 09.12.2009 09:20:50
E moj vmrovcina se palite tresete g..... site vi se krivi site ve mrazat a vie ste si stavile vo mozokot deka ste najdobri i naj ubavi i se cudite pa vo evropa nese slusa BUBAMARKATA pa da go slusnat sto veli Mitre od Bituse,Ilija,Makedonka pa da vidat evropejcite kakvi heroi imame korenja ke jademe imeto nego davame.No da ve prasam sto toa i BLGARIJA zastana na strana na GRCIJA slusam nesto bara da ispolnime nekoj dogovor potpisan 1999 so LJubco no vo prisustvo na GRUJO a potpisale deka jazikot e vestacka tvorba i sega Borisov go potseti Grujo na dogovorot znaci jazikot ne ni go osporuva Grcija nego Ljubco i GRUJO go predadoa 1999g,E da znaete sekogas koga ste imale moznost da ste na vlast za drzavata e katastrofa pa posle ela najdi nekoj sto ke gi ispere g...... sto ke gi po.....Cekam da mi kazete dali dogovorot e validen ili Borisov laze.
Од: Паци
Датум: 09.12.2009 09:24:01
Едно е јасно: Груевски се‘ направи како да го задржи и одрѓи БИВШО-ЈУГОСЛОВЕНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ.
Од: Oд Јосиф
Датум: 09.12.2009 09:46:07
Ако навистина Груевски има чувство за патриотизам,а пред се одговорност пред народот,најнапрд што требас да направи е да се откаже од антиквизацијата на објекти во државата и да докажува потекло во овие моменти.Тоа можеше да го прави ако прво го решеше проблемот или ако јапочитуваше и не ја прекршуваше со провоцирањето,прв, привремената спогодба со Грција и откога ќр ја внесеше Македонија во НАТО и ЕУ,.До негово доаѓање на власт Грција не го попречуваше зачленувањето на Македонија во светските асоцијации.Но тој се инаетеше ,а инаетот губи не печали вели народот.
Од: b
Датум: 09.12.2009 09:49:12
Чекаат? Што чекаат и што ке им каже? Ево, само тој и неколкуте транзициони средношколци околу него се прави, друго, се во целиот свет не чини, не знае и се се свртело против нив. И продолжува старата песма. Ќутенката, а Македонија ќе назадува и пропаѓа!
Од: dbreak
Датум: 09.12.2009 09:53:18
Duri i so Amdi Bajram pobrgu ke vlezevme vo NATO i EU
Од: Albanec
Датум: 09.12.2009 10:07:31
Znaete deka site europrestavnici kaza deka ne se pregovara za identitet i nacija tuku samo za ime. VMRO-vcite namerno go nadmetna ova deka se pregovara za identitet za na kraj da izlezat da kazat deka eve nie go spasivme identitetot samo imeto go izmenivme pa sea dajte ni uste eden mandat - ova se vika kaj nas albancite SITNA FINTA g.Grujo Pozz. Nemojte cenzura Utrinski.
Од: skopjanka
Датум: 09.12.2009 10:07:50
Bravo za Bitolcanecot,potpolno se slagam,a za Stole neka ne sedi vo ovaa dupka.Zaedno so BC neka si odat kaj sakaat i oni da ne ni se vratat.Takvite kako niv na MAKEDONIJA ne i trebaat.Znaci ova sega e neuspeh na vladata,a viznata liberalizacija e delo i na dosegasnite vladi.Kako ne vi e sram voopsto da se pojavuvate SDS-OVCI?Gubete se veke ednas zasekogas zaedno so vasite simpatizeri!!!!!!
Од: Трпе
Датум: 09.12.2009 10:09:45
Под хитно,сите да се собереме и на аеродром да го пречекаме,нашиот храбар мистер Рејтинг.Трба да ги цениме сите негови дела и недела кои ѓи има направено за својот народ.Ние сите ако треба и корење ќе јадеме ама име не даваме.Само тоа не важи за фамилијата на власта.Срамно е и тие да јадат корења.Со јадење корења не се станува херој.Тоа е само во прикаските.А посебно на младите да им се објасни зошто мораше да се прифати името ФИРОМ.Ова влада ако не прифати некоја промена,сигурно ке биде храбра земјава да ја избрише од картава.Некои се кусогледи па неможат да го видат нашето опкружување.Верувале или не времето тоа ќе го покаже.Жви да бидеме па ке видиме.
Од: jimmy1
Датум: 09.12.2009 10:11:11
Od DUI sekogas se spremni za promena na imeto zosto niv ne gi zasega nisto, plus gi uvelicivme vo novata enciklopedija a i vo feljtonot sto se objavuva vo Utrinski, ali nikogas ne bi se odkazake od Golema Albanija, od nesto sto ne postoi. Treba pregovorite da se prekinat. Dosta veke si igraat so nas kako da sme Dzeri a tie Tom. Sto e dosta, dosta e. Da gi napravime tie da trcaat po nas a nie po niv, ali toa ne se postignuva so politicari aramii koi gledaat na sekakov nacin samo da gi napolnat nivnite dzepovi na koi im nema dno.
Од: Igor
Датум: 09.12.2009 10:16:06
ajde sea bas da vidime kolku dena ili casa ke ni trae inaetot pa de ne odat nasite gragani za Grcija na vikend...
Од: batka
Датум: 09.12.2009 10:18:55
Poradi takvi kako Sofre od New Jersey Grujo vladee! Dijasporata pojma nema sto se slucuva ovde.Za se e kriv SDSM i BC.Abe,pokrijte se so usite i kutite,vie li najdovte da rasuduvate za Makedonija.Polovinata od vas se pro-bugari,a polovina ne znaat ni sto se.Eden e faktot: pozivejte malku vo MK pod vodstvo na VMRO,pa ke vidime dali ke pomislite da se vratite tuka ,a ne da investirate,kako sto ve lazat.Ostajte nie vo Makedonija da si gi resavame problemite.
Од: zelezara
Датум: 09.12.2009 10:30:12
Planot e sleden,bidejki ne moze da vlezeme vo NATO i EU najdobro ke bide da se pridruzime na nevrzanite,ili da napravime pakt so Pakistan i Kurdistan.Tamu se nasite braka hunzite
Од: pameten
Датум: 09.12.2009 10:31:07
Do: do naciolanl patirio i site. Nema dogovor so Bugarija, toku deklaracija so koja shto se reshil jazichniot spor. Vo taa se kazhuva deka Makedonija nema bara Makedonsko malcinstvo vo Bugarija i dogovorite kje se podpishuvat na Makedonski jazik spored Ustavot na R.Makedonija i na Bugarski jazik spored ustavot na R. Bugarija. Kazhano so drugi zborovi, Jazichniot spor dali stanuva zbor za posebni jazici ili samo za ustavni stavovi, da go ostavima na lingvoistite. Sega Bugarite sakat ovo da se stavi vo dogovor. Mislam ovo da e opasen chekor za nashiot identitet. Mora da se prifati ochiglednoto, deka Makedonskiot jazik bil kodificiran na osnova na zapadno Bugarski dijalekt, no otdamna e poseben jazik. Kako Holanski i Afrikaas.
Од: realen
Датум: 09.12.2009 10:45:12
Vnatresnite prepukuvanja treba da se stavat zad partiskite interesi i ovoj Gruevski da prifati i dr. razmisluvanja. Negoviot tim (osven Milosovski na momenti elokvente, ama neproduktiven) e za nikade. Treba i mora da kaze sto ponatamu. Ako Vladite (razlicni) ma Grcija imaat ista crvena linija, nevozmozno e nie da nemame svoja zaednicka. I uste nesto, Ivanov na proslavara na Sv Kliment-prosvetitel, ucitel, opismenuvac=Slaven, a od druga strana juris na Darije. Zarem sme bezgresni i tolku nevini vo nasite cvrsti pozicii.
Од: Hari
Датум: 09.12.2009 10:53:09
Draga Skopjenke, takvi sto ne mislat kako tebe i Firerot se za sreca mnogu, i nikoj ne ti dava za pravo da proteruvas nekoi nadvor od neghovata zemja, po tvoja logika ce ostanete maklku platenici i isprani mozoci. Zaboravas edna rabota ziveeme vo Evropa a ne vo Vebecuela i Afrika.
Од: ilija-sv.nikole
Датум: 09.12.2009 10:53:56
Sto moze da se ocekuva od ovoj nas premier,samo se remci kako nekoj misir....... sega ke gi sobire negovite puleni da strajkuvaat....bog da cuva.......ako znaat za sto strajkuvaat-hahaha......samo edno im e dobro deneska nema da odat na rabota ke strajkuvaat a nivniot komandant(gujo)ke im plati dnevnico so narodni pari.........koja sizofrenija......kade li ke im bide krajot.........sto e mnajstrasno srbite stanaa anticki makedonci-latas,tomic.....aleksandar makedonski da ozive uste ednas ke umre od maka........
Од: lenin
Датум: 09.12.2009 10:59:48
Sto da cekame od ova momce ! za ovie tri godini otkako ja vodi drzavata go vidovme makedonecot kakov sto e. Paranoicen Samosozaluvacki nastroen i site mu se vinovni zosto makedonecot e grdoto pajce i nikoj ne go saka a vprocem e podol los izdajnik so vizija smo toj da opstane mislam kako edinka po cena i da si go izdade sopstvenoto dete. Zatoa i Gruevski ima najgolem rejting zatoa sto e ist kako prosecniot makedonec. Toa e idninata na ovoj narod koj nemoze da se osvesti poveke od 600 godini. Za zal komsiite odat napred ne gledajki go nasiot dvor koj od den na den stanuva golemo buniste. Ke se udavime vo sopstvenata septicka jama zaedno so nasiot vodac Magistar NIKOLA GRUEVSKI!
Од: Makedonija nad se
Датум: 09.12.2009 11:09:02
Ne sum nitu clen nitu nekoj simpatizer na VMRO DPMNE, a ni clen na SDSM. NO, so vakvoto odnesuvanje na Crvenkovski, Petkovski i ostanatata bulumenta - politicki lesinari.. S. Ordanovski, N. Ruzin, Dj. Ismail, Frckovski i tn. definitivno se pkazaa deka ama bas nisto nemaat nacionalno. Na niv im se samo vazni nivnite licni interesi i parite sto gi zemaat so godini na nazad od razno razni fondovi. So vakvoto cinicno odnesuvanje SDSM i NSDP definitivno na slednite izbori ce bidat pokopani, a CRvenkovski i Petkovski, koi i go smenija imeto na drzavat, ce si zaminat od politickata scena.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 09.12.2009 11:16:49
Синоќа на А2 беа еден од платформистите и потпреседателот на помодрените визави ексамбасадор и академикот енциклопедист.Имаше спротивставени ставови но остана едно забележано да како,, ќе се реши проблемот ако соседот до крај остане на тврдите ставови,, поставено од академикот кон помодрените,тие останаа без одговор.Ова го поврзувам со сталното верглање за нашата посветеност за преговарање а се изоставува противникот и тоа свесно,бидејќи се нема одговор на тврдите ставови.На сите освен на помодрените им е преку глава немоќта на ЕУ да го вразуми својот член па по линија на помал отпор не притиска нас да бидеме кооперативни.Како последица на ваквото дволично однесување ќе се појави еускептицизам кај нашиот народ сакале-нејќеле.
Од: od temniot vilaet
Датум: 09.12.2009 11:24:56
So pretsedatelstvuvanjeto na Spanija so EU , nasite sansi se uste polosi, bidejci e poznato deka Spanija i Francija otsekogas bile na stranata na Grcija. Znaci Makedonija i ponatamu ce ostane" temen vilaet " na Balkanot ,ce se antikvizira, ce gradi mitovi i lagi i ce glumi nekakvi si jalovi pregovori. Nie sansite gi izgubivme za vreme na Bushovata administracija, koja silno ne podrzuvase i togas mozevme da sklopime znatno popovolna spogodba za nas . No pametnite i umnite odnapred mislat ,a na budalite sekokas otposle im teknuva.
Од: Kiko
Датум: 09.12.2009 11:36:36
Македонците од дијаспората немаат право да се мешаат во нашиот живот. Тие до сега немаат донирани ни 5 USD за Македонија па најмалку нив треба да ги слушаме. Ако треба некои сељаци избегани од по селана пред 30-40 години да ни ја решаваат судбината и тоа на 3,000 - 4,000 км од Македонија тогаш тешко нас. Јас не сум политички определен и гласав за оваа власт сметајки дека како млади и прогресивни ке не извлечат од ова сивило кое трае 20 години. Сакам да го подржам премиерот за промена на името ан државата, а да се избори за зачувување на националниот идентитет и јазик. Треба малку да види во какво окружување живееме и дека ако избегнуваме сојуз со ЕУ и НАТО само се изложуваме на напади. Промена на името не значи дека нашата борба за историјата и Македонија, Македонците ке престане. Напротив ке имаме силна економија и ние младите нема да имаме потреба да бегаме за корка леб во странство. Прочитајте анализи за сите централно европски земји и нивниот пат до ЕУ.
Од: Torbes od Debar
Датум: 09.12.2009 12:06:44
Makedonija ima dve alternativi. Prvata e promena na imeto i vlez vo NATO i EU. Drugata e: zacuvanje na segasnoto ime so rezultat na celosna izolacija na drzvata od EU i NATO. Drugi moznosti ne postojat. pozdrav do site
Од: Hristina
Датум: 09.12.2009 12:15:48
Prestanete da go lazete narodot deka koga ke vlezeme vo Evropa , ke pocnat da rastat salami po drvjata a nie samo ke seceme i ke jademe. Crvenkovski e najcrnata licnost shto Makedonija bilo koga ja imala. Nikogash ne go cuvstvuval nitu go sakal svojot narod. Negoviot dzep sekogash mu bil pomil.Unishti se shto postoeshe i funkcionirashe vo Makedonija. Ostavi armija lugje na ulica, nikogash ne napravi niedna reforma i ni edno dobro za ovoj narod. Shto ushte se nadevate od nego? Prestanete da menuvate trajna vrednost - IDENTITETOT, za minliva i menliva vrednost-EU. Eu pociva na pravila koja sama ne gi pocituva , zatoa brzo ke se raspadne.Shto ke ni e takov sojuz so takvi vrednosti?
Од: anita
Датум: 09.12.2009 12:35:40
grujo sto pregovara nemi e jasno?neli 15god pregovarame za koja pridavka ce bide prifatliva sega za grujo nisto nee prifatlivo pa me interesira sto ptegovaras grujo?magla?
Од: Македонец, ама освестен
Датум: 09.12.2009 12:56:33
Ете така, додека народот се гордее со своите корении, испуштивме уште една шанса. За волја на вистината нема да е последна а и онака се знеше дека спор стар 2 децении нема да се реши во 2 недели. Како и да е, идентитет е о��штествена категорија која се формира под влијание на агенси, внатрешни и надворешни. Според ова социјална конструктивна теорија, нашиот идентитет не е од бога даден, тука е формиран по пат на интеракција на многу фактори. Така да сосема е возможно да го доградиме нашиот идентите, притоа прочистувајки го од пропагандата и субјективизмот којшто владее- имено дека денешните македонци имаат екклузивно право на историјата на античките македонци. Јас сум горд на Мојот идентитет, и на македонија што ја знам- Горд сум на Тоше на Влатко Стефановски на Прличев и Милчо Манчевски. Не ми треба мит од типот на Александар МЕГАЛОС да ја сакам земјата. Тоа им треба на несигурните и слабите.
Од: ivan
Датум: 09.12.2009 13:17:20
Utre site pred VLADA da proslavime zacuvuvanje na identitet i jazik kako pred nekoj den sto se sobravme spontano za da proslavime ukinuvanje na vizite
Од: перцепција
Датум: 09.12.2009 13:31:05
Најдобро би било на една јавна дебата неколкуте видни наши политичари преку равноправна застапеност (позиција-опозиција),на маса пред јавноста си кажат,што едните предлагале,а што другите не прифатиле;што едните а што другите и колку прифатиле од мислењето на народот.Дали нашата политика е заснована на потребните,материјални докази и перспективи,или по гласот на уличната врева.Ако е второто тогаш навистина треба голема домашна работа каде ќе се усогласат политичките ставови и ставовите на народот.Одсем ако не секогаш опозицијата не го опонаша народот.Во тој случај нависитна ние одамна веќе сме имале дводомен парламент.
Од: od paris
Датум: 09.12.2009 13:55:20
Da mu molime boga na tTITO sto uspea da gi nadmudri Grcite vo 1945 zasto kojznae kako ke se vikavne i dali ke postoevne voopsto a ne da go omalozuvame kako sto pravi VMRO.Treba sveki da mu palat sekoj den.Grcite si imaat prijateli vo evropa a nie samo neprijateli.A koj e kriv za toa? Se razbira denesnive politicari od site partii koi nemaat nauceno nisto od politikata.Politika so placenje,molenje i ne znaenje ne se vodi.Barem neka ne prasaat nas koi se naogame vo stranstvo kako uspevame da se dokazeme i da go pokazeme naseto znaenje i umeenje vo ovoj surov sistem.A toa e samo so RABOTA i megu sebno pocituvanje.
Од: UK
Датум: 09.12.2009 15:12:10
Grujo Car si!!! Sv Kliment vcerasen da ni e za mnogu dodini na site! Povtorno ne socuva. Da si ostnaeme za sekoga MAKEDONCI! A na kogo ne mu se dopaga OUT neka zema pasosot i neka bara rabota niz EU! Jas zivema vo EU i sekoj den sonuvam kako da si se vratam. Poubavo ziveete od nas sto sme ovde veruvajte mi. Se imate eden so drug, znaete da se raduvate. Nie ovde se zaglavuvame so morgici i samo za toa rabotime. Ako kupime karta ednas vo godinata da dojdeme tamu srekni sme. EU nema da donese pari i podobar zivot- ne se lazete!!! Makedonija i MAkedoncite da se vecni!
Од: M.Mustafa
Датум: 09.12.2009 15:20:55
O~ekuvana odluka na EU , megutoa ne e ocekuvano samo een dn pred taa odluka , Premiorot da go brani pravotoa na ,,Aleksandar-makedonskata makedonija,, da se vika ,,makedonija ,, i makedonska nacija, a Slovenstvoto da go frla ...
Од: ramadan
Датум: 09.12.2009 15:23:24
Dobro bre ludje sto vie vam.Ste se zapnale kako strini,Gruevski pa Gruevski.Mora ednas vece da svatite,narodot makedonski e so Gruevski.Vie moze da zboruvate(Tito,Branko,Aliti,Edikojsi),no narodot ovoj pat ova prasanje ce go resi.I toa na Referendum.Zarem navistina Vie ocekuvate Branko i Tito uste da ni komanduvaat.Drugari,vaseto vreme pomina,begajte od politickite foteli,se nafatiravte i dosta vi e.Da vi kazam otvoreno da ne ste vie nie sigurno poarno ce pomineme.Aman ne ni pomagajte,oti od VASATA pomos do ovde ne doteravte.Gledate po sekoja cena ovoj problem da se resi bilo kako,samo za vie da dojdete na vlast.Referendumot i sudskata postapka neka bidat vodilkite na Gruevski.

Најди! во Утрински
Насловна
Домашниот текстил во црна дупка
Албанците - нивното минато, потеклото и обичаите (16)
Зденко
За оцрнување на Бошкоски се впрегна и МРТ
Македонските стечајци штрајкуваат со глад
На кафеанџиите доцна им текна за пушењето
Обиколница на глупоста
Потешкиот е вистинскиот пат
Најголемото шоу на светот мора да успее
Три нови жртви на грипот
Жени и сестри на судии именуваше за нотари од министерот
Погазена од својата црвена линија?
Дoцна им текнува
Кошмарна дилема