Број 3035  вторник, 14 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Армстронг го чека Контадор на Алпите

Изненаден од нападот на Шпанецот во деветтата етапа, Ленс се надева дека ќе му врати во планините

Седумкратниот победник на Тур де Франс, Ленс Армстронг, со нетрпение ги очекува алпските етапи откако загуби 21 секунда во однос на тимскиот колега од Астана, Алберто Контадор, во првиот планински финиш во рамките на 96. издание на најпрестижната велосипедска трка во светот.

„Ќе имаме повеќе можности таму за да видиме кој навистина е најсилниот“, им изјави Армстронг на репортерите по деветтата етапа во неделата.

Американскиот 37-годишен великан во овој спорт беше изненаден од бруталниот напад од Контадор на искачувањето до Аркалис во петокот, кој му донесе на Шпанецот предност од две секунди во однос на него во вкупниот поредок на заминувањето на трката од Пиринеите.

„Не би можел да кажам дека можев лесно да го следам, бидејќи тоа беше импресивен напад“, изјави Американецот, кој се врати на Тур де Франс по речиси четиригодишно отсуство откако се повлече од велосипедизмот. „Веројатно можев да тргнам по него, но немаше да биде коректно спрема колегите, па ги почекав, очекувајќи да забрзаат, а тие не го сторија тоа. Но, таков е животот, таков е велосипедизмот и јас морав да го направам вистинското нешто“.

Италијанецот Риналдо Ночентини ја носи жолтата маичка по девет извозени етапи од три неделната трка, на која вчера беше слободен ден. Контадор е шест секунди зад него, а Армстронг е трет.

Ривалството меѓу Армстронг и победникот на Тур де Франс 2007 би требало да кулминира в недела со планинскиот финиш во Вербие, Швајцарија. Контадор, кој е извонреден искачувач, со победите на Џиро, на Тур и на Вуелта покажа дека речиси и да нема ривали во планините. Но, Армстронг, освојувач на Тур де Франс од 1999 до 2005, има план.

„Мислам дека токму таму ќе биде решена трката. Комбинацијата од тие шест дена од Колмар па се' до врвот Венту ќе биде многу тешка“, очекува Тексашанецот.

Армстронг, кој никогаш не стигнал прв на Мон Венту, ќе има совршена можност да го обележи своето враќање на Тур де Франс во голем стил, имајќи предвиде дека финишот на таа планина е предвиден еден ден пред колоната да стигне на Шанзелизе.

„Ќе почекаме. Најтешката планина во Франција во основа е во последниот ден. Тоа не може да се заборави“, вели тој.

И покрај тоа што најголемиот дел од тешкотиите е групиран во последната седмица - Вербие, Венту, поединечен хронометар и тешка алпска етапа до Ле Гран Борнан, Армстронг се надева дека подготовката ќе му се исплати.

„Мојот план е да си го зголемам нивото во третата седмица. Се надевам на тоа. Нема гаранции, но се надевам“, додава Американецот.

Резултати од деветтата етапа: Пјерик Федриго (Франција/ББокс) 4:05,31 ч., Франко Пелиѕоти (Италија/Ликвигас) исто време, Оскар Фреире (Шпанија/Рабобанк) +34 сек. итн.

Вкупен поредок: Риналдо Ночентини (Италија/АГ2Р) 34:24,21 ч., Алберто Контадор (Шпанија) + 6 сек., Ленс Армстронг (САД/Астана) + 8 сек. итн.


Статијата е прочитана 183 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Големо враќање на Чешка во Дејвис купот
Мурињо- Анчелоти не ми е пријател, прашањата на новинарот се „педерски“
Ѓоргиоски- Подготвени сме за БА��Е Борисов
Во Белфаст по поправање на евробилансот
Фудбалски вести
Вебер нов спортски херој на Австралија
Ставрев суди во Ирска, Мечкаровски во Норвешка
Чоловиќ на Опен во Шпанија го подели 26. место
На младите кошаркарки не им бега фенерот
Нонковиќ го објави списокот за СП во ватерполо во Рим