Број 3155  среда, 09 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Македонските стечајци штрајкуваат со глад

Стечајците велат дека штрајкот е последна манифестација на очај од немањето слух на власта за нивно згрижување

Општ штрајк со глад прогласија завчера македонските стечајци. Раководството на Здружението на стечајните работници УНИТ во Куманово почна општ штрајк со глад, со повик да се приклучат сите 12 илјади стечајни работници од Македонија.

„Ги повикуваме сите засегнати стечајни работници од државава да ни се придружат на протестот со глад, како последна манифестација на очај поради крајно небрежниот однос на власта спрема нашите познати барања, а тие се да не' згрижи со одреден износ на средства за скромна живејачка, до ново вработување или до пензионирање‘‘, изјави вчера на вториот ден од штрајкот претседателката на Здружението на стечајните работници УНИТ, Лилјана Георгиевска.

Штрајкот се одвива во една од просториите на Регионалниот синдикат на Куманово, во зградата на поранешниот Општински комитет.

Лидерката на стечајците, Георгиевска, не е многу оптимистка дека оваа акција ќе ја засегне власта, чие парламентарно мнозинство пред неколку дена одби да го изгласа Предлог-законот за решавање на проблемот на преостанатите десетина илјади стечајни работници во државава, кои останаа без работа со 15 години работен стаж и уште толку години до исполнувањето на старосната граница за пензија.

„Не бараме многу од државата. Станува збор за сума од околу 1,3 милиони евра на годишно ниво. Со 5.000-6.000 денари ќе можеме да купиме барем леб и млеко за нашите деца. Ако премиерот нема доволно слух да ни го исполни ова скромно барање, ќе штрајкуваме со глад до крај“, категорична е претседателката на стечајците, Лилјана Георгиевска. Вчера и завчера, како што тврди Георгиевска, свое учество во протестот најавиле стечајните работници од Битола, Неготино, Крива Паланка, Свети Николе, Охрид и од други градови од Македонија.

Инаку, со Предлог-законот за материјално згрижување лица што останале невработени по приватизацијата на претпријатијата со општествен капитал, се предвидува да бидат опфатени работниците со минимум 15 години работен стаж и возраст од 53 години за жени и 55 за мажи. (Ст.Б.)


#
Статијата е прочитана 427 пати.

Испрати коментар

Од: Петровска Богданка
Датум: 09.12.2009 02:44:04
Дали овој штрајк се однесува само за стечајците или за сите оние што се на биро а со 30 години работен стаж.Во целост го подржувам штрајкот.
Од: jovan
Датум: 09.12.2009 09:05:41
Stecajcite, a i pola naselenie i onaka ni e na "stroga dieta" da ne kazam, gladuvaat. Sto ke im e dodatno da strajkuvaat so glad, koga i onaka nikoj ne gi esapi 20 godini, samo ke si go vlosat zdravjeto i nisto drugo nema da postignat. Gledate li deka ovie si gi tovaraat torbite i se spremaat za napustanje na brodot Makedonija, zarem ocekuvate nesto da vi dadat? Ke vi go zemat i toa sto go imate.
Од: gv
Датум: 09.12.2009 09:44:35
Kade se krie Stojanov(Stipski Leh Valensa) se opari i ne mu e gajle ili pak ponudata na vladata ja privati.
Од: b
Датум: 09.12.2009 10:01:19
Луѓе, бре! Па прашајте на која страна од програмата за преродба во 100 чекори, (таа, проширената и надоградената), што пишува за вас. И пак да гласате за овие Оскар Бендери!
Од: donka
Датум: 09.12.2009 11:56:42
Ги жалам сите стечајци и сите што се технолошки вишок, што се дома без работа без пари без основните потрби за живот. Некои од нив во семејствата немаат денар прилив, сето тоа сум го искусила и знам колку е тешко.Плус во моето семејство сопругот е стечаец или тех. вишиок сеедно но да не си му во кожата, пропадна, се разболе пие секакви лекарства, а за тоа требаат пари а тој повеќе од 5-год. без денар. Дали се запрашале газдите на македонија морам така да ги наречам овие на власт, како излегуваат на крај овие луѓе, или воопшто и не се прашуваат, па и зошто нив џепот им е полн, а од заедничките пари од парите собрани од граѓаните си прават како сакаат. Сега на тие што земаат колку толку пензии ги частат со бања а тие што воопшто немаат приходи ништо, какви газди се тоа нечуено и невидено. Дај им на сите што се под завод како таква категорија по една или макар по пола плата сега за нова година или за Божиќ и тие да видат денарче во својот дом, ама немаме ние луѓе кој размислува, ,,,,
Од: terezija57
Датум: 09.12.2009 13:57:12
neznam sto da recam ima li covek vo drzavava od majka roden da se zaprasa kako ziveat stecajcite i tehnoloskiot visok,zarem tie ne se dusi kako sto se na politicarite,zarem nivniot stomak ne e kako na politicarite,zarem tie nemaat dostoinstvo pred sopstvenata dusa deka i tie treba da ziveat.Premnogu mi e tesko zasto i jas imam soprug teh.visok veke 9 god.ne se izdrzuva luge.Do koga samo vaka?Sto nrod li ke bevme se da se trpelo.Stojanov se borese za site ili samo za sebe?Ete toa kaj nas ne cini."Jas si se izboriv za sebe a za drugite ic ne mi e gajle" eto toa sme nie makedncite trpi i samo trpi,koga nema komu da mu se obratime sem na Gospoda..........

Најди! во Утрински
Насловна
Домашниот текстил во црна дупка
Албанците - нивното минато, потеклото и обичаите (16)
Зденко
За оцрнување на Бошкоски се впрегна и МРТ
Сега сите го чекаат премиерот Груевски!
На кафеанџиите доцна им текна за пушењето
Обиколница на глупоста
Потешкиот е вистинскиот пат
Најголемото шоу на светот мора да успее
Три нови жртви на грипот
Жени и сестри на судии именуваше за нотари од министерот
Погазена од својата црвена линија?
Дoцна им текнува
Кошмарна дилема