Брoj 2815  сабота, 18 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Тројца во битка за Шангај

Лидерот Луис Хамилтон, второпласираниот Фелипе Маса и победникот на двете последни трки Фернандо Алонсо навестуваат тројна битка за Големата награда на Кина. Возачот на Мекларен, кој со своите 23 години в недела би можел да стане најмладиот шампион во историјата на Формула 1, извозе најбрз круг од 1:35,630 минути во утринскиот тренинг на патеката во Шангај долга 5,451 км, а најдобро време забележа и попладнето. Но, Хамилтон доминираше за време на гран-при викендот во Шангај и минатата година, но ја заврши трката заглавен во песочникот и го прокоцка водството од 17 поени што го имаше во однос на Кими Раиконен пред двете последни трки.

Тимскиот колега на Раиконен во Ферари, Маса, кој има пет поени помалку од Британецот, вчерашниот ден го заврши со второ време. Во утринската сесија Бразилецот извзое 1:36,020 мин.

Двократниот светски шампион Алонсо, пак, го продолжи успешното враќање на Рено во вториот дел од сезоната со третото најдобро време попладнето од 1:36,024 мин. Единствениот што покрај Хамилтон и Маса теоретски се' уште е во игра за титулата, Полјакот Роберт Кубица од БМВ Заубер заврши десетти.

Форс Индија ги задржа Физи и Сутил



Џанкарло Физикела и Адријан Сутил ќе останат во Форс Индија и во следната сезона, потврди сопственикот Виџај Малја. Иако ниеден од двајцата возачи не освои ни поен сезонава, и двајцата се пофалени за нивните напори во помагањето на „фенерџијата“ да го намали јазот со конкуренцијата.

„Јасно ставив дпо знаење дека сум среќен со Адријан и со Џанкарло и тие продолжуваат и во 2009“, изјави Малја на прес-конференцијата во Кина.

Предлог: Бод за пол-позиција



Екипите во Формула 1 го разгледуваат предлогот од следната сезона возачот што ќе освои пол-позиција да биде награден со поен. Според „Аутоспорт“, Асоцијацијата на тимовите од Формула 1 (ФОТА) ќе се сретне викендов во Кина за да дискутира за различни начини за зголемување на возбудливоста на овој спорт.


Статијата е прочитана 129 пати.

Испрати коментар

Од: Bastion Prilep
Датум: 18.10.2008 02:43:09
Forza Scuderria Forza Ferrari!!! Vincere Vincere E Vincere Massa-Vo zemjata na crvenata boja,vo zemjata na crvenata partija Komunisticka Kina,prirodno e da pobedi crveniot tim so 1-2 pobeda na celo so crveniot tandem Massa-Raikonnen,a napomos ke ni se najde i Fernando Alonso,koj i samiot kaza deka ne moze da go smisli Luis Hamilton.A crnceto Hamilton,ako saka da ni napravi usluga neka pretekni pak kako sto go pretekna nekni Raikkonen,pa od 1 da si zavrsi onamu kade sto mu e mestoto 12 :) Golem p0zz do site F1 fanovi,osobeno so fanovite na Scuderria Ferrari !!!
Од: Ani
Датум: 18.10.2008 11:41:21
Blagodarnost do Bastion,se pridruzuvame kon pozdravot kon site fanovi na Ferari,1-2 pobeda,Masa Sampion

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Карловиќ го урна Ѓоковиќ на мастерсот во Мадрид
Само една желба - победа против Драмен
Вардар го предизвикува шампионот
Фудбалот стана заложник на политиката
Вардар про вечерва ги „топи“ Чоколад Бојс од Талин
Поразителен двомеч со Црногорките
Навивачи со јајца по Бербатов
Приведен селекторот Пицурка