Број 3035  вторник, 14 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Вебер нов спортски херој на Австралија

Возачот на Ред бул се надоврза на успесите во мотоспортот на сонародниците Џонс, Бребем, Дуан, Стоунер

Австралијците го слават својот нов спортски херој Марк Вебер. Возачот на Ред бул го прекина долгиот пост на оваа земја-континент во Формула 1 со триумфот во трката за Големата награда на Германија во неделата, прв по тој на Алан Џонс во 1981 година. Успехот на Вебер, остварен во 130. трка за него во кариерата, е уште повеличествен ако се знае дека во ноември минатата година лежеше во болнички кревет со лошо скршена десна нога по падот од велосипед во Тасманија. Девет трки подоцна, се' уште со метална прачка во ногата, челичниот Австралиец е само 1,5 поен зад тимскиот колега Себастијан Фетел, на третото место во вкупниот поредок.

Годините на фрустрација испарија кога влезе низ целта на Нирбургринг, парајќи им ги ушите на своите колеги во боксот со неколкуминутното врескање во тимското радио. Еден од најмалерозните Ф1-возачи, кој беше втор во три трки сезонава, конечно освои трка.

„За време на мојот престој во Вилијамс ми беше многу тешко да се мотивирам. Никој не сака да излезе на патеката и да биде на опашката секој викенд“, се потсетува тој на тешкото минато. „Тоа би ја тестирало трпеливоста на секого. Сега е сосем поинаку. Можеме да одиме на Гран-при викендите и да постигнеме многу, многу добри резултати. Секако дека имав многу моменти на искушение во мојата кариера со неконкурентни болиди, а често пати имав и можност да забележам добар пласман, но тоа не се случуваше од разни причини. Тоа конечно се случи и оттаму еурпцијата од емоции“.

Џонс веднаш се наметна за споредба, но во последните кругови од трката на Вебер низ умот му се вртел трикратниот шампион Џек Бребем, сега во своите 80-ти години.

„Немаше причина да бркам 20 секунди разлика наместо десет“, вели Марк. „Како што вели Џек Бребем, ’победи со најмала можна брзина‘. Мислев на него денеска“.

Вебер тргна од пол-позицијата првпат во својата кариера, но во почетниот дел од трката се чинеше дека не му гине судбината на пензионираниот новозеландски возач Крис Ејмон, кој во својата кариера не забележа ниту една победа. Австралиецот уште на стартот ја загуби првата позиција од Рубенс Барикело, згора на тоа беше и казнет со минување низ боксот поради колизијата со Бразилецот, но почнувајќи од 14. круг целосно се врати во игра. На крајот дури изгледаше како лесна победа.

„Тоа што се случи денеска нема масивно да ми го смени животот, но е многу, многу важно нешто“, вели тој. „Вечерва добро ќе спијам, се' е супер, но не сум поинаква личност поради тоа што сум освоил трка. Јас сум само многу, многу среќен што победив со сите нишани. Тоа е вистинска порака до австралискиот народ. Отсекогаш се трудев да ја претставувам мојата земја најдобро што можам. Ние сме многу горда спортска нација, имаме добри резултати на две тркала, каде што не' прославија Мик Дуан и Кејси Стоунер, но мотоциклизмот во целина не е мотоспорт на светско ниво. Ова е голем ден за мене и за Австралија“.


Статијата е прочитана 103 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Големо враќање на Чешка во Дејвис купот
Мурињо- Анчелоти не ми е пријател, прашањата на новинарот се „педерски“
Ѓоргиоски- Подготвени сме за БАТЕ Борисов
Во Белфаст по поправање на евробилансот
Фудбалски вести
Армстронг го чека Контадор на Алпите
Ставрев суди во Ирска, Мечкаровски во Норвешка
Чоловиќ на Опен во Шпанија го подели 26. место
На младите кошаркарки не им бега фенерот
Нонковиќ го објави списокот за СП во ватерполо во Рим