Број 3035  вторник, 14 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Во Белфаст по поправање на евробилансот

Работнички вечерва против Крусејдерс во Лига Европа во своето шесто учество во еврокуповите

Сашко Ѓ. Димовски

Фудбалерите на Работнички вечерва (20.45 ч.) во Белфаст ќе имаат можност да го запознаат анонимниот состав на Крусејдерс во воведниот меч од второто елиминациско коло во Лига Европа. Во престолнината на Северна Ирска „романтичарите“ заминаа без грам информации за противникот за кого беше страшно тешко да се дознае нешто повеќе. Како да се работи за тим од друга планета. Локалните медиуми не му посветуваат големо внимание на вечерашниот дуел освен вообичаените најави кои се сведуваат на блиц информации од оние што може да се прочитаат на летоци за секој поголем настан во Скопје од типот кога почнува настанот и кој гостува. Тоа доволно говори за очекувањата на тамошната јавност од нивниот Крусејдерс во двомечот со Работнички. Па, тренерот Стратев е принуден да го запознава противникот на лице место, па ја поведе екипата врз база на претпоставки, нагаѓања, шпекулации, за типот на игра што ја негува Крусејдерс, за играчкиот кадар, за евентуалните засилувања на северноирскиот претставник во ова натпреварување. Од достапните информации може да се види дека Крусејдерс е актуелен освојувач на купот на Северна Ирска и дека во подготвителниот период победи во сите три контролни средби со нисколигаши од кои може да се заклучи дека прима, но и постигнува, многу голови.

Според светски познатиот синџир на обложувалници „Вилијам Хил“, Работнички, важи за фаворит во дуелот со Крусејдерс, барем кога ќе се погледнат коефициентите. Победата на нашиот тим е оценета со 1,80, нерешениот исход „тежи“ 3,30, за победа на Крусејдерс квотата е 3,80. Но, тоа не треба да се зема здраво за готово. Релативно е и не мора ништо да значи како што е релативно и не мора ништо да значи што првиот меч се игра во Белфаст иако гледано во целина Работнички е во предност што ќе биде домаќин во реваншот.

Но, без оглед на се Работнички без сомнение е фаворит во двомечот со Крусејдерс. Ако се имаат предвид настапите на северноирските екипи во првото елиминациско коло во Лига Европа тогаш „романтичарите“ треба да ја прифатат фаворитската улога и сите дилеми да ги разрешат уште на гости. Во воведната рунда претставниците на Северна Ирска беа буквални збришани од нивните противници кои исто така не се звучни имиња. Пример е грузиски Зестафони кој го елиминира составот на Лисбурн со вкупен резултат 11:1 (во Белфаст беше 5:1, во реваншот 6:0). Слично мина и Линфилд во двомечот со Рандерс. Данскиот тим победи со 7:0, во првиот меч на гости Данците славеа со 4:0, на домашен терен со 3:0. За волја на вистината такво нешто не му се случило на еден наш претставник во европските фудбалски купови, па оттука Работнички не би требало да има проблеми со тотално непознатите „крстоносци“ од Белфаст.

На страната на Работнички е искуството, квалитетот и билансот во настапите на меѓународната сцена. Ова е шесто претставување на „романтичарите“ во Европа. Во досегашните пет учества одиграа вкупно 22 меча (квалификации за Лига на шампиони и квалификации за Куп УЕФА) и беа единствен достоен репрезент на македонскиот клупски фудбал надвор од границите на Македонија. Во нив забележаа 6 победи, 7 нерешени резултати и 9 порази и притоа постигнаа 23 гола, а примија 27. Крусејдерс, пак, досега одигра 18 евро натпревари во кои оствари само една победа, три реми и дури 14 порази со дебел минус во гол-разликата (10:58).


Статијата е прочитана 165 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Големо враќање на Чешка во Дејвис купот
Мурињо- Анчелоти не ми е пријател, прашањата на новинарот се „педерски“
Ѓоргиоски- Подготвени сме за БАТЕ Борисов
Фудбалски вести
Вебер нов спортски херој на Австралија
Армстронг го чека Контадор на Алпите
Ставрев суди во Ирска, Мечкаровски во Норвешка
Чоловиќ на Опен во Шпанија го подели 26. место
На младите кошаркарки не им бега фенерот
Нонковиќ го објави списокот за СП во ватерполо во Рим