Први лиценци за поштенските компании
Регулаторното тело за поштенски сообраќај Агенцијата за пошти вчера на "Македонска пошта" и' ја додели првата дозвола за вршење универзални поштенски услуги (УПУ), а на операторите „Деливери експрес“, „Глобко логистик“, „Карго експрес“, „ДХЛ експрес Македонија“, „Ин тајм МК БПС“, „Бијан шпед“ и „РСЕ оптима вите“ лиценци за обезбедување поштенски услуги што се вршат на слободниот поштенски пазар. Давателите на поштенски услуги ги добиваат лиценците за период од пет години. Тие ќе плаќаат надомест од вкупниот приход . (МИА) |