Навивачи со јајца по Бербатов
Димитар Бербатов не е омилен кај бугарските навивачи, особено по лошата игра против Италија и Грузија во квалификациите за СП 2010. Бугарија во средата одигра 0:0 со Грузија, а навивачите ја пречекаа репрезентацијата на аеродромот во Софија со погрдни зборови. Бербатов и друштвото почнаа да ги гаѓаат со јајца и со тоалетна хартија. Тој не беше поштеден ниту од селекторот Пламен Марков: „Играше далеку од она што може. Ако некој не сака да игра за Бугарија, друг пат нема ни да го викаме“. Критики имаше и од потпретседателот на Федерацијата, Јордан Лечков, кој го нарече „мрзлив Бугарин“.
|