Број 3035  вторник, 14 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Нонковиќ го објави списокот за СП во ватерполо во Рим

Селекторот на нашата ватерполо репрезентација, Стеван Нонковиќ, го објави конечниот список патници за Светското првенство во спортови во вода што ќе се одржи во Рим.

Во „вечниот град“ ќе патуваат 16 ватерполисти. Боите на Македонија таму ќе ги бранат голманите Перчиниќ, Јаневски, Урошевиќ, потоа бековите Милиќ, Петровиќ, Димовски и Белев, надворешните играчи Вуксановиќ, Лошковски, Стојчев, Мичиќ, Крстиќ и Кречковиќ и центрите Башиќ, Арсовски и Бениќ.

Од комбинација за мундијалот отпаднаа четворицата младинци членови на Работнички Недановски, Пулејковски, Манасков и Синадиновски.

Македонија за првпат ќе учествува на едно светско ватерполо првенство. Правото да бидеме дел од претстојниот мундијал го остваривме лани со освојувањето на осмото местои на континенталниот самит во Малага.

Во Рим, Македонија ќе се натпреварува во силната група Д заедно со репрезентациите на САД, Романија и домаќинот, Италија. (С.Д.)


Статијата е прочитана 199 пати.

Испрати коментар

Од: Suzana
Датум: 14.07.2009 12:50:50
Srekno! Veruvame vo vas!

Најди! во Утрински
Спорт
Големо враќање на Чешка во Дејвис купот
Мурињо- Анчелоти не ми е пријател, прашањата на новинарот се „педерски“
Ѓоргиоски- Подготвени сме за БАТЕ Борисов
Во Белфаст по поправање на евробилансот
Фудбалски вести
Вебер нов спортски херој на Австралија
Армстронг го чека Контадор на Алпите
Ставрев суди во Ирска, Мечкаровски во Норвешка
Чоловиќ на Опен во Шпанија го подели 26. место
На младите кошаркарки не им бега фенерот