Број 3035  вторник, 14 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Чоловиќ на Опен во Шпанија го подели 26. место

Македонскиот интермајстор Александар Чоловиќ (рејтинг 2441) заврши на делба од 26. до 46. место во конкуренција на 428 шахисти што учествуваа на 29. Опен „Вилја де Бенаске“ во Шпанија, со награден фонд од 25.000 евра. Чоловиќ освои 7,5 поени од 11 партии, забележувајќи шест победи, три нерешени и два пораза. Тој ги совлада Шпанците Мануел Монтиел (1964), Висенте Мартин (2095), Анхел Роче (2098), ФИДЕ-мајсторот Даниел Морено (2313) и Мартин Мадина (2253), како и Индиецот Хосла Шивен (2235), ремизира со Шалмали Гагаре (2135) од Индија, со велемајсторот Бранко Дамљановиќ од Србија (2551) и со ИМ Саша Каплан (2414) од Израел, а загуби од Колумбиецот Аугусто Кастано (2203) и од ВМ Едуардо Итуризага (2555) од Венецуела.

Победник на турнирот е Романецот Михаил Марин (2583), кому му припадна наградата од 4.000 евра и кој освои 9 поени, колку и ексрепрезентативецот на Македонија, Кирил Георгиев (2645) од Бугарија. (Р.Д.)


Статијата е прочитана 91 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Големо враќање на Чешка во Дејвис купот
Мурињо- Анчелоти не ми е пријател, прашањата на новинарот се „педерски“
Ѓоргиоски- Подготвени сме за БАТЕ Борисов
Во Белфаст по поправање на евробилансот
Фудбалски вести
Вебер нов спортски херој на Австралија
Армстронг го чека Контадор на Алпите
Ставрев суди во Ирска, Мечкаровски во Норвешка
На младите кошаркарки не им бега фенерот
Нонковиќ го објави списокот за СП во ватерполо во Рим