Број 2871  четврток, 25 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Економија

НИС продаден на руски „Гаспром“ за 400 млн. евра

Владата на Србија и руски „Гаспром“ вчера потпишаа договор за продажба на Нафтената индустрија на Србија (НИС) на оваа компанија, за 400 милиони евра. Како што јавуваат српски медиуми, со договорот се опфатени и документите за изградба на гасоводот „Јужен поток“, како и на складиште за гас во Банатски Двор.

Претседателите на Србија и на Русија, Борис Тадиќ и Дмитриј Медведев, потпишале заедничка изјава, што ќе биде политичка гаранција дека Србија ќе добие дел од гасоводот „Јужен поток“ и дека ќе биде завршено подземното складиште на гас во Банатски Двор.

Тадиќ и Медведев, пред потпишувањето на договорот за енергетска соработка, оцениле дека аранжманот е основа за енергетската стабилност на двете земји. „Енергетската соработка на двете земји во исто време е основа за создавање енергетска стабилност на Србија, но и на целиот регион“, рече Медведев. Шефот на руската држава оценил дека односите меѓу Белград и Москва добро се развиваат и изразил надеж дека економската соработка во иднина ќе биде поинтензивна. (Според агенциите)


Статијата е прочитана 182 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Владините мерки не се Библија, порачува „Макстил“
И Русите ги откажуваат инвестициите
Може да останеме без зелените пазари
Први лиценци за поштенските компании
Власта бара нов кредит од 50 милиони евра за патиштата
За избегнати царински давачки 160 кривични пријави
За фармерите по наместо 2,5 денари 4 за литар млеко
Старо-нов одбор на директори на Берзата
Словенија со клуч за странските работници
Четири нови експозитури на Охридска банка
Хипо прва во Австрија ќе добие државна помош