Македонија е високо позиционирана меѓу државите во Европа според учеството ��а возрасната популација што соработува со банките. Осум од десет возрасни граѓани во Македонија соработуваат со некоја банка, а соработката во изминатите две години со нивната банка ја оценуваат на релативно високо ниво.
Ова го покажува полугодишното истражување на ГФК на банкарскиот пазар во Македониј��, според кое, најголемиот број клиенти соработуваат само со една банка. Сепак, повеќе од една третина клиенти соработуваат со две или со повеќе банки.
Во октомври минатата година 32 отсто од корисниците на банкарски производи и услуги користеле две или повеќе банки, додека во април 2010 година овој процент изнесувал 36 отсто, што укажува дека на банкарскиот пазар корисниците се' повеќе избираат различни банкарски производи и услуги во повеќе банки.
Во однос на задоволството, истражувањето покажува дека е забележан благ пад во април годинава во однос на истражувањето спроведено во октомври 2009 година, што може да е предизвикано од кризата и од затегнатите критериуми на банките во изминатиот период. Просечното задоволство во април годинава изнесуваше 4,23 поени, на скала од 1 до 5, додека во април 2008 година овој индекс изнесуваше 4,07. (Ек.Р.)
Сакале неќеле живееме живот на вересија. Затоа сме приморани да „соработуваме“ со легалните лихвари, пардон „банки“. Соработката се сведува на потпишување разни договори во кои ние луѓето се согласуваме „банките“ да ни ја дерат кожата колку што сакаат и за да би можеле господата банкари да остваруваат енормни профити и живеат лагодно на наш грб.
Од: Pance
Датум: 03.09.2010 08:48:00
i na kraj za kogo rabotime? Rabotime za bankite. Taka e ustroen sistemot vo svetot od obicno parce hartija se pravi vrednost koja se vrakja duplo odnosno troduplo za pozajmenoto na bankite, se dodeka ne te iscedat, zemas kredit za razvoj ti davat prostor malku da se pomacis ne uspevas i posle ti zemat se, vrednosta ja predavat na druga stranka spremna da zaglavi.
Од: emilija
Датум: 03.09.2010 10:29:15
bankarite koi sedat na salter po &à saati vo denot nemaat nikakov profit od toa! profesijata bankar vo mk voopshto ne kotira na visoko nivo so ogled na toa deka prosecnata bankarska plata iznesuva 20 000 mkd! napravete sopredba..... profitot go nosat bankite vo stranskite kuki pod cie zakrilo se.... pa zaprashajte se dali imame makedoska banka vo mk?