На младите кошаркарки не им бега фенерот
На младите македонски кошаркарки им појде од прецизната рака да загубат и во вчерашниот „прв дуел на очајници“ против Австрија (62:68), во борбата од 9. до последното 11. место на ЕП до 20 години во Охрид. Во тој круг од три најслаби репрезентации на првенството влегува и Велика Британија со која играме денеска.
Инаку, вчерашниот противник Австрија исто како и Македонија редеше само порази во натпреварите по групи, па лажно се понадевавме дека барем неа ќе ја победиме. Или, како што кажа селекторот Александар Петровиќ, да стигнеме „до сатисфакција за она што досега го работевме со младите девојчиња“.
Ако претходните натпревари ги загубивме убедливо, овој со Австрија, рака на срце, се решаваше во последната четвртина, но како и во претходните мечеви играта се темелеше на две кошаркарки Тантуровска, која постигна 18 коша и Антиќ, која реализираше 17 поени. Василевска и Јаневска помогнаа со шест, односно девет коша. (Н.К.)
Македонија - Австрија 62:68
(19:23, 22:13, 10:15, 17:11)
Сала: „Билјанини Извори“, судии: Бањика (Романија), Ван ден Хувел (Холандија), Блједиќ (БиХ).
Македонија: Василевска 6, Јаневска 9, Иванова 0, Тантуровска 18, Антиќ 17, Догазанска 0, Митришановиќ 3, Божиновска 0, Крстаноска 0, Хоџа 3, Рајчиноска 2, Решкоска 4.
Австрија: Здерадичка 0, Хорти 6, Шлеинзер 0, Шварцингер 13, Бауер 0, Лазаревиќ 12, Такач 9, Де Лиув 3, Келер 0, Ричард 3, Копл 5, Шичер 17. |