Број 3035  вторник, 14 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Мурињо: Анчелоти не ми е пријател, прашањата на новинарот се „педерски“

Тренерот на Интер Жозе Мурињо ја одржа првата прес-конференција откако по одморот се врати на работа. Го даде своето мислење за Реал Мадрид, Карло Анчелоти и новиот тим на Интер.

„Реал Мадрид? Немам ништо специјално да кажам за нив. Тоа е клуб со добри играчи и ќе бидат под притисок. Јас лично не стравувам од нив, како што не стравувам ниту од било кој друг италијански тим“, порача Мурињо, кој на прашањето каков дефанзивец бара одговори: „Вашето прашање е помалку „педерско“. Мислите дали сакам синокос или со црни очи“, почна „специјалниот“ да се шегува со новинарите, за потоа да се пожали на големиот фонд играчи. „Сега имам 30 фудбалери. Играва се игра 11 против 11, па оттаму тоа што се случува на тренинзите не е позитивно. На играчите кои сакам да си заминат тоа им го кажав. Но денеска важни се само парите. Некои фудбалери преферираат да останат во тим каде тренерот не ги сака, отколку да заминат таму каде што ќе играат. Луис Хименез замина во Вест Хем и тоа е добро за него. Но другите се прават глуви, а јас морам да го почитувам законот и нивните договори“, откри Мурињо, кој сака да се поздрави со осум играчи, а да дојдат четири нови.

На крајот беше прашан за односот со Карло Анчелоти, со кого лани имаше лоша комуникација. „Анчелоти не е мој пријател. Само тоа ќе го кажам“, кратко коментираше Мурињо, кој смета дека е полесно да се биде тренер во Англија, бидејќи во Италија има 60 милиони тренери.

Ливерпул ќе ги прифати 35 млн. евра на Реал М. за Алонсо



Шпанските и англиските медиуми објавија дека трансферот на Чаби Алонсо во Реал М. е веќе завршена работа. Шпанецот, наводно, му се јавил на Рафаел Бенитез и побарал од него дозвола да замине. Вредноста на трансферот е 35 милиони евра, иако мадриѓаните пред еден месец нудеа и 40 милиони. Доколку се реализира преселбата ќе се исполни делумно желбата на новиот тренер Мануел Пелегрини, кој завчера изјави дека му е потребен играч од средниот ред и уште еден дефанзиец.


Статијата е прочитана 799 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Големо враќање на Чешка во Дејвис купот
Ѓоргиоски- Подготвени сме за БАТЕ Борисов
Во Белфаст по поправање на евробилансот
Фудбалски вести
Вебер нов спортски херој на Австралија
Армстронг го чека Контадор на Алпите
Ставрев суди во Ирска, Мечкаровски во Норвешка
Чоловиќ на Опен во Шпанија го подели 26. место
На младите кошаркарки не им бега фенерот
Нонковиќ го објави списокот за СП во ватерполо во Рим