Број 3155  среда, 09 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Мислења

Потешкиот е вистинскиот пат

Ден Дончев

Владата успеа да го претвори трговскиот дефицит од финансиски во структурален проблем

Во повеќе наврати сум пишувал дека монетарната политика на НБМ оваа година исклучиво беше насочена за да се задржи стабилен курс на денарот. Засега таа цел е постигната. Но како колатерална штета имаме драстично намалување на денарската ликвидност во македонското стопанство што, пак, неминовно резултираше во зголемување на каматните стапки на околу 10 отсто. Ефектите од ваквата политика, меѓу другите, е и намалување на трговскиот дефицит оваа година. Меѓутоа, и покрај драконската монетарна политика, трговскиот дефицит на Република Македонија продолжува да покажува силен отпор кон преземените мерки од НБМ.

Во 2006 трговскиот дефицит изнесуваше точно една милијарда евра. Во 2007 скокна на 1,2 милијарди евра, а во 2008 имаше буквална експлозија, постигнувајќи рекордно високо ниво од 1,75 милијарди евра. За првите осум месеци од 2009, спрема официјалните бројки на НБМ, трговскиот дефицит изнесува 1 милијарда евра. Ова значи дека доколку продолжи овој тренд (а имајќи предвид дека во последните три месеци од било која година, овој дефицит традиционално се зголемува), трговскиот дефицит за 2009 ќе заврши на околу 1,55 милијарди евра, или за околу 200 милиони евра помалку од 2008. Значи, и покрај преземените мерки (кои доколку би биле по ригорозни би резултирале во крах на домашната економија) трговскиот дефицит за 2009 ќе биде цели 50 проценти повисок од 2006. Оваа значи дека трговскиот дефицит веќе стана структурален проблем на Република Македонија. Овој проблем нема да може да се реши со било каква фискална или монетарна мерка која истовремено не би направила и значајна штета на домашната економија. Со други зборови, НБМ може да ги зголеми каматните стапки на 15 или 20 проценти и ваквата мерка сигурно би резултирала во значајно намалување на трговскиот дефицит, но ефектите од таквата каматна стапка би биле катастрофални за домашните фирми и производители.

Конечно, оваа Влада успеа да го претвори трговскиот дефицит од финансиски во структурален проблем. Фискалната и монетарната политика во 2007 и 2008 ја цементираше увозната зависност на македонската економија од која веќе и тешко може да се откачи. Политичка мерка преку која може да се реши овој дисбаланс е значајна девалвација на денарот или, како што веќе спомнав, преку уште поголеми каматни стапки. Но, и двете мерки си имаат соодветна цена која ќе треба да ја платат граѓаните.

При непреземање на гореспоменатите политички мерки, единствено останува да се преземат структурални мерки и реформи кои ќе го зголемат увозот и намалат извозот. Ова значи дека македонските фирми и производители треба да постигнат високо и растечко ниво на продуктивност во сите економските области, а посебно во тие во кои конкурираат нашите компании на глобално ниво. Тоа, пак, зависи од можностите на една фирма за постигнување на редовно зголемување на квалитетот и на ефикасноста на нејзината работа. Со други зборови, воведување мерки кои ќе овозможат Македонија да создаде и одржи конкурентна предност според меѓународните стандарди, воведување политики, мерки и начини кои ќе им овозможат на фирмите, во нивните матични области да постигнуваат високи стапки на раст на продуктивноста. Тоа се структурални цели кои мора да се постигнат ако сакаме да постигнеме значајно намалување на трговскиот дефицит.

Како никогаш досега станува неопходно да се донесе реална државна стратегија со која ќе се идентификуваат економските сектори каде Република Македонија има или може да има конкурентна предност на глобалните пазари. Идентификацијата на ваквите шампиони на македонската економија и нивната класификација по кластери е првиот чекор за воведување мерки и политики кои ќе направат структурална промена во македонската увозно зависна економија. Воведените мерки и постапки мора да бидат дизајнирани, така, да ја зголемат конкурентноста на кластерот, со што самите кластери ќе можат да го зголемуваат својот извоз.

Ваквите мерки треба да овозможат подобрување на клучните двигатели на продуктивноста и конкурентноста преку максимална флексибилност кај производствените фактори кои ги користат кластерите, за да се овозможи тие да претставуваат извор на конкурентска предност. Воведувањето максимална либерализација во кластерите и мерки кои ќе обезбедат домашна конкуренција во рамките на еден кластер - се, исто така, неопходни чекори за постигнување на конкурентност на глобално ниво. Воведување мерки за зголемување и раст на домашната побарувачка и полесна достапност до финансиски средства, со што кластерите ќе можат да ги надградуваат инвестициите во постоечките капацитети, исто така треба да бидат приоритети за една ваква стратегија.

Крајната цел е создавање динамична и конкурентна бизнис околина, посебно во кластерите каде што имаме меѓународно потенцијални конкурентни предности, со што компаниите во овие кластери ќе станат уште поголеми извозни лидери на земјава, со што би се зголемил извозот, би се намалил увозот и би се стабилизирал трговскиот дефицит на издржливо ниво.

Залудно е да продолжиме да се залажуваме дека може да го решиме овој проблем (и дека можеме да ги решиме нашите општи економски проблеми) преку одредени инвестиции или инвеститори кои ќе произведуваат производи за кои Македонија ниту имала, ниту во догледно време може да има конкурентна предност. Неодамнешната бомбастично најавена инвестиција за производство на ЛЦД-телевизори е еден таков пример.

Конкурентната предност на Република Македонија е во кластерите како што се: вино и производство на грозје; јагнешко месо и сирење; месо и сувомесни производи; ран зеленчук и овошје; металопреработувачка индустрија и рударство; текстил; туризам; мебел. Дали некому му се допаѓа или не, ова е реалноста на денешното македонско стопанство. Затоа ќе биде многу покорисно, воедно и далеку поуспешно, да се насочат најголемите напори од Владата кон овие кластери. Тоа би имало поголем ефект наместо залудната потрага по инвеститори во области каде што македонското стопанство не може набрзо да стане конкурентно на глобално ниво.

Пренасочувањето на економската политика и економските мерки кон шампионите на македонскиот извоз, онакви какви што се денеска, е далеку најперспективниот и надежен начин за решавањето на структуралниот проблем на македонската економија, а изразен преку алармантниот трговски дефицит. Секако, звучи поубаво на нашите телевизии да се објавува дека Македонија ќе произведува телевизори, отколку дека ќе го зголемуваме производството на месо. Но, далеку поголеми се шансите дека државата ќе се збогати од производство на месо, отколку од производство на телевизори. Ова е потешкиот пат, но е единствен, реален и вистински пат за Македонија.

(Авторот е економски аналитичар)


#
Статијата е прочитана 1514 пати.

Испрати коментар

Од: Boban
Датум: 09.12.2009 04:40:25
G-dine Doncev ,sekoja cest za analizata ,no moram da vi kazam deka toa sto go sovetuvate treba da go znae i sekoj koj sto ima barem osnovni poznavanja od Ekonomija .Siguren sum deka sekoj brucos na Ekonomkiot fakultet vo Skopje istoto bi i go soveuval na valadata .Za zal samo nasiot kursadzija od Prilepa grada ne moze ili ne saka da go znae toa ...ili ne saka da go primeni tuku se zanesuva (sto e poloso go zamajuva i narodot) so nekakvi si visoki tehnologii koi samo sto ne pristignale vo nasata drzavicka .... Eeeeeej nieme pretezno zemjodelska zemja i tuka e nasata sansa ...A toa so deficitot nabrgu ke pukne "balonot ' .I sto togas ???Dvacija ,kako vo Srbija i kamati pak od 15-20 %..
Од: jovan
Датум: 09.12.2009 08:57:09
Edinstveno sto bi ne spasilo vo momentov e ostavka na ovaa Vlada, i da pocneme se od pocetok. Toa e i najteskiot pat, no samo toa i ni ostana. Drugo nema. Ako ovoj ostane na Vlast, ke ja doopljackaat drzavava, i potoa ke bide kasno za se.(ako ne e i kasno veke). Voedno ne smee nitu da se dozvoli so opljackanovo da izbegaat od drzavava.
Од: Amdi za premier
Датум: 09.12.2009 10:15:41
Veruvam deka Amdi Bajram, kako dokazan iskusen stopanstvenik, podobro bi ja vodel makedonskata ekonomija i ke ja sprecese teskata ekonomska kriza vo drzavata! Zatoa, go predlagam Amdi za premier na Makedonija!!!
Од: PEro_MKd
Датум: 09.12.2009 10:34:06
Potopolno ispravno sogleduvanje na rabotite, navistina namesto strucna analiza.Iako ne sum ekonomist, za ovie raboti odamna zboruvam...vo Makedonija najmnogu vraboteni ima vo zemjodelsko-stocarskite dejnosti i kapacitetite povrzani so niv, potoa tekstilot i metaloprerabotuvackata industrija. Mozam da recam deka od 650.000 vraboteni, na ovie dejnosti otpagja 60-70% od vrabotenite, a ako gi izememe i 100te iljadi budzetari ( koi se na teret na gorespomenatite) doagjame do pogolema cifra.Makedonija vo ovie dejnosti ima resursi i tradicija.Potrebno e kreditiranje (ili investiranje ) na vakvite kapaciteti zaradi nivna pogolema konkurentnost.Pogolema konkurentost na ovie firmi znaci povekje pari vo budzetot, povekje rabotni mesta, povekje pari vo optek kako i namaluvanje na trgovskiot deficit bidejki najgolemiot del od ovie kapaciteti se izvozno orientirani.Zgasnuvanje na ovie kapaciteti ke bide pogubno za nashata ekonomija

Најди! во Утрински
Насловна
Домашниот текстил во црна дупка
Албанците - нивното минато, потеклото и обичаите (16)
Зденко
За оцрнување на Бошкоски се впрегна и МРТ
Македонските стечајци штрајкуваат со глад
Сега сите го чекаат премиерот Груевски!
На кафеанџиите доцна им текна за пушењето
Обиколница на глупоста
Најголемото шоу на светот мора да успее
Три нови жртви на грипот
Жени и сестри на судии именуваше за нотари од министерот
Погазена од својата црвена линија?
Дoцна им текнува
Кошмарна дилема