Број 3155  среда, 09 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Едиторијал

Домашниот текстил во црна дупка

Иван Бојаџиски

Затворени стотици мали конфекции. Текстилното производство намалено за една третина, а пет илјади работни места во оваа гранка се загубени. И сето тоа во само една календарска година. Светската економска криза кај нас удри таму каде што е најтенко, во индустријата на сиромашните за каква што се титулира текстилната индустрија. Менаџерите на фирмите за производство на текстил тврдат дека Владата несериозно се поставила во однос на нивните предупредувања дека кризата на домашен терен најмногу ќе се рефлектира на текстилната индустрија. Владата не одговорила на нивните барања за мерки со кои на текстилот би му била дадена неопходна помош во услови кои и дефинитивно ја определуваат неговата иднина. Станува збор за алка од стопанскиот синџир која кон крајот на минатата година социјално ситуираше 45.000 лица, а нереагирањето на одговорните во државата ја намали за пет илјади лица.

Од Кластерот за текстил, но и од раководствата на нашите најголеми конфекции пристигнуваат вознемирувачки пораки. Според нив, кризата во оваа индустриска гранка својот врв ќе го достигне идната година. Постои реален страв од пропаст на поголем број фирми од досега пропаднатите. Процените одат дотаму што говорат за губење половина од работните места во оваа индустрија.

Првиот аларм за црната дупка во која почна да пропаѓа домашниот текстил светот ни го прати пред околу две години. Тоа беше време на силен наплив на текстил и производи од Кина. Без оглед на нискиот квалитет на кинеското производство, одделни европски држави за кои по системот лон производство работат нашите конфекции, дел од работата насочија кон Кина и кон Индија. Потоа дојде кризата која го погоди и развиениот свет. Во европските земји се' повеќе се бараше евтино текстилно производство со кое се полнеше домашната гардероба. Менаџерите од текстилните компании предупредуваа на оваа појава. Од Владата бараа помош за домашниот текстил, стимул за извоз. Ова,пред се', е поради фактот дека нашиот текстил ги доживува најдраматичните моменти на своето постоење и тоа не по своја вина.

Угледните менаџери на големите текстилни фирми и првите луѓе на Кластерот за текстил презентираа загрижувачка информација. Државата, од која текстилците барале помош не само што не помогнала, не само што не нашла потреба и начин да го стимулира извозот, туку воопшто не им одговорила на барањата. Небаре станува збор за маргинална појава, а не за стопанска гранка од која егзистираат 40.000 семејства.

Не е тајна дека во Македонија не успеа идејата за создавање домашно базно текстилно производство. А не успеа бидејќи и немаше обиди за такв�� нешто. Поради тоа текстилците, со мали исклучоци, работат само лон, при што сите материјали до последниот конец ги добиваат од нарачателите од европските држави.

Сега кризата ги принуди западните деловни партнери се' почесто своите нарачки за готово текстилно производство да ги адресираат на големите и мошне евтини азиски држави. Западниот свет, во услови на намален домашен буџет, се' повеќе го преферира евтиното, наспроти навиката речиси до вчера да купува поскапо, ама поквалитетно. Тој факт, како и немањето поддршка од сопствената држава во кризно време, внесува немир и несоница и кај менаџерите, а и кај вработените.

На македонскиот текстил не му се конкуренција Данска, Шведска, Норвешка, туку Кина, Индија, Пакистан, земји во кои платите во оваа гранка не се повисоки од 30 долари. Тоа се држави со бројно население во кои постојано се подобрува и квалитетот на сработеното. На тоа предупредуваат од Кластерот за текстил и бараат реална, а не само декларативна поддршка од државата. Поддршка, каква што САД и' даде на својата автомобилска индустрија кога поради кризата се најде пред амбис.


#
Статијата е прочитана 621 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Албанците - нивното минато, потеклото и обичаите (16)
Зденко
За оцрнување на Бошкоски се впрегна и МРТ
Македонските стечајци штрајкуваат со глад
Сега сите го чекаат премиерот Груевски!
На кафеанџиите доцна им текна за пушењето
Обиколница на глупоста
Потешкиот е вистинскиот пат
Најголемото шоу на светот мора да успее
Три нови жртви на грипот
Жени и сестри на судии именуваше за нотари од министерот
Погазена од својата црвена линија?
Дoцна им текнува
Кошмарна дилема