Број 2871  четврток, 25 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Економија

Владините мерки не се Библија, порачува „Макстил“


Плаќаме највисоки цени на енергијата, се жали Минчо Јорданов

Мерките против кризата треба да се приспособуваат во зависност од состојбите во економијата

Мирче Јовановски

Владините мерки за надминување на последиците од економската криза не треба да се третираат како Библија, туку потребно е нивно приспособување во зависност од интензитетот на кризата. Ова вчера го порача Минчо Јорданов, прв човек на скопски „Макстил“, инаку најголем нето-извозник од Македонија. Компанијата годинава ќе ја заврши успешно, и од аспект на добивката и со обемот на производство, но последиците од кризата веќе се чувствуваат во последниот квартал од годинава, иако, поради принципот да работи за крајни купувачи, пласманот е обезбеден до април - мај идната година. За ова придонеле постојаните инвестиции што и' овозможиле на компанијата да оствари значајни заштеди.

„Ние сме една од ретките компании во Европа што работат со над 90 отсто од капацитетите“, се пофали Јорданов на традиционалната средба со новинарите. За споредба, европските железарници работат со 40-50 проценти намален капацитет, а во Украина дури и со намалување од 70 проценти. Сепак, Јорданов смета дека непочитувањето на Националната програма неповолно се одразува врз челичната индустрија, што особено доаѓа до израз во кризни времиња како сега.

„Сметаме дека ќе ја поминеме кризата, затоа што благовремено водевме соодветна инвестициска политика, со што суштествено ги намаливме трошоците. Но, и со ваква политика ситуацијата е многу тешка со оглед на тоа што не се спроведува Националната програма за челичната индустрија. Тоа не е програма за давање бенефиции, туку принципи што се користени во ЕУ за консолидација и за работење на челичната индустрија“, истакна Јорданов, додавајќи дека програмата се однесува на 6-7 фирми во Македонија, односно, покрај „Макстил“, и на „Арцелор Митал“, ИГМ, ФЗЦ „11 Октомври“ и „Николферт“. „Неправедно сме паднати во тешка ситуација“, тврди Јорданов. Според него, цената на енергијата за челичната индустрија кај нас е за 50 отсто повисока од онаа во Европа. „Цената на гасот е драматични 420 евра за илјада кубни метри, што е за 50 отсто повеќе од европската, а да не зборуваме за онаа што ја плаќаат руските, бугарските и украинските фирми. Сето тоа ако се собере на ниво на една година, за „Макстил“ значи околу 20 милиони евра, односно 50 евра по тон“, вели Јорданов, додавајќи дека тоа ниво на цените е неоправдано. Тој посочи дека фабриките треба да работат во континуитет и да не се затвораат кога има проблеми, туку да работат со мала продуктивност и профитабилност, а кога ќе остварат големи профити, да инвестираат во натамошниот развој. „Владите треба да создадат нормални пазарни услови, особено за фирмите од челичната индустрија“, истакна првиот човек на „Макстил“. Притоа, тој објаснува дека кога има варијации на пазарите, фирмите не треба да се затвораат, туку целта на програмата е да им се овозможи подобра бизнис-клима, преку економски цени на енергијата и на транспортот.

За изнаоѓање соодветни решенија тој предлага дијалог со Владата и со Синдикатот. „Мерките што ги објави Владата можеби 30 отсто се ефективни за нас. Најпозитивно ќе биде ако Владата го прифати принципот што го прифатија и повеќе светски влади, а тоа е ’проби и грешки‘. Да не кажеме дека мерките се Библија и не може да се менуваат. Како што ќе се развива кризата, мерките треба да се коригираат и да се приспособуваат“, сугерира Јорданов, при што додава дека предлозите на Стопанската комора на Македонија се меѓу мерките кои можат да придонесат да се санираат последиците од кризата. „Притоа, треба исклучително да се внимава каде и за што ќе се потрошат парите“, вели Јорданов.

Виталноста на „Макстил“ Јорданов ја објасни со политиката на инвестирање. Последниот чекор во таа насока беше неодамна земениот кредит од Стопанска банка, кој веќе во значајна мера е реализиран, а целосно треба да се искористи до јуни идната година. Првите ефекти веќе се видливи: од првата инвестиција што е во пробно производство веќе има заштеди од 20 до 25 отсто, односно потрошувачката на гас е намалена за значајни 1,5-1,8 милиони евра годишно. „Ќе речете дека тоа што го изгубивме со кризата се компензира со овие заштеди, но кредитот треба да се враќа, а и цените на нашите производи не се на ниво што беа, бидејќи се пониски за речиси 40 отсто, односно ако продававме за 800-850 евра, сега продаваме за 650 евра“, вели Јорданов.


Статијата е прочитана 320 пати.

Испрати коментар

Од: зоран87
Датум: 25.12.2008 02:59:13
мерките на владата се доста солидни и оправдани да се намалат штетните последици од глобалната економска криза, секако во иднина ќе бидат превземени и нови мерки доколку е тоа потребно.сигурен сум дека владата нема да дозволи поголеми нарушувања во националната економија, напротив ќе го стимулира нејзиниот раст
Од: commanddevil
Датум: 25.12.2008 14:37:20
zarem gubenjeto na del od bogatstvata sto gi steknavte vie tajkuni vi se malku pa sega nie gragjanite treba da odvajame od nas dzep za da gi nadopolnuvame vasite zagubi? zarem ne viknavte koga uzivavte vo steknatite bogatstva? ako ne ste sposobni da go odrzuvate biznisot-a izgleda ne ste...propadnete.zarem gragjanite da vi platat za struja voda ,za smetki ..a vie samo da kasirete kesh ...ne biva..ne ne vikavte koga se jadese medot ,,ne ne vikajte ni koga se jadat laj...ata.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
И Русите ги откажуваат инвестициите
Може да останеме без зелените пазари
Први лиценци за поштенските компании
Власта бара нов кредит од 50 милиони евра за патиштата
За избегнати царински давачки 160 кривични пријави
За фармерите по наместо 2,5 денари 4 за литар млеко
Старо-нов одбор на директори на Берзата
НИС продаден на руски „Гаспром“ за 400 млн. евра
Словенија со клуч за странските работници
Четири нови експозитури на Охридска банка
Хипо прва во Австрија ќе добие државна помош