Приведен селекторот Пицурка
Романскиот селектор Виктор Пицурка доживеа шок откако на аеродромот во Букурешт беше приведен од агентите на романската антикорупциска агенција. Пицурка, кој се враќаше од Виена, каде го следеше мечот Австрија - Србија, е приведен поради тоа што во неколку наврати се правеше глув во врска со корупцискиот скандал во кој е вмешан, а антикорупцискта агенција го обвинува и за давање лажен исказ, како и за попречување на истрагата. |