Број 3374  петок, 03 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Економија

Газдите продаваат дел од имотот, „Оне“ демантира

Дали телекомуникациската компанија „Оне“ ќе остане без дел од своите продажни објекти во Македонија? Оваа недоумица и дилема во јавноста ја отвори словенечкиот весник „Финанце“, кој објави дека таа можност е наметната како еден од начините директорот на „Телеком Словенија“, Ивица Крањчевиќ, на крајот од годината да се пофали со подобри резултати од работењето во земјава.

Од „Оне“ овие информации ги квалификуваат како чисти шпекулации. „Направена е консолидација и оптимализација во продажната мрежа на компанијата, со цел да бидеме подостапни до корисниците“, велат од оваа компанија.

Според весникот „Финанце“, Крањчевиќ ќе продаде дел од продавниците на ГСМ-продажната мрежа на „Оне то оне“. Од „Телеком Словенија“ не ја негирале продажбата на продавниците на „Оне“ во Македонија.

„Супервизори на ’Телеком Словенија‘ имаат намера повеќе внимание да му посветат на работењето во Македонија, каде што од месец во месец се кумулираат загуби. Ако не се случи нешто добро, очигледно може да се случи во националниот телекомуникациски оператор оваа зима да бараат нов шеф“, се наведува во анализата на словенечкиот економски весник.

„’Телеком‘ ќе ја затвори ’Оне то оне‘, компанија за продажни услуги на операторот ’Оне‘, и со тоа ’ќе го оптимизира своето работење‘“, пренесува весникот.

„Клучните продажни места, ’Оне то Оне‘ имаат 66 продавници, кои ќе бидат вклучени во македонската матична компанија ’Оне‘, со цел да ги зајакнат франшизните продажни канали. Се молчи за тоа колку средства се очекува да се добијат од продажбата на дел од продавниците. Инаку, бројот на корисници на ’Оне‘ во Македонија годинава, споредено со истиот период лани, се намалил од 423.553, на 412.072“, објавува „Финанце“.

И покрај тоа што бројот на претплатници расте, во компанијата признале дека учеството на припејд-корисниците се намалувал. „Телеком Словенија“ во Македонија во првата половина од годинава имал вкупно 542.436 корисници на различни услуги, што е за 4,2 отсто повеќе од истиот период лани, а мобилни претплатници има за 5 отсто повеќе. „По преземањето, ’Оне‘ им е препуштен на некои локални експерти за информатичка технологија. Сега таму ’Телеком‘ очигледно има проблеми во системот за пресметување на повиците“, информира весникот. Во него се додава дека од „Телеком Словенија“ истакнале дека бројот на вработени во трите македонски компании („Оне“, „Оне то Оне“ и „Он.нет“) е намален за 70 луѓе, на 127 вработени, но во светлина на оптимизација на работењето. „Информатичкиот систем, кој беше употребуван од ’Космофон‘, не ги исполнува нашите стандарди и затоа доцни процесот на обновување, кој се очекува да заврши до крајот на годинава“, било објаснувањето од компанијата.

„Телеком Словенија“, наводно, имал проблеми со здружувањето на компаниите во Македонија.

Инаку, Ивица Крањчевиќ, пред преземањето на функцијата во „Телеком Словенија“, беше партнер на компанијата „Вафер“, преку која вршел технички преглед на македонската компанија „Оне“. (А.С.)


#
Статијата е прочитана 1386 пати.

Испрати коментар

Од: jean luc picard
Датум: 03.09.2010 01:39:03
не сум корисник на ONE (фала Богу!), но од она што редовно го читам по разно разни форуми е дека нивните корисници се најнезадоволни од сите од услугата, љубезноста, цените, скриените трошоци, итн. Ако веќе решиле да направат „консолидација и оптимализација“, тоа треба да го направат прво во тие сегменти. Џабе затвараат продажни места ако се' друго остане по старо. Дајте им екстра поволна понуда и перфектна услуга на луѓето и тие сами ќе си дојдат.
Од: Dime
Датум: 03.09.2010 11:41:29
Pa nemoze ako dodeka bese cosmofon imam edna tarifa a od koga dojde one mi nudat polosa za da go prodolzam dogovorot! Ednostavno ova i go ocekuvav

Најди! во Утрински
Економија
Стари коли веќе не се толку барана стока - цените ќе паѓаат
Печалбарите не' спасуваат, а никој не ги есапи
Ќе има доволно пиперки за ајвар
Екстра-квота дозволи за нашите превозници
Русија малку ја подотвори вратата за извоз на жито
Словенечки „Триглав“ со поголем профит од лани
ММФ
Банките како судбина
Европската економија порасна за 1,9 отсто во вториот квартал
Граѓаните побрзаа да ја платат струјата на рати
Растат профитите на српските банки