Број 3155  среда, 09 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Поглед

Обиколница на глупоста

Билјана Ангеловска

Не треба да се биде голем математичар за да се пресмета дека патарината на скопската обиколница за некого ќе биде голема добивка, а за Скопје чиста загуба. Доколку консултантот предвидел дека обиколницата во пакет треба да привлече концесионери за останатите македонски патишта, што се користат само за мештаните да одат на гости кај роднините во Романовце, или кога селаните од Миладиновци сакаат да прошетаат по штипските сокаци, тогаш, предвидувањата му се точни. Бидејќи, секој со малку чувство за правење пари ќе ја лапне мамката и ќе ја земе Источната концесија, во која ќе треба да вложи околу 400 милиони евра, а ќе ќари 850.

Во обиколницата, барем во првите години, нема да треба ништо да се вложува. Се разбира, само во изградба на наплатна рампа. Тоа е нов објект што, со оглед на интензитетот на сообраќај, очигледно долги години ќе остане нов. Уште кога ќе се воведе патарина, дефинитивно бројот на возила ќе станува се' помал. Многу ме интересира во кој град во Европа министерот Миле Јанакиески видел да се плаќа патарина на кружен прстен. Или можеби министерот патува исклучително со авион, па затоа не знае како е да се движи по земја!

Во градовите што држат до градскиот ред, всушност, се плаќа за да се влезе во центарот. Кај нас, влезот е слободен. Но, затоа се плаќа за возење околу Скопје. А, во градот може да влезе секој што сака, по скопските улици возат и тешки возила и шлепери и мешалки за бетон... За тоа никој никого не казнува, но никој и не одговара. Бадијала било седумгодишното чекање да се изгради обиколницата. Сега роднините од Маџари ќе одат на гости во Ѓорче Петров повторно преку центарот на Скопје. Нема да ја користат експресната сообраќајница, ама нема ниту да плаќаат. Ништо не е сменето.


#
Статијата е прочитана 2428 пати.

Испрати коментар

Од: Hari
Датум: 09.12.2009 00:10:46
Uste edna glupost napravena vo kujnata na DPMNE! Ima volna Makedonija!
Од: Realist
Датум: 09.12.2009 00:24:20
Ako sakaat stvarno da zemat pari, neka stavat patarina za vlez vo Skopje.
Од: Uko
Датум: 09.12.2009 08:29:12
Aj rodninite, ama kamiondiite, koj budala ke bide da plaka koga moze besplatno niz plasticarskata. Sega ostanuva da veruvame deka nema koncesioner si ist pamet...
Од: Jagoda
Датум: 09.12.2009 09:45:54
Patarina se placa na obikolnicata na Milano. Sto ne znaci deka Skopje avtomatski treba da sledi takov primer. Naplatni rampi sozdavaat guzvi i dodatni trosoci (objekti i plati za vraboteni vo tri smeni)... sto go placaat ovie sirotive sto treba da zastanat na naplatnata rampa . Arno ama, nekomu mu teknalo deka tuka ima moznost da se podelat 400 milioni evra !
Од: ja
Датум: 09.12.2009 10:13:51
Ke ima pari za familijata, pa neli i se dosta,ovie se nenasitni
Од: Paci
Датум: 09.12.2009 11:25:56
А што не постават и наплатни рампи на секоја крстосница по градовите! Ете им пари за во буџет.
Од: Illyricum
Датум: 09.12.2009 12:11:51
Bi sakal da gi prasam nasive "ministri" kade vo svetot videle na avtopat da se naplatuva dvapati i toa i na vlez i na izlez. Se krade bez pardon od narodot a pak patistata ostanuvaat katastrofalni. Normalno koga site luge na vlast se vozat so sluzbeni koli i ne im e voopsto griza dali tie ke se ostetat. Banana li ja narekuvaa ili kako bese vtoroto ime na nasava si drzava!!!

Најди! во Утрински
Насловна
Домашниот текстил во црна дупка
Албанците - нивното минато, потеклото и обичаите (16)
Зденко
За оцрнување на Бошкоски се впрегна и МРТ
Македонските стечајци штрајкуваат со глад
Сега сите го чекаат премиерот Груевски!
На кафеанџиите доцна им текна за пушењето
Потешкиот е вистинскиот пат
Најголемото шоу на светот мора да успее
Три нови жртви на грипот
Жени и сестри на судии именуваше за нотари од министерот
Погазена од својата црвена линија?
Дoцна им текнува
Кошмарна дилема