Генералниот директор Ефтим Гаштов одбегна да одговори зошто дозволува злоупотреба на националниот сервис
Светлана Унковска
Серијалот со објавувањето на видеоснимките на „Јутјуб“ со кои Љубе Бошкоски се претставува како предавник што го наклеветил Јохан Тарчуловски добива нови димензии. Во последните видеоматеријали објавени на Интернет-мрежата зад кои повторно стои наводен Красимир Божинов од Бугарија, Бошкоски наведува дека документот што тој го чита пред хашкиот истражител го добил од поранешниот министер за одбрана Владо Бучковски. Во првите снимки ги чита деталите од тој документ каде што е наведено како течела подготовката, но и дека наредбата за акцијата во Љуботен во 2001 година ја издал тогашниот претседател Борис Трајковски.
Но, тука не запира машинеријата за медиумско-политички линч на Бошковски, па во оваа пресметка влезе дури и националниот радиодифузен сервис, кој на Првиот канал и на Собранискиот канал со кајрони ги најавуваше снимките именувани како „предавството на Љубе“, а во ист тон беше и емисијата „Отворено со народот“. Во оваа емисија Владо Поповски, ексминистер за одбрана и тогашен советник на претседателот Трајковски, изразува сомневање во веродостојноста на документот што го чита Бошкоски пред хашкиот истражител и дека воопшто Трајковски издал наредба за акцијата во Љуботен. Тој појасни за „Утрински“ дека неговите сомневања се темелат врз три основи што произлегуваат од тоа што самиот документот е строго доверлива државна тајна и не може да излезе толку лесно во јавноста.
„Уверен дека не постои акт на претседателот на Македонија со кој наредува воена акција, која според законите претседателот и врховен командант наредува исклучиво со указ и со писмена наредба пратена до началникот на Генералштабот, а таков акт не постои. Во основа, тој има исклучиво интерен карактер со кој се информира и министерот. Карактерот на разузнавачки документи и особено фактот дека тој акт не може да се наоѓа надвор од Секторот за безбедност и разузнавање ми дава за право да се сомневам во неговата веродостојност. Не можат да го имаат ни министерот ни претседателот, а поседувањето таков документ повлекува одредена одговорност“, објаснува Поповски.
Генералниот директор на МРТ, Ефтим Гаштов, вчера одбегна да одговори зошто дозволува ваква злоупотреба на националниот сервис. Не' упати прашањата да му ги доставиме на негов и-мејл, но не одговори на нив.
Остра осуда пристигна од Советот на честа при Здружението на новинарите на Македонија, од каде што реагираат на кршењето на принципите на професионалното новинарство и претворање на МРТ во алатка за пресметка на одредени личности, сведена на ниво на брутална х��јка и отворен линч против Љубе Бошковски.
„Кајронот ’Најнови видеозаписи од предавството на Љубе на ‘Јутјуб‘!!!’ што одеше во текот на 6.12.2009 година за време на другите ТВ-содржини, како и со содржината на своевидното ’ТВ-искажување’ како вовед во емисијата ’Отворено со народот’, која во повеќе наврати се емитува и реемитува на Првиот и на Собранискиот канал на МТВ, во кое директно се обвинува Бошкоски за предавство, ги прекрши сите норми на објективно и независно информирање и, дефинитивно, изврши професионална капитулација“, реагираат од Советот на честа при ЗНМ. Ова тело забележува дека таквата жестока пропагандистичка реторика не само што не е професионална туку е исклучително опасна, бидејќи поттикнува насилство и се загрозува безбедноста со објавување еднострани обвинувања, без притоа да се чујат и аргументите од другата страна. Фактот дека овие содржини се реемитуваат укажува на тоа оти станува збор за намера да се постигне токму таков ефект.
„МРТ е должна да ги почитува професионалните принципи и на различните интереси во општеството да обезбеди рамноправен пристап, да обезбеди слобода и плурализам на изразување, како и да спречи секаков облик на нетолеранција“, сметаат од Советот на честа, притоа повикувајќи го Советот за радиодифузија да преземе чекори за спречување на натамошното непрофесионално и агресивно „новинарство“ на јавниот радиодифузен сервис кој е должен да емитува програми од јавен, а не од партиски и друг интерес.
И по малку повеќе од две недели од објавувањето на првите снимки, јавноста е под постојано сценарија и под медиумски сензационализми од типот „го фативме предавникот“, обидувајќи се колку што е можно повеќе да го дискредитираат Бошкоски. Се' погласни се и од Здружението за поддршка на Јохан, кои барајќи начини како повеќе да го оцрнат Бошкоски, го занемаруваат фактот дека така го доведуваат во опасност и Тарчуловски, за кого во Хаг се' уште е во тек жалбената постапка за намалување на казната.
Smetkite sto ni gi isporaca partiskata nacionalna televizija neka im gi plati Vladata t.e. VMRO-dpmne, a ne da gi plaka narodot koj go trujat so nivnata kampanja po nalog na Gruevski. Za takvi "novinari" poltroni nikoj ne treba da plaka neznam kako se osmeluvaat da prakaat smetki za nikakva programa katastrofa se MRT, duri zalosno sto ima seuste takvi "novinari"
Од: Pirin
Датум: 09.12.2009 01:25:49
logicki je da seta odgovornost za taa akcija ako vo pste postoi, kako sudot vo hag ja tretira, togas vinoven je Boskovsk izasto johan e pod negova komanda , johan nemoze da mu naredi na boskovski sto da pravi a boskovski moze da mu naredi na johan a johan ako ne izvrsi togas za toa ke bide odgovoren pred boskovski a ne pred hag, veruvam da scenarieto vo hag e isplanirano ali sepak e prozirno i b oskovski e tolku uporen da stane predsedatel na makedonija i ako za toa vo opste nemase sansi, vo istorijata nikogas nema slucaj na onoj sto padnal vo zatvor dali taa bila revolucionerna ili kriminalna org. nivniot clen sekogas se ostranuva sam ili oni go ostranuvaat, vo ovoj slucaj odluci narodot i go nekese bosko za predsedatel, a bosko toa ne go svaka ili pak vetil nesto vo hag i ako e ispolni togas ete ti go povtorno tamu za rastaski lozja, sepak bosko bnidi sega barem hrabar i odisi od politikava.
Од: Pa koj uste ja gleda MTV?
Датум: 09.12.2009 01:30:59
Pa zarem uste ima ludje vo urbanite sredini koi ja gledaat MTV? Razbiram deka, tamu kade sto nema kablovska ili satelitska TV, ludjeto nemaat izbor i mora da ja gledaat MTV, koja e svedena na ordinaren servis na Vladata, potocno na premierot Gruevski! So vakov ,,javen servis,, Makedonija moze da se zacleni vo Afrika juzno od Sahara, no ne i vo EU i NATO!
Од: Sofre New Jersey
Датум: 09.12.2009 03:50:31
Predsedatelot Boris Trajkovski neveruvam da ima izdadeno naredba napad na Ljuboten. Mozi da dadi naredba vo samoodbrana na nekoja drzava dokolku ne napadni. Seto smisleno maslo e od Ljube Boskovski poln e so lagi kodosenja i nevistini. A1 televizija i novinarite vo opozicija ne treba dago branat poznatiot policijski Alkapone.
Од: Ne plakam smetki na Televizija koja raboti protiv drzavata
Датум: 09.12.2009 06:37:45
Ocigledno e, i SO TOA samo SE POTVRDUVA deka tie sto sekojdnevno gi objavuvaat tie snimki vsusnost se TIE onie koi ja stavile snimkata na Jutub a ne nekoj si Bugarin. Iako snimkata e drzavna tajna i e sopstvenost isklucivo na drzavata, JASNO E deka taa snimka e vsusnost vo "privatna sopstvenost" na Gruevski i VMRO-DPMNE odnosno bratucedite mu na Gruevski Mijalkovi koj se i glavni luge vo razuznuvackite sluzbi, pa za SVOJ LICNI PRLJAVI potrebi si vadat od drzavnite tajni dokumenti i si prekrojuvaat kako im dusa saka. Pa od tamu i doaga taa snimka. Ete neka mu bide jasno na sekoj Makedonec kakvi luge ni ja vodat Drzavata i so kakov KRIMINAL se bavat. TOA E Nikola Gruevski!!!! TOA E VMRO-DPMNE!!!!.... ZATOA Drzavata propadna. Nemaat sila MASKI da se borat pa zatoa pravat vakvi montirani scenarija. Samo GLUP i nepismen covek (Grujovec) moze da im veruva. Se drugo e svesno, pametno i inteligentno za da svati deka ovaa hajka protiv Ljube e samo GOLEMA LAGA NA GRUEVSKI koj ima UPLAV od Ljube!
Од: pavle ALIMASKA,prilep
Датум: 09.12.2009 07:51:17
луѓе мои,Љубе освои 160000 гласови,Грујо не може да се помири и НАЈДЕ НАЧИН ДА ГО УГУШИ
Од: velov sindelfingen-d.
Датум: 09.12.2009 08:09:41
ako e tocno,togas e spion.
Од: ДРАГИ „ИЛИНДЕН“
Датум: 09.12.2009 08:38:32
Сите кои не мислат како ГРУЕВСКИ се предавници вклучително и Јас, бидејќи веќе одамно не мислам како него. Па така и Брат Љубе на кого сите ГРУЕВИСТИ изградија политича кариера кога им требеше се колнеа во него, а сега кога увидоа реално опасност ЧОВЕКОВ ИСПАДНА ПРЕДАВНИК НАД ПРЕДАВНИЦИТЕ, АЛАЛ НЕКА ИМ Е.
ТИЕ ВСУЧНОСТ ТАКА ПОСТАПУВААТ СО СЕКОГО, КОГА НЕ ИМ ТРЕБЕ ПОВЕЌЕ НЕКОЈ ПОЧНУВААТ ДА КОНСТРУИРААТ РАЗНИ ПРИКАЗНИ ЗА ПРЕДАВСТВО И СЛ.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 09.12.2009 08:59:09
Во МРТВ со години се вработуваа исклучиво „проверени“ и „подобни“ (Не)кадри! Поминуваа низ посебна проверка, со посебни процедури! Вработените се Извежбани да се Умилкуваат на власта! Кајронот за Вестите го менуваат според власта (модро-сина,црвено-црна,пороткалова) но Никако да ја променат Содржината (Суштината) на вестите! Застанати се во `60-тите! Таму времето воопшто не се движи! Одтаму и Неприродната состојба во услови на енормна Загаденост и Нечистотија (WC-ата и просториите одамна не се чистат) тоа воопшто да не им пречи на вработените да викаат Ура! Со скапана и дотраена техника,но и одамна Излитени кадри,кои се Целосно Неспособни за озбилна продукција,дури и да поседуваат и најсовремена техника, државната, јавна и секогаш партиски обоена ТВ,е излишно да постои! Особено,кога поради големиот број кабловски оператори со прекрасна понуда од странска програма,треба да си нездрав, за да ја гледаш!
Од: Petko
Датум: 09.12.2009 09:10:38
Da se navratime na kobnata 2001 i da se potsetime koj prv zastana da ja brani drzavata i koj uste togas ja predade drzavata vo Aracinovo. Sigurno toa ne bese brat Ljube , Sramota e ova sto mu se pravi a druga rabota e sto Mrtv, sitel, latasovci, gruevci isto taka mu pravat losa usluga na Johan pred izreceniot zbor na sudot vo Hag. Tokmu tie potvrlija i go predadoa Johan koga advokatite pobaraa pomiluvanje , sto znaci mu ja priznaa vinata na nevniot Johan. Smetkite na Grujo ke mu gi icopracame nie (crvenite) vmrovci na slednite izbori.
Од: BRAVO
Датум: 09.12.2009 09:14:00
Da pocekame da dojde komisijata (Vnatresna kontrola) od Hag i da proveri kako Izlegle vo javnost vakva snimka i koj ja poracal i platil.... Na gruevski ne mu bega stapot...Ovoj pat ja pretera.....Pogolemo zlo ke mu napravi na Johan.....a Ljube ke ostane zasekogas covek koj so oruzje vrace ja branese Makedonija Patem: Dali nekogas si pukal so oruzje G-ne Gruevski imas mnogu neprijateli...................
Од: Мане
Датум: 09.12.2009 09:33:15
Јохан е осуден во Хаг затоа што САМОИНИЦИЈАТИВНО се вклучил во активностите на полицијата во Љуботен. Исто како што правеше Аркан во Босна. Од друга страна, сакаше со лажно клеветење на Бошковски да се спаси од одговорност.
Од: b
Датум: 09.12.2009 09:56:08
За што ли ја плаќаме оваа неписмена послушничка багра во МРТВ? За да лечат нечии комплекси, фрустрации!
Од: siljan
Датум: 09.12.2009 10:11:01
MTV e dolzna da go obezlici ovoj predavnik koj na
plostad go precekavme so solzi radosnici i glasavme
160.000 zasto togas ne znaevme deka se raboti za
covek dvolicen bez srce.Johan treba da si dojde a
na negovo mesto da bide odnesen Boskoski. Ovie od SDSM i ponatamu prodolzuvaat da gresat za da
dojdat do vlasta.Koga li ke prestanat so omrazata.
Од: jimmy1
Датум: 09.12.2009 10:14:27
MRT e VMRO-ovska a ne nacionalna televizija. Narodot treba da se osvesti i da ne im plaka televiziska predplata, zosto ne gi zastapuva interesite na Makedonija, tuku gi zastapuva interesite na Ovcite.
Од: Gnas na narodot
Датум: 09.12.2009 10:50:32
Tomic ,onaa kreatura od novinar so negoviot "Gnas na narodot" prestavuva sram , mizerija i najvulgaren sund na novinarstvoto voopsto. Vo emisiite pokanuva nekakvi si samonareceni"eksperti" po negov terk,koi ja "svirat muzikata" sprema notite napisani od partiskiood stab na vladeckata DPMNE . E Tomic za toa ligavo i poltronsko novinarstvo minatata godina " lapna" od MTV okolu 100.000 evra. Ne znam sto voopsto pravi onaa novinarka , t.n. direktorka na MRTV i golema antikorupcionerka , Baba Zumbula?Bidejci toj javen servis si e licen servis na DPMNE , neka istiot so go finansiraat tie , a ne da mu se ispracaat smetki na narodot za radiodifuzna taksa. Toa ce bide togas koga MRTV navistina ce bide nezavisen i javen servis na site gradjani na Makedonija , a ne partiski megafon.
Од: MRTV - sram za Makedonija
Датум: 09.12.2009 11:22:39
Iako i ostanatite nasi tnr nacionalni TV ne se nesto narocno, sepak MRTV e za sekakov rezil. MRTV ne e nikakva javna televizija, nitu drzavna, pa nitu partsikja. Tuku licna, komercijalna, na nekolku autsajderi vo novinarstvoto. Sram mi e od nejzinata programa. Sreca sto postojat kabelski i satelitski, pred se sreca sto moze da gi gledame hrvatskite TV, pa da vidime i cueme nesto pametno.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 09.12.2009 11:24:11
На радост на помодрените коментатори и јас сум против ваквиот невкус и деградирачки потег на националната тв.Секидневното ве��лање околу видео скечот говори за менталниот склоп на ,,независните,,новинари во МТВ,кој ја урнисуваат и така на ниски гранки новинарската фела.Инаку за воља на вистината МТВ од секогаш била легло на живи зависни новинари,како понижувачки и вазалски однос кон помодрените така и кон поморанџестите.
Од: realen
Датум: 09.12.2009 11:34:34
MRTV ili kako se vika po novo, odamna e tragikomocna institucija vo koja rabotat desperadosi. Toa e brod sto tone, na koj ostanuvaat Mr. Tomik i slicni nemu. Seir pravat od se, pa narodot neka jade kolaci koga nema leb. Ljube svoeto go odsluzi, a dali toa nekomu mu preci - ne znam. Mozebi drdorkoto Eftov od Kanal 5 dobro bi se vklopil vo toa sivilo, ama pusta plata i setkanja. Da bese Ljube neljubezen, da imase cuvsvo na vina, toj ke stanese e ne ke razgovarase-kako Kusturica so Stankovik vo Nedjeljom u 2. Ama zabavata BESPLTANA ne se ispusta, osobeno ako e naracana.
Од: "Vodolija"
Датум: 09.12.2009 11:47:54
Ljube izdza 4g.zandana ke go izdrzi iGrujo uste malku, no Grujo nemoze da go izdrzi na Ljube i krajot se znae.
Од: gragjanin
Датум: 09.12.2009 11:56:09
johan e obicen reketar i nisto povece od toa im sluzese na vlasta dodeka im trebase i toa e toa zatoa sega zena mu sto ne znae edna obicna recenica da procita rabota vo vlada
Од: od cesen
Датум: 09.12.2009 12:21:28
ete se gleda liceto na vmro toa bilo na takva osnova osnivani prvin od cesni makedonci pa posle vleguvat pod koznici-za daja sija zacuvat glavata iznavogat razni intrigi .sega e lesno grujo si go ima MRt.
Од: ivan
Датум: 09.12.2009 13:27:57
Od cetiri nacionalni televizii tri (sitel,canal5 i posebno MTV) stanaa partisko glasilo na VMRO edinstveno A1 seuste se bori za nekakvo nezavisno izvestuvanje samo prasanje e do koga. A toa e i normalno koga vladava samo so vladini kampanji trosi okolu 12 milioni evra a golem del od ovie pari zavrsuvaat vo televiziite.
Sega i pretplata baraat 400000 smetki po 30 evra= 12milioni aj irlija
Од: Тале Шведска
Датум: 09.12.2009 13:50:12
Читајќи го текстот, а п��тоа и коменарите оставени од ќитателите тогаш јас наполно го оправдувам Г-динот Томиќ и МТВ во одобрувањето на посочените програми и изнесувањето на виделина она правото лице на македонецот-предавничкото.
Како не ви е срам да искажувате некои си такви анти македонски глупости, Македонската телевизија тоа сте вие самите македонци. Па зарем не гледате и не слушате како се однесувате со нас од дијаспората кога сме во Македонија и ќе посакаме да завршиме некоја работа. Наскаде треба да потплаќаме, да молиме да се понижуваме, Сега кога енаш и Мак, ТВ објавува една вистина вие сите се ставате во одбрана на предавникот. Каму таа среќа и оние „вистинските„ новинари кои се на платен список кај Сорос или Рамковски да изнесуваат вакви вистини, па макар тие биле и еднострани. Никој не му го спречува правото на Лљубе да застане и да се брани, но со кое лице.
Еј, македонче , македонче??? се сакаш да бидеш но само не македонец. Се сакаш на светот само не своето. На сите им в
Од: zabegan.
Датум: 09.12.2009 14:28:09
КОЈА е та Македонска ТЕЛЕВИЗИЈА????.ГЛЕАЈТЕСИ на сателит или кабелска.Јас лично не ни знам дали се уште постои та телевизија.
Од: Виктор
Датум: 09.12.2009 14:36:12
Стар прозорец не се поправа, ами се прави нов.
МРТВ мора да се затвори, па се да почне одново со 100% нови, независни и објективни луѓе.