Поразителен двомеч со Црногорките
Женската ракометна репрезентација на Македонија претрпе два убедливи пораза од 36:29 и 32:23 во двата контролни натпревара со Црна Гора во Плевле. И во двете средби избраничките на селекторот Владимир Глигоров парираа во првото полувреме, кое во првата го загубија со 16:13, а во втората беше нерешено 11:11, но скапо ги чинеше лошата игра во одбраната во вториот дел. Најдобра во македонскиот тим во двата меча беше левото крило Драгана Пецевска, која постигна вкупно 15 гола, од кои осум во првиот и седум во вториот. Драгица Кресоја во првиот дуел имаше шест погодока, колку и Мирјета Бајрамовска во реваншот.
Македонија во двомечот со Црногорките настапи без Валентина Радуловиќ, Наталија Тодоровска, Симона Гроздановска, Олга Бујанова и нејзината замена Марија Штериова, а уште во 9 мин. од првиот натпревар се повреди и Наташа Младеновска. (Р.Д.) |