Словенија со клуч за странските работници
Љубљана - Словенечкиот економско-социјален совет донел одлука да ја намали годишната квота за вработување странски работници во државата. Таа одлука треба да ја потврди и Владата, со што идната година Словенија би издала најмногу 24.000 работни дозволи за странските работници, од кои најголемиот број се од просторот на поранешна Југославија. Од 24.000 дозволи, 10.300 би биле наменети за сезонските работници.
Мотивот за редукција на бројот на странски работници е помалиот економски раст, кој ќе има влијание и на пазарот на трудот. Учеството на странските работници на словенечкиот пазар на трудот би било намалено за една четвртина. Квотата за работни дозволи за странци оваа година изнесуваше 32.000 и не беше искористена, затоа што биле издадени само 27.000 работни дозволи. (Макфакс) |