Брoj 2815  сабота, 18 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Фудбалот стана заложник на политиката


Тиери Анри и Хусин Рагед од Тунис на мечот кој Французите го добија со 3:1

Бура во Франција откако „Марселезата“ беше исвиркана на натпреварот со Тунис во Париз

Од нашиот дописник
Тони Гламчевски

НАНСИ - Свирежите кои ја пропратија изведбата на француската национална химна на пријателскиот натпревар меѓу фудбалските селекции на Франција и Тунис на 14 октомври, изведена на магистрален начин од Лаам (Французинка со туниско потекло) не се осамен случај. „Марселезата“ беше исвиркана и на пријателските натпревари меѓу Франција и Алжир во 2001 и Франција и Мароко оваа година и секогаш на истото место – стадионот „Стад де Франс“ во париското предградие Сен Дени.

Француската национална химна беше исвиркувана и при поседните средби на Франција со Италија, но тоа не предизвика толку голема политичка полемика како при средбите со земјите од Северна Африка – сите поранешни француски колонии или протекторати. При сите овие средби, како при последната со Тунис, стадионот повеќе од половина беше исполнет со симпатизери на гостинската екипа, најголемиот од нив млади родени во Франција од родители дојдени од Магреб.

Претседателот Никола Саркози исвиркувањето на химната го нарече „скандалозно“. Од Елисејската палата се даде до знаење дека при слични вакви испади можно е да дојде и до итен прекин на натпреварот. За ова се заложи и премиерот Франсоа Фијон, набрзо поддржан и од други политичари, не само од десницата.

„Требаше да се прекине натпреварот. Потребно е да им се рече не на однесувањата кои го погодуваат националното единство. Фудбалот понекогаш ги прави глупави луѓето“, изјави социјалистот Мануел Вајс. Комунистот Максим Гремец од своја страна побара сите да ги научат зборовите на „Марселезата“ и што тие значат. Државниот секретар за спорт, Бернар Лапорт отиде уште подалеку советувајќи да не се играат повеќе натпревари со поранешните француски колонии и протекторати на „Стад де Франс“, туку во провинциските градови или во тие земји.

Барањата за прекин на еден таков натпревар изгледаат незамисливи, Вилиам Гајар од УЕФА се запраша според кои критериуми ќе се прекине еден натпревар, колку лица треба да свиркаат за да биде прекинат и до колку децибели ќе се толерира. По политичката бура предизвикана од Саркози, отворена е судска истрага поради „навреда на националната химна“. Во Францја, навредата на националната химна или знаме носи казна до 6 месеци затвор и 7.500 евра кога е направено тоа групно; индивидуално казните се помали – само 750 евра.

Според шефот на УЕФА, Французинот Мишел Платини, исвиркувањето на „Марселезата“ не е навреда за Франција. Тој потсетува дека уште на времето кога и тој се наоѓаше на теренот „Марселезата“ била исвиркувана, но за разлика од сега, тогаш политичарите не се интерсирале за фудбалот. Денес, стана обврска за политичарите да заземат позиција во однос на нивната определба.

Барањето на Саркози да се прекине натпреварот во случај на исвиркување на химната, поддржано од некои политичари кои предложија дури и законски да биде поткрепено, на Платини му изгледа неплодно. Ако тоа биде направено, тогаш Франција ќе изгуби на зелената маса со 3:0 . Платини смета дека треба да се прекине еден натпревар ако, на пример, има расиситички акти. Но еден натпревар може да биде прекинат само со одлука на судијата или делегатот на средбата, а не по барање на политичарите. „Не може да се стави еден полицаец зад секој гледач на стадионите“, вели налутено Платини во интервјуто за париски „Ле Монд“.

Фудбалот денес е заложник на политичарите, смета претседателот на УЕФА, потсетувајќи дека пред десет години кога Франција стана светски шампион сите ја пееа „Марселезата“ и дефилираа со тробојката, тогаш се славеше „мултиетничката“ франција „Black-Blanc-Beur“ (Црн-Бел-Путер). Платини признава дека никогаш не ја пеел „Марселезата“, иако смета дека е една од најубавите химни во светот, туку само ја потпевнувал. Бидејќи таа е воинствена песна Платини смета дека еден фудбалски натпревар не е војна, а француската химна започнува со „Граѓани земете го оружјето!“.

Интересно е дека оние кои го зедоа оружјето и застанаа под знамето на Франција, доброволно или не, а се по потекло од француските колонии и протекторати немаат иста воена пензија како „родените“ Французи. Само пред два дена судот во Бордо пресуди во нивна корист и им дозволи и тие да имаат иста пензија како нивните соборци кои останаа во Франција. Од овие историски контексти, комбинирани со тешката социјална и економска ситуација во која се наоѓаат младите произлезени од имиграцијата од Северна Африка, можат да се разберат, но не и оправдаат испадите и свирежите на химната.

Свирежите и политичката бура го остави незабележано продолжувањето на мандатот до 2010 година на оспоруваниот селектор на триколорите, Рејмон Доменек, кој беше исвиркан од навивачите на Франција на средбата со Србија.


Статијата е прочитана 352 пати.

Испрати коментар

Од: Stefan
Датум: 18.10.2008 13:42:09
abe kakva Francija verojatno mislite na Obedineti Africki Nacii???
Од: Slave
Датум: 18.10.2008 14:55:26
ako im e. baraa-si dobija.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Тројца во битка за Шангај
Карловиќ го урна Ѓоковиќ на мастерсот во Мадрид
Само една желба - победа против Драмен
Вардар го предизвикува шампионот
Вардар про вечерва ги „топи“ Чоколад Бојс од Талин
Поразителен двомеч со Црногорките
Навивачи со јајца по Бербатов
Приведен селекторот Пицурка